Дејвисов Проток

Дејвисов Проток (англиски: Davis Strait, дански: Davisstrædet француски: Détroit de Davis) — северен крак на Лабрадорското Море, сместен меѓу среднозападен Гренланд и Бафиновата Земја (Нунавут, Канада). Протокот го носи името на англискиот истражувач Џон Дејвис (1550–1605), кој прв се нашол во ова подрачје барајќи „Северозападен Премин“.
Граници
[уреди | уреди извор]Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Дејвисовиот Проток се следниве:[1]
На север: јужниот крај на Бафиновиот Залив [напоредникот 70° СГШ помеѓу Гренланд и Бафинова Земја].
На исток: југозападното крајбрежје на Гренланд.
На југ: напоредникот 60° СГШ помеѓу Гренланд и Лабрадор.
На запад: источниот крај на северозападните премини јужно од 70° СГШ [источното крајбрежје на Бафинова Земја до нејзиниот југоисточен крај Ист Блаф] и Хандсоновиот Проток [линија од Ист Блаф, (61°53′N 65°57′W / 61.883°N 65.950°W), до ‘ртот Меридијан, западниот крај на Долните Севиџови Острови, долж крајбрежјето, па до југозападниот крај, а оттаму линија низ западниот крај на островот Резолушн, преку југозападниот брег, па до ‘ртот Хатон (јужниот крај), па оттука линија до ‘ртот Чидли, Лабрадор (60°24′N 64°26′W / 60.400°N 64.433°W)].
Геологија
[уреди | уреди извор]
Прптокот има сложени геолошки особености грабени (басени) и сртови, веројатно созададени со ударното раседнување за време на палеогенот (пред 45-62 милиони години). Ова раседнување предизвикало придвижување на плочите во Лабрадорското Море и Бафиновиот Залив. Затоа, ова е најширокиот проток на светот.
Длабочина
[уреди | уреди извор]Длабочината на протокот се движи од 1000-2000 м, и со тоа е значително поплиток од Лабрадорското Море на југ и Бафновиот Залив на север.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитски снимки на Дејвисовиот Проток (јуни 2005) - MODIS (англиски)
|