Тарн (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тарн
Tarn
Gorges du Tarn view.jpg
Земја Франција
Слив
Главен изворСевени, Франција
1.550 м
44°24′53″ СГШ; 3°48′54″ ИГД / 44.4147° СГШ; 3.8150° ИГД / 44.4147; 3.8150
УстиеМоасак, ФранцијаГарона
44°05′10″ СГШ; 1°02′33″ ИГД / 44.0861° СГШ; 1.0425° ИГД / 44.0861; 1.0425Координати: 44°05′10″ СГШ; 1°02′33″ ИГД / 44.0861° СГШ; 1.0425° ИГД / 44.0861; 1.0425
Сливна повр.15.700 км2
Физички особености
Должина381 км
Проток
Принадлежности
ТечениеГаронаАтлантски Океан

Тарн (француски и окситански: Tarn, латински: Tarnis) — река во Окситанија, јужна Франција, десна притока на Гарона. Има вкупна должина од 381 км.

Извира на надморска висина од 1.550 м на планината Лозер во венецот Севени (дел од Централниот Масив), па тече во западен правец низ длабоките засеци на Тарнската Клисура сè до Моасак во Тарн и Гарона, каде се влева во Гарона 4 км низводно од градот.

Слив зафаќа приближно 12.000 км2 и има среден проток од 140 м3.

Кај Мијо, долината на Тарн ја преминува Вијадуктот Мијо кој е највисокиот мост на светот, отворен во декември 2004 г.

Поважни притоки[уреди | уреди извор]

Поважни притоки на Тарн се:

  • Агу (во Сент Силпис)
  • Алранс
  • Аверон кај Монтобан
  • Сернон
  • Дурбје (во Мијо)
  • Дурду де Камаре
  • Жонт (во Ле Розје)
  • Лембула
  • Лименсонеск
  • Миз
  • Ранс (кај Треба)
  • Тарнон (во Флорак)
  • Теску

Тарн е вододелница на сливовите на Нарбона и Аквитанија.

Населени места[уреди | уреди извор]

Тарн низ градот Алби.

Реката минува низ следниве населени места, наведени според своите департмани:

Тарн е позната по жестоките поплави кои важат за најопасни во Европа заедно со оние на Дунав. Во март 1930 г. реката се накачила за 17 метри над вообичаениот водостој во рок од едно деноноќие. Во Монтобан е измерен проток од 7.000 м3, што е нешто пониско од оној на Нил при најголема полноводност во сезоната на поплави пред изградбата на Асуанската брана (8.500 м3); за споредба, просекот на Рајна е 2.200 м3. Во стихијата е поплавена една третина од департманот Тарн и Гарона, одземајќи 300 човечки животи; водите целосно ги уништиле пониските населби на градот Монтобан и го разориле гратчето Моасак речиси во целост.

Пловидба[уреди | уреди извор]

Чунџија со туристи како поаѓа на обиколка низ Тарнската Клисура.

Во минатото Тарн бил пловен од спојот со Гарона до Корбарје кај Монтобан. На овој потег имало седум преводници на растојание од 38 км. Каналот се приклучувал во Гаронскиот Канал кај Моасак по пат на споредна преводница во разгранок пред првата главна преводница, а потоа имал уште една пристапница преку Монтешкиот Канал кај Монтобан.[1]

Денес се обновени двете пристапници од Гаронскиот Канал, со што пловилата можат веднаш да навлезат во Тарн. Покрај ова, првата преводница (меѓу Моасак и самата Гарона) е поплавена како водосклад за хидроцентралата „Голфеш“ на Гарона, и така овозможуваат траен пристап за чамците од Тарн во Гарона кои можат да пловат по неа на извесно покусо растојание.[1]

Останатите шест преводници се запустени и не овозможуваат пловен пристап. Поднесен е предлог за обнова на петте преводници од помеѓу Моасак и Монтобан, со тоа создавајќи пловна обиколница која би го опфаќата Тарн од Моасак до Монтобан, Монтешкиот Канал до Монтеш и Гаронскиот Канал назад до Моасак.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „River Tarn (and the Tarn ‘Ring’)“. grehanman guides. конс. 22 ноември 2010. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]