Таџурски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Таџурски Залив
الخليج للدمار
Badda Tajuura
Locatie Golf van Tadjoura.PNG
Таџурскиот Залив во рамките на регионот
Сливни земји  Џибути
 Сомалија
Најг. должина 64 км
Најг. ширина 26 км
Површина &100000000000000019199991.920 км2
Прос. длабочина -1.078 м
Соленост 3,6–3,7%
Најг. температура 31°C
Најм. температура 26°C
Острови Муша, Маскали, Абу Маја, Варамус
Населени места Џибути Џибути, Таџура, Сагало, Обок и Лојада
Сомалија Лавјакадо

Таџурски Залив (арапски: خليج تدجورا, сомалиски: Badda Tajuura) — залив кај Африканскиот Рог во Источна Африка, сместен е помеѓу протокот Баб-ел-Мандеб кон Црвеното Море и Аденскиот Залив кон Арапското Море и Индискиот Океан. Изобилува со риби, пространи корални гребени и голем фонд на бисерни остриги. Брегот во најголема мера се протега во Џибути, а Сомалија има мал излез во јужниот дел на заливот.

Други морски живеалишта во заливот се морските треви, солниците и мангровите.

Историја[уреди | уреди извор]

Во август 1840 г. е склучен договорот за пријателство и трговија помеѓу султанот Мухамед бин Мухамед и командантот Роберт Морсби од индиската морнарица, со кој островот Муша е продаден на Британија за десет вреќи ориз. Во 1887 г. Британците им го отстапиле островот на Французите, признавајќи го француското влијание во заливот, а за возврат Франција се откажала од Зајла и околните острови.

Географија[уреди | уреди извор]

Сателитска снимка на Таџурскиот Залив

Заливот зафаќа површина од 347 км2. Долг е (од Сагало до Обок) 64 км, а широк околу 26 км. За разлика од соседните водни површини, самиот Таџурски Залив е релативно плиток, со наклонети брегови. Брегот изобилува со песочни дини и наместа со палми. Крајбрежните води на север се порамни и плитки. Водата е секогаш топла, што се должи на климата и плиткоста на заливот; најтопла е во јули, со просек од 32 °C, а најстудена во јануари, со просек од 26 °C[1].

Во пристапниот дел од заливот се среќаваат островите Муша и Маскали. Долниот дел е одвоен со потесен копнен дел наречен Губет-ел-Хараб и Асалското Езеро (54 км2). Во далечното минато, заливот го опфаќал и подрачјето на Асалското Езеро, кое денес е околу 155 метри под морското ниво.

Опфат[уреди | уреди извор]

Заливот се протега во рамките на следниве граници:

на исток — западниот крај на Аденскиот Залив (линија од Обок до Лавјакадо).
на запад — меридијанот на Губет-ел-Хараб.

Острови[уреди | уреди извор]

Заливот има поголем број мали острови, од кои најголем е Муша. Островите сепак имаат историска важност во колонијалните активности на Франција и Британија.

Жив свет[уреди | уреди извор]

Живиот свет во Таџускиот Залив е разновиден и посебен, што се должи на неговата географска положба. Многу животински и растителни видови во заливот се на работ на изумирање или во значителна опасност. Од особено значење се коралите и морските крави.

Население[уреди | уреди извор]

Крајбрежјето на заливот е многу погусто населено во џибутскиот отколку во сомалискиот дел. Поважни населени места се следниве:

 Џибути

 Сомалија

Туризам[уреди | уреди извор]

Брег на Таџурскиот Залив

Таџурскиот Залив е едно од најважните туристички места во Џибути, со 40% од посетителството во земјата. Најпосетени се градовите Обок и Таџура. Со своите корални гребени, заливот ужива популарност меѓу нуркачите, кои покажуваат особен интерес за нуркање со китови-ајкули.

Околу Таџура се протега планинскииот венец Года (1.700 м). Помеѓу градовите сообраќаат и траекти.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]