Корзика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Корзика
Corse
Знаме на Корзика
Знаме
Лого на Корзика
Амблем
Corse in France.svg
Земја Франција
ПрефектураАјачо
Департмани
Управа
 • ПретседателПол Џакоби (PRG)
Површина
 • Вкупна8.680 км2 (3,350 ми2)
Население (1 јануари 2011)
 • Вкупно314.867
 • Густина36/км2 (94/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
БДП (2006)[1]Грешка во Lua: во земјата
Вкупно&100000000000000070000007 млј 
По жител&1000000000002030000000020,300 
NUTSFR8
Мреж. местоcorse.fr

Корзика (француски: Corse; корзикански: Corsica; италијански: Corsica; лигурски: Corsega) — остров во Средоземното Море со двоен статус на регион и департман на Франција. Се наоѓа западно од Италија, југоисточно од француското копно и северно од италијанскиот остров Сардинија. Планините претставуваат две третини од целокупната територија на островот, создавајќи еден масив. Пред француското управување, Корзика била посед на Република Џенова.

По закон островот е означен како територијална заедница (collectivité territoriale), пооради тоа ужива поголеми права во однос на останатите француски региони и департмани. Вообичаено, Корзика е означена како регион и најчесто е заведувана во списокот на други региони на Франција. Денес Корзика управно се смета за еден департман, а до 2018 г. била поделена на два, наречени Горна и Јужна Корзика.

Иако островот е одделен од континенталното копно од Лигурското Море и е поблиску до Италија отколку до француското копно, политички е дел од континентална Франција. Почнувајќи од 1282, островот му припаѓал на Република Џенова, иако на кратко бил во посед на независната Корзиканска Република од 1755 до француското освојување во 1769. Корзиканската култура содржи елементи на француската и италијанската и нејзиниот устав додека бил Република бил напишан на италијански. Домашниот корзикански јазик е признаен како регионален јазик од француската влада.

Францускиот цар Наполеон Бонапарт е роден во 1769 во корзиканскиот главен град Ајачо. Денес, неговата родна куќа се користи како музеј. Северниот град Калви тврди дека е родното место на познатиот истражувач Кристофер Колумбо.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Географија на Корзика

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „БДП по глава на жител во 2006“ (PDF). Eurostat. 
  2. „Франција-Корзика-Калви“. Andrics.com. конс. 1 ноември 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 42°9′N 9°5′E / 42.150° СГШ; 9.083° ИГД / 42.150; 9.083