Лигурско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на Лигурското Море и неговите граници

Лигурското Море (итал. Mar Ligure; фр. Mer Ligurienne) е ракав на Средоземното Море, помеѓу Италијанската Ривиера (Лигурија и Тоскана) и островите Корзика и Елба. Именувано е по древниот народ Лигури.

Географија[уреди | уреди извор]

Морето копнено се граничи со Италија, Франција и Монако. На исток се граничи со Тиренското Море, а на запад со главнината на Средоземното Море. Најважен град во областа е Џенова. Северозападното крајбрежје е познато по живописниот пејзаж и пријатната клима.

Најсеверниот дел од морето го зафаќа Џеновскиот Залив. Во источниот дел се влева реката Арно, како и многу други реки што извираат од Апенините. На карпестото крајбрежје се сместени пристанишните градови Џенова, Ла Специја и Ливорно. Достигнува длабочина од 2.850 m (северозападно од Корзика).

Водната површина што ја дели Корзика од италијанското копно се нарекува Корзинански Проток. Протокот е широк околу 80 km и го двои Лигурското од Тиренското Море.

Граници[уреди | уреди извор]

Според Меѓународната хидрографска организација, Лигурското Море ги има следниве граници:[1]

На југозапад: Линија од ‘ртот Корс во северна Корзика (9°23' ИГД) до границата помеѓу Франција и Италија (7°31' ИГД).

На југоисток: Линија од ‘ртот Корс до островот Тинето (44°01′N 9°51′E / 44.017° СГШ; 9.850° ИГД / 44.017; 9.850) и потоа преку островите Тино и Палмарија до ‘ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E / 44.050° СГШ; 9.833° ИГД / 44.050; 9.833) на италијанското крајбрежје.

На север: Лигурското крајбрежје на Италија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Граници на океаните и морињата. III издание" (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. конс. 7 февруари 2010.  (англиски)

Координати: 43°29′54″N 9°02′30″E / 43.49833° СГШ; 9.04167° ИГД / 43.49833; 9.04167