Департмани во Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Департманите во Франција (француски: département) и многу поранешни колонии се крупни административни единици. Во склоп на Република Франција постои 101 департман, групирани во 13 региони во Франција и 5 региони во прекуморски територии, и сите имаат сосем ист правен статус како делови од Франција. Департманите се поделени на 334 окрузи, кои пак се делат на кантони. Секој кантон се состои од неколку општини општини. Во прекуморските територии, некои општини играат улога на департмани.

Општи карактеристики[уреди | уреди извор]

Administration territoriale française mk.svg
Густина на населеноста во департманите според пописот (2007)
Департманите во Франција

Административниот центар на департманот се нарекува префектура (préfecture) или chef-lieu de department и обично е некој поважен град некаде во средиштето на департманот. Ова потекнува од времето кога било кое место највеќе за едно деноноќие (24 часа). Префектурата не мора да е најголемиот град во департманот. Потоа департманите се делат на еден или повеќе окрузи. Седиштето на округот се нарекува потпрефектура (sous-préfecture) или chef-lieu d'arrondissement.

Секој департман има свој управен орган - генерален совет (conseil général). Ова е собрание со пратеници избрани со општи избори на мандат од 6 години , со тоа што претседателот на советот е извршен функционер на департманот, т.е. префект. Префектот има свои помошници — потпрефекти (sous-préfet) зависно од потпрефектурите во департманот.

Департманите понатаму се делат и на општини под управа на општински совет. Во 1999 г. во Франција постоеле 36.779 општини.

Во континентална Франција, средната површина на департманите изнесува 5.965 км², што е за 2,5 пати поголема од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Во 2001 г. средниот број на жители на департманите во континентална франција изнесувал 511.012 жители, што е 21 пати поголема од онаа кај окрузите во САД, но помалку од 2/3 од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Највеќето департмани зафаќаат површина од 4.000 до 8.000 км², а населението брои од 250.000 до 1 милион жители. Најголема површина има Жиронда (10.000 км²), а најмала има градот Париз (105 км²). Најнаселен департман е Север (2.550.000), а најмалку жители има Лозер (74.000).

Секој департман има свој двоцифрен број, кој фигурира во локалниот поштенски број, во INSEE-кодовите (и матичниот број) и на регистарските таблички. Бројот 20 не постои, туку наместо него постојат 2A и 2B (во Корзика). Поштенските броеви во Корзика прават исклучок, бидејќи сепак го користат бројот 20. Бројот 96 го користи Монако. Заедно со државниот код FR (од ISO 3166-1 алфа-2), бројките ги образуваат кодовите во ISO 3166-2 за континенталните департмани. Прекурмоските департмани имаат по две букви за ISO 3166-2 код, како на пр. 971 за Гваделуп.

Список[уреди | уреди извор]

Сите департмани имаат свој штит како обележје, но не сите се официјални или во службена употреба. Таму кајшто не се официјални се користи посовремен амблем. Самата Франција во целина нема грб (поради аристократското потекло на хералдиката). Овој обичај важи и за локалните управни органи во голем број департмани.

INSEE Грб 1 Департман Префектура Регион
01 Грб на департманот 01 Ен Бур ан Брес  Оверњ-Рона-Алпи
02 Грб на департманот 02 Ена Лан [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Горна Франција
03 Грб на департманот 03 Алје Мулен  Оверњ-Рона-Алпи
04 Грб на департманот 04 Горнопровансалски Алпи Дињ ле Бен  Прованса-Алпи-Азурен Брег
05 Грб на департманот 05 Горни Алпи Гап  Прованса-Алпи-Азурен Брег
06 Грб на департманот 06 Приморски Алпи Ница  Прованса-Алпи-Азурен Брег
07 Грб на департманот 07 Ардеш Прива  Оверњ-Рона-Алпи
08 Грб на департманот 08 Ардени Шарлевил Мезјер [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
09 Грб на департманот 09 Арјеж Фоа  Окситанија
10 Грб на департманот 10 Об Троа [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
11 Грб на департманот 11 Од Каркасон  Окситанија
12 Грб на департманот 12 Аверон Родез  Окситанија
13 Грб на департманот 13 Устие на Рона Марсеј  Прованса-Алпи-Азурен Брег
14 Грб на департманот 14 Калвадос Кан  Нормандија
15 Грб на департманот 15 Кантал Оријак  Оверњ-Рона-Алпи
16 Грб на департманот 16 Шаранта Ангулем  Нова Аквитанија
17 Грб на департманот 17 Приморска Шаранта Ла Рошел  Нова Аквитанија
18 Грб на департманот 18 Шер Бурж  Центар-Долина на Лоара
19 Грб на департманот 19 Корез Тил  Нова Аквитанија
2A Coat of arms of Корзика Јужна Корзика Ајачо  Корзика
2B Coat of arms of Корзика Горна Корзика Бастија  Корзика
21 Грб на департманот 21 Златен Брег Дижон  Бургундија-Франш-Конте
22 Грб на департманот 22 Арморски Брег Сен Брие  Бретања
23 Грб на департманот 23 Крез Гере  Нова Аквитанија
24 Грб на департманот 24 Дордоња Периге  Нова Аквитанија
25 Грб на департманот 25 Ду Безансон  Бургундија-Франш-Конте
26 Грб на департманот 26 Дром Валанс  Оверњ-Рона-Алпи
27 Грб на департманот 27 Ер Евре  Нормандија
28 Грб на департманот 28 Ер и Лоар Шартр  Центар-Долина на Лоара
29 Грб на департманот 29 Финистер Кемпер  Бретања
30 Грб на департманот 30 Гар Ним  Окситанија
31 Грб на департманот 31 Горна Гарона Тулуз  Окситанија
32 Грб на департманот 32 Жер Ош  Окситанија
33 Грб на департманот 33 Жиронда Бордо  Нова Аквитанија
34 Грб на департманот 34 Еро Монпелје  Окситанија
35 Грб на департманот 35 Ил и Вилен Рен  Бретања
36 Грб на департманот 36 Ендр Шатору  Центар-Долина на Лоара
37 Грб на департманот 37 Ендр и Лоара Тур  Центар-Долина на Лоара
38 Грб на департманот 38 Изер Гренобл  Оверњ-Рона-Алпи
39 Грб на департманот 39 Јура Лон ле Соње  Бургундија-Франш-Конте
40 Грб на департманот 40 Ланд Мон де Марсан  Нова Аквитанија
41 Грб на департманот 41 Лоар и Шер Блоа  Центар-Долина на Лоара
42 Грб на департманот 42 Лоара Сент Етјен  Оверњ-Рона-Алпи
43 Грб на департманот 43 Горна Лоара Ле Пиј ан Веле  Оверњ-Рона-Алпи
44 Грб на департманот 44 Атлантска Лоара Нант  Лоарски Крај
45 Грб на департманот 45 Лоаре Орлеан  Центар-Долина на Лоара
46 Грб на департманот 46 Лот Каор  Окситанија
47 Грб на департманот 47 Лот и Гарона Ажен  Нова Аквитанија
48 Грб на департманот 48 Лозер Манд  Окситанија
49 Грб на департманот 49 Мен и Лоара Анже  Лоарски Крај
50 Грб на департманот 50 Манш Сен Ло  Нормандија
51 Грб на департманот 51 Марна Шалон ан Шампањ [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
52 Грб на департманот 52 Горна Марна Шомон [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
53 Грб на департманот 53 Мајен Лавал  Лоарски Крај
54 Грб на департманот 54 Мерт и Мозел Нанси [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
55 Грб на департманот 55 Меза Бар ле Дик [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
56 Грб на департманот 56 Морбијан Ван  Бретања
57 Грб на департманот 57 Мозел Мец [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
58 Грб на департманот 58 Њевр Невер  Бургундија-Франш-Конте
59 Грб на департманот 59 Север Лил [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Горна Франција
60 Грб на департманот 60 Оаз Бове [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Горна Франција
61 Грб на департманот 61 Орн Алансон  Нормандија
62 Грб на департманот 62 Па де Кале Арас [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Горна Франција
63 Грб на департманот 63 Пиј де Дом Клермон Феран  Оверњ-Рона-Алпи
64 Грб на департманот 64 Атлантски Пиринеи По  Нова Аквитанија
65 Грб на департманот 65 Горни Пиринеи Тарб  Окситанија
66 Грб на департманот 66 Источни Пиринеи Перпињан  Окситанија
67 Грб на департманот 67 Долна Рајна Стразбур [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
68 Грб на департманот 68 Горна Рајна Колмар [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
69 Грб на департманот 69 Рона Лион (привремено)  Оверњ-Рона-Алпи
69M Метропола Лион[1] Лион  Оверњ-Рона-Алпи
70 Грб на департманот 70 Горна Сона Везул  Бургундија-Франш-Конте
71 Грб на департманот 71 Сона и Лоара Макон  Бургундија-Франш-Конте
72 Грб на департманот 72 Сарта Ле Ман  Лоарски Крај
73 Грб на департманот 73 Савоја Шамбери  Оверњ-Рона-Алпи
74 Грб на департманот 74 Горна Савоја Анси  Оверњ-Рона-Алпи
75 Грб на департманот 75 Париз Париз  Ил де Франс
76 Грб на департманот 76 Приморска Сена Руан  Нормандија
77 Грб на департманот 77 Сена и Марна Мелен  Ил де Франс
78 Грб на департманот 78 Ивлин Версај  Ил де Франс
79 Грб на департманот 79 Де Севр Њор  Нова Аквитанија
80 Грб на департманот 80 Сома Амјен [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Горна Франција
81 Грб на департманот 81 Тарн Алби  Окситанија
82 Грб на департманот 82 Тарн и Гарона Монтобан  Окситанија
83 Грб на департманот 83 Вар Тулон  Прованса-Алпи-Азурен Брег
84 Грб на департманот 84 Воклиз Авињон  Прованса-Алпи-Азурен Брег
85 Грб на департманот 85 Вендеја Ла Рош на Јон  Лоарски Крај
86 Грб на департманот 86 Вјена Поатје  Нова Аквитанија
87 Грб на департманот 87 Горна Вјена Лимож  Нова Аквитанија
88 Грб на департманот 88 Вогези Епинал [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Голем Исток
89 Грб на департманот 89 Јона Осер  Бургундија-Франш-Конте
90 Грб на департманот 90 Територија Белфор Белфор  Бургундија-Франш-Конте
91 Грб на департманот 91 Есона Еври  Ил де Франс
92 Грб на департманот 92 Сенски Висови Нантер  Ил де Франс
93 Грб на департманот 93 Сена-Сен Дени Бобињи  Ил де Франс
94 Грб на департманот 94 Долина на Марна Кретеј  Ил де Франс
95 Грб на департманот 95 Долина на Оаза Понтоаз  Ил де Франс
971 Грб на Гваделуп Гваделуп 16 Бас Тер  Гваделуп
972 Грб на Мартиник Мартиник 16 Фор де Франс  Мартиник
973 Грб на Гвајана Гвајана 16 Кајена  Француска Гвајана
974 Грб на Реинион Реинион 16 Сен-Дени  Реинион
976 Грб на Мајот Мајот 17 Мамуѕу  Мајот

Белешки:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Метропола со статус на територијална заедница

Поврзано[уреди | уреди извор]