Линколново Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Линколново Море
Lincoln Sea map.png
Мапа на Линколновото Море
Координати83°N 58°W / 83° СГШ; 58° ЗГД / 83; -58Координати: 83°N 58°W / 83° СГШ; 58° ЗГД / 83; -58
ВидМоре
Сливни земјиКанада и Гренланд
Површина&1000000000006400000000064.000 км2
Прос. длабочина257 м (843 ст) м
Зафатнина16,000 km3 (1.3×1010 acre•ft) км3
ЗамрзнатоСкоро цела година

Линколновото Море е водена маса во Арктичкиот Океан, кое се протега од Кејп Колумбија, Канада на запад, па до Кејп Морис Џесап, Гренланд, на исток. Северната граница е дефинирана како голема кружна линија помеѓу овие две главни земјишта. Тоа е покриено со морски мраз во текот на целата годината, најдебелиот морски мраз во Арктичкиот океан, кој може да биде дебел до 15 метри (49 стапки). Длабочината на водата се движи од 100 метри (330 стапки) до 300 метри (980 стапки). Водата и мразот од Линколновото Море, поголемиот дел од времето, се празнат во каналот Робисон, најсеверниот дел од теснецот Нерис.

Морето го добило името според Роберт Тод Линколн, тогашниот американски секретар за војна, во експедицијата на Адолфус В. Грили на Арктикот од 1881-1884, во заливот Лејди Френклин.

Алерт, најсеверната станица на Канада, е единственото населено место на брегот на Линколновото Море.

Водената маса, источно од Линколновото Море (источно од Кејп Морис Џесап), е Ванделовото Море.

Струи и циркулација на океанот[уреди | уреди извор]

Океанографските мерења на Линколновото море биле невозможни, поради тешките временски услови со мраз, кои траат скоро во текот на целата година. Пред 80-тите години, можеле да се земат примероци само преку авиони со низок лет и теренски набљудувања од ледените острови; тие не скитале подалеку од бреговите на Гренланд и Канадскиот арктички архипелаг поради суровата околина. Помеѓу 1989 и 1994 година, во тек биле теренски експерименти од Проектот Спинеикер, кои вклучувале инструменти што ја измериле температурата и соленоста на водата, во срцето на Линколновото Море. Земени источно од местото каде што северно американскиот континент се сече со гребенот Ломоносов, овие набљудувања ги откриле океанографските карактеристики и моменталните формации во и околу Линколновото Море.

По должината на континенталните маргини на басенот на Арктичкиот Океан, тесни гранични струи се претпоставува дека сместиле интензивна голема адвертација (пренос на топлина или материја со проток на флуидот), која е критична за општата циркулација на арктичките води. Од Беринговиот теснец, водите на Тихиот Океан се движат спротивно од стрелките на часовникот (циклонично) по должината на северните брегови на Канада, поминувајќи низ Линколновото море. Водите на Атлантскиот Океан циклонично течат кон и се враќаат во Евроазискиот басен по должната на континенталниот наклон на Гренландското море. Водите на овие басени се спојуваат во Линколновото Море, создавајќи тука уникатни вертикални температури и профили на салинитет. Мерењата даваат целосна информација, дека профилите на водите и на Пацифичкиот океан и на Јужниот Океан се јасно раздвоени еден од друг, важен аспект на хидрографијата на Линколновото Море.

Било откриено дека Линколновото Море содржи вода со три различни својства. Првата вода се однесува на водата од внатрешниот дел на гребенот на Линколновото Море, каде што профилите на температура и салинитет се зголемуваат од површината кон морското дно. Втората вода вклучува вода која го покрива надворешниот дел од гребенот, вклучувајќи го и наклонот; водите тука имаат карактеристики слични на оние од канадскиот басен, така што не се разликуваат од оние од Пацификот. Третата вода ги вклучува водите северно од наклонот на гребенот. Овие води се прошируваат во големата циркулацијата во Арктичкиот басен, па затоа нивните карактеристики изгледа дека се менуваат во однос на оние што се наоѓаат во Евроазискиот басен.

По должината на континенталните маргини на басенот на Арктичкиот Океан, тесни гранични струи се претпоставува дека сместиле интензивна голема адвертација (пренос на топлина или материја со проток на флуидот), која е критична за општата циркулација на арктичките води. Една од овие гранични струи е сместена по должината на раб на наклонот од гребенот на Линколновото Море, помеѓу основата и прекинот на гребенот на приближно 1600 метри. Јачината на струјата е 5-6 cm/s, според долгорочните мерења. Под претпоставка дека има подводната струја со просечна јачина од 4 cm/s и димензии 50 км во должина и 1000 м во длабочина, транспортот што се пренесува преку наклонот на гребенот од Линколновото Море би требало да биде 2 Свердрупа, каде што 1 Свердруп изнесува 106 m3/s. Мерењата откриваат дека оваа подводна струја има слични карактеристики како онаа што се наоѓа во Бофоровото море, чии што гранични струи се одговорни за големите адвертации во циркулацијата на Арктикот. Поради ова взаемно океанографско однесување, било утврдено дека подводните струи во Линколновото море постојано течат и се компонента од граничниот систем на струи што се протега помеѓу Алјаска и Гренланд, по должината на северните брегови на канадскиот архипелаг.

Морски мраз[уреди | уреди извор]

Во Мај 2004 и 2005 година, електромагнетните мерења од хеликоптерите направиле увид во дебелината на морскиот мраз во Линколновото море и околните води. Повеќегодишен мраз со дебелина помеѓу 3,9 и 4,2 м, доминира јужно од 84°N. Едногодишниот мраз, со дебелина помеѓу 0,9 и 2,2 m, укажува на повторно смрзнување на Линколн Полиниа мразот. Овие хеликоптерски мерења се согласуваат со сателитските радарски слики, како и со електромагнетните набљудувања од земјата. Пловечките маркери се изложени на пловење кон југ на морскиот мраз кон островот Елсмер и теснецот Нерис. Било заклучено дека прекинувањето на тесната гранична струја во Линколновото Море игра важна улога во менувањето и отстранувањето на морскиот мраз од арктичкиот регион.

Поголемиот дел од експортот на морскиот мраз се одвива преку источните рабови на циркулацијата на Арктичкиот океан, близу Гренланд, преку теснецот Фрем. Најпрво било претпоставено дека експортот на морски мраз преку канадскиот архипелаг е нула, но тоа не бил случај. Линколновото море содржи многу дебел повеќегодишен морски мраз, и така се сметало дека е стационарен, поради очигледниот недостаток на излези кон океанот. Сепак, според канадската студија за морски мраз, површина од приближно 22500 km2 со повеќегодишен морски мраз, секоја година, се одведува преку теснецот Нерис. За време на зимата на Северната хемисфера, површина од околу 225 km се преобликува во мраз, што резултира со 335 km2 вкупна дренажа на морски мраз. Иако ова претставува само еден од многуте патишта од басенот на Арктичкиот Океан до канадскиот архипелаг, "... оваа [целосна дренажа] е од редот на големина помала од онаа на флуксот на морски мраз што поминува низ теснецот Фрем"].

Спор[уреди | уреди извор]

Се појавило несогласување за околу 200 квадратни километри од Линколновото море по 1973 година, кога Канада и Данска потпишале договор, со кој се утврдила крајбрежната границата северно од канадскиот остров Елсмер и Дански-контролираниот Гренланд, но останал дел од тој договор недефиниран.

Од гледна точка на Канада, точката на фокусирање во спорот околу Линколновото Море било приклучувањето на малиот остров Бумонт кон Данска (да не се меша со островот Бумонт од западниот брег на Грехам Ленд, Антарктик) на северозападниот брег на Гренланд при пресметувањето на границата. Границата во тој регион е определена по принципот на "еквидистанта", принцип кој исцртува линијата на половина пат помеѓу точките по должина на крјабрежјето од секоја земја. Канада, во основа тврдела дека, "карпата" Бумонт кој ѕиркала надвор од брановите, е премногу незначителна за да биде користена од Гренланд, за да помогне да се утврди меѓународната граница.

Сепак, ова прашање не привлекува голем публицитет во канадско-данските односи.

Проширување[уреди | уреди извор]

Меѓународната хидрографска организација ги дефинира границите на Линколновото Море како што следува:

На Север. Кејп Колумбија до Кејп Морис Џесап (Гренланд).

На Југ. Кејп Колумбија преку североисточниот брег на островот Елсмер до Кејп Шеридан до Кејп Брајант (Гренланд) преку Гренланд до Кејп Морис Џесап.