Гренландско Море

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гренландско Море
Iceberg, Greenland Sea (js)1.jpg
Сливни земји Гренланд, Исланд, Норвешка
Површина &100000000012050000000001.205.000 км²
Прос. длабочина 1444 м
Макс. длабочина 4846 км
Зафатнина 1747250 км³
Наводи [1][2]

Збиено меѓу Арктичкиот Басен на север и Атлантскиот Океан на југ, Гренландското Море е важно место за размена на вода од различни краишта во рамките на глобалниот систем на кружење на океанската слатка вода. Постојана струја на топла и солена атлантска вода тече кон север низ источниот дел на морето во Арктичкиот Басен. Истовремено огормни количества плитка слатка вода и лед се движат јужно кон протокот Фрам меѓу Гренланд и Свалбард и низ западниот дел на морето носени со Источногренландската струја. Температурата на таа вода се менува под влијание на студените атлантски води и топењето на арктичките лед. Во двата случаи, водата тоне на морското дно кога ќе се најде помалку густи водни маси. Ледот, што од ноември до јули покрива најголем дел од морето се состои од маса на натрупан арктички лед што се создава таму и од ледените брегови. Површинските температури се движат од -1 степен под нулата, на север во февруари до плус шест степени, на југ во август. Умерено густиот разновиден планктон се развива во Гренландското Море за време на пролетта и летото.

Наводи[уреди]