Преводница
Преводница[1][2] — направа која служи за израмнување на пловниот пат во канали и реки, односно им овозможува пловилата да ја совладаат разликата во нивото на водата, која се јавува поради природни или вештачки пречки на водниот пат. Кога на пловниот пат е потребно да се подигне или спушти бродот до висината на пловното рамниште, тоа може да се направи со:
- преводници
- лифтови
- бродски искачувалки
Искуството покажува дека границата за примена на преводница е висинска разлика од 20 до 25 м на земјено тло, или 30 до 35 м на карпесто тло. Со серија преводници може да се надмине висинска разлика од 40 до 60 м. За висински разлики поголеми од 70 м, најчесто е оправдано користењето на бродски лифт.[3]
За работата и безбедноста на преводницата традиционално се грижи преводничар. Со чекрекот кој ги отвора малите пропусни вратички може да ракува преводничарот или корисниците на пловилата. Постојат и врати што работат на електрични мотори.
Историја
[уреди | уреди извор]Преводници се користеле во Кина за време на династијата Сунг уште во 984 година. Тие ги замениле веќе постоечките бродски искачувалки со кои имало многу проблеми. Тие биле долги повеќе од 50 чекори и имале врати со шарки, кои се затворале додека комората се полнела или празнела. Секоја преводница била со висинска разлика на рамништетото на водата од околу 1,5 м. На Големиот или Царскиот Канал, на овој начин се совладувала висинска разлика од околу 42 м.[4]
Во средновековна Европа, првата преводница била изградена во Холандија во 1373 година. Таа имала базен, во кој можеле да впловат неколку бродови. Првата права комора на преводницата била изградена во близина на Брухе во 1396 година. Познат градежен инженер за преводници бил Италијанецот Бертола да Новате (1410-1475), кој изградил 18 на миланскиот систем канали.
За брод што оди спротиводно: | За брод што оди низводно: | |||
---|---|---|---|---|
1 – 2. | Пловилото влегува во комората. | – . | Пловилото влегува во комората. | |
3. | Долната врата се затвора. | 10. | Горната врата се затвора. | |
– . | Комората е исполнета со вода спротиводно. | – . | Комората се празни со вода низводно. | |
6. | Горната врата се отвора. | 13. | Долната врата се отвора. | |
7. | Пловилото излегува од преводницата. | 14. | Пловилото излегува од преводницата. |
Основни делови
[уреди | уреди извор]Подигнувањето или спуштањето на пловилото со помош на преводница се врши со полнење или празнење на комората, која на двата краја е затворена со врати. На надворешните страни на врати се наоѓаат спротиводни и низводни пристапни канали. Во склоп на горната и долната глава на преводницата, поставени се врати и затворачи кои служат за влез и излез на пловилата и за спречува влез на вода во комората. Пристапните канали се користат за безбедно приоѓање на пловилата и за привремен пристан на пловилата кои чекаат премин. Преводниците најчесто се прават во парови со две комори. Секоја од коморите се користи за една насока на пловидба.
Основни делови на преводницата се:[5]
- комора на преводницата,
- ѕидови на комората,
- горна и долна глава на преводницата,
- пристапни канали,
- претпристаништа и насочувачки структури,
- врати за влез и излез на пловилата.
Обликувањето на преводницата зависи од висината на пловното скалило, од начинот на полнење и празнење на комората и од пловните и градежните барања. Едноставен вид преводница се градни на пловни патишта со мал сообраќај. Горната врата има помала висина, што зависи од длабочината на пловниот пат. Долната врата има поголема висина, бидејќи ја покрива целата висина на скалилото, кога висината на скалилото е помала од 12 m. За повисоки скалила се гради бунарска преводница, чија комора на долната страна е поделена на два дела. Долниот дел има подвижна врата која се издига до висината на пловилото, додека горниот дел е цврст ѕид.
За водни патишта со поголем сообраќај, се градат сложени типови преводници. Преводниците со две комори може да имаат споен канал со затворач меѓу коморите, а коморите можат да бидат целосно одвоени. Кога е потребно да се намали потрошувачката на вода, преводниците се градат со штеден базен или со повеќе штедни базени. Поголемите разлики во висина се совладуваат со двостепени или преводници во низа.
Претпристаништа се користат за чекање на пловилата и за нивно насочување во влезот на комората на преводницата. За насочување на пловилата, пред влезот во комората се поставува посебна структура со тлоцртен отклон од 1:4 до 1:5 од оската на преводницата.
Во основа постојат два системи на полнење и празнење на преводниците: челно полнење и празнење и коморно полнење и празнење.
Челно полнење и празнење
[уреди | уреди извор]Челното полнење и празнење се изведува низ отворите на вратата, заобиколно на вратата или под неа, односно над вратата. Водовите за довод на вода се кратки или воопшто ги нема. Влезниот млаз е концентриран во тесна зона околу вратата. Ова неповолно делува на пловидбата, така што овој вид на полнење и празнење не се применува на високи преводници. При ваквото полнење, јажињата за врзување премногу се напрегаат поради наклонот на водната површина во комората, опструјувањето на пловилото и појавата на стојни бранови во комората.
Коморно полнење и празнење
[уреди | уреди извор]Коморното полнење и празнење се изведува низ ѕидовите или низ дното на комората. Така, водата тече внатре и надвор низ многу отвори, така што нема посилен удар водата како при челното полнење. Овој систем се користи во преводници со поголема висина на подигање, главно преводници со голема зафатнина.
За полнење и празнење низ ѕидовите служи канал по целата должина на комората со многу странични отвори. На почетокот на полнењето се чувствува мал удар на вода, бидејќи повеќе вода тече низ отворите кои се поблиску до почетокот на каналот. Поради ова се создава мал бран на вода, што не е пријатно. Јачината на оваа појава може да се ублажи со соодветно поставување на отвори.
Полнењето и празнењето низ подот на комората се врши со помош на мрежа од канали под целиот под со многу вертикални отвори. Нивото на водата се зголемува вертикално, а надолжните и попречните струи не се појавуваат во комората. Ова е причината зошто бродовите во преводницата се толку мирни, што дури и не треба да се закотват. Притоа, може да се постигне голема брзина на подигнување на водата (3 м/мин и повеќе), што го скратува времетраењето на минување низ преводницата.
Бродски лифтови
[уреди | уреди извор]Бродските лифтови може да бидат суви или влажни. Сувиот лифт механички го подига и спушта пловилот, од еден пловен пат до друг. Влажниот лифт го превезува пловилото во корито полно со вода. За да се олесни преносот, се инсталира противтежа. Често се користи хидрауличен погон. Вртежната преводница Фолкерк во Шкотска е многу интересно техничко решение.
Бродски искачувалки
[уреди | уреди извор]Бродски искачувалки може да се користат за подигнување на бродови по падини или за нивно спуштање надолу по падините. Пловилото се става во челично корито исполнето со вода, кое се потпира на колички, кои се тркалаат по наклонети шини со помош на противтегови. Брзината на движење е мала, со цел да се спречи нишање на водата во коритото.
Подигнувањето и спуштањето на пловилото може да се постигне со помош на воден клин, создаден од штитот, во кој плута пловилото. Водениот клин се движи механички по наклонет квадратен жлеб. На горниот крај се наоѓа врата, преку која пловилото влегува во пловниот пат. Недостаток на оваа искачувалка за бродови е големата потрошувачка на енергија, бидејќи нема противтежа, и истекувањето на вода помеѓу штитот и ѕидот на каналот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „преводница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „преводница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ "Specifičnosti tehnoloških procesa u riječnom prometu", Neven Grubišić; Pomorski fakultet Sveučilišta u Rijeci, 2011.
- ↑ Needham: Volume 4, Part 3, 350-351
- ↑ "Građevine plovnih puteva", Građevinski fakultet Osijek; gfos.hr, 2011.