Јаванско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположбата на Јаванското Море

Јаванското море е дел од Тихиот Океан и има површина од 310,000 километри квадратни. Се наоѓа помеѓу островот Борнео на север, островот Јава на југ, Суматра на запад и Сулавеси на исток. На северозапад, преку теснецот Каримата е поврзан со Јужното Кинеско Море. Робловот е важна економска активност во Јаванското Море, во кое живеат преку 3000 видови морски животни. Јаванското Море е и популарна туристичка дестинација, особено за нуркањето. Во текот на Втората светска војна, во февруари и март 1942, во ова море се одвивала поморска битка. Силите на Холандија, Велика Британија, Австралија и САД, скоро и да биле уништени во обидот да ја заштитат Јава од јапонските напади.