Лазарево Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лазаревото Море како дел од Јужниот Океан
Аделие пингвини близу до Новолазаревската Станица

Лазаревoто Море било предложено име за маргинално море во Јужниот Океан. Тоа би требало да се граничи со два предлога од нацртот на Меѓународната Хидрографска Организација (МХО) од 2002 година, и тоа со морето на кралот Хаакон VII на запад и морето Риизер-Ларсен на исток, или помеѓу главниот меридијан од 0 ° и 14 ° ИГД. Тоа треба да се протега на површина од 929.000 км2.

Морето Лазарев било именувано во 1962 година, од страна на советската антарктичка експедиција, во чест на рускиот адмирал Михаил Лазарев (1788-1851), кој во 1820 година со Фабијан Готлиб фон Беллингсхаузен го открил копното на Антарктикот. Нацртот на МХО од 2002 година никогаш не бил одобрен од страна на МХО (или било која друга организација), а документот на МХО од 1953 година (кој не го содржел ова име) останува моментално во сила. Водечките географски власти и атласи не го користат името, вклучувајќи го и 10-тото издание на Светскиот атлас на Националното Географско Друштво од Соединетите Американски Држави од 2014 година, како и и 12-тото издание на Атласот на светот од Британискиот Тајмс од 2014 година. Но мапите на советската и руската држава го користат името.

Преовладувачката длабочина на водите тука е 3.000 m (9.800 стапки), а максималната длабочина надминува 4.500 м. Се протега на површина од 929.000 км2.

На југ од морето Лазарев лежи брегот на принцезата Астрид од земјата на Кралицата Меуд.