Милано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милано
Milano
општина
Поглед на Миланската катедрала
Поглед на Миланската катедрала
Знаме на Милано
Знаме
Грб на Милано
Грб
Прекар(и): Главен град на моралот на Италија[1]
ЗемјаИталија
РегионЛомбардија
ПокраинаМилано (MI)
Населен од Келтитекако Медиоланум околу 400 п.н.е.
Управа
 • ГрадоначалникЏулијано Пизапија (SEL)
Површина
 • Вкупна181,76 км2 (7,018 ми2)
Надм. вис.&10000000000000120000000120 м
Население (30 април 2013)[2]
 • Вкупно1,295,723
 • Густина71/км2 (180/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.20100, 20121–20162
Повик. бр.02
Светец-заштитникАмвросиј Медиолански
Слава7 декември
Мреж. местоМатична страница

Милано (италијански: Milano; милански: Milan) — вториот најголем град во Италија и главен град на регионот Ломбардија. Самиот град има население од околу 1,35 милиони, додека неговата урбана област е петта најголема во рамките на ЕУ и најголема во Италија со проценето население од околу 5,2 милиони.[3] Големото ширење на градот кое следеле по повоениот економски бум во 1950-тите и 1960-тите и растот на пространата урбана област, наведуваат дека градот има влијание и надвор од неговите административни граници, создавајќи метрополитенска област од седум[4] до девет[5] милиони луѓе. Според Евростат, метрополитенската област има население од 8.071.271 луѓе во 2011.[6] Таа се вбројува во т.н. Сина банана, област во Европа со најмногу население и индустриска густина.[7]

Милано бил основан од Келтите. Подоцна, градот бил освоен од Римјаните, станувајќи главен град на Западното римско царство. Во текот на Средниот век, Милано се развил како трговски и банкарски центар.[8] Низ вековите бил освојуван и владеен од Франција, Хабсбуршка Шпанија и Австрија, до 1859 кога градот конечно бил припоен од новото Кралство Италија. Во текот на раните 1900-тите, Милано ја предводел индустријализацијата на младата нација, станувајќи економски, социјален и политички центар. Лошо погоден од уништувањата во Втората светска војна и по суровата нацистичка окупација, градот станал главен центар на италијанскиот отпор.[9] По војната, градот доживеал силен економски бум, привлекувајќи голем број на имигранти од руралната Јужна Италија.[10] Во текот на последните декади, Милано привлекува голем број на странски имигранти и денес повеќе од една шестина на неговото население е со странско потекло.[2]

Милано е главен индустриски, трговски и финансиски центар на Италија и водечки глобален град.[11] Во неговиот финансиски центар се наоѓа италијанската берза (Borsa Italiana) и седиштата на најголемиот дел на националните банки и компании. Градот е познат како еден од главните градови во светот на модата[12] и дизајнот[13]. Благодарение на неговите важни музеи, театри и знаменитости (вклучувајќи ја Миланската катедрала, петта најголема катедрала во светот и Санта Марија деле Грацие, украсена со слики на Леонардо да Винчи, дел од светското културно наследство) Милано привлекува повеќе од два милиони посетители секоја година.[14] Во него се наоѓаат бројни институции и универзитети, со повеќе од 185.000 студенти во 2011, т.е. 11 проценти во целата земја.[15] Градот е исто така познат по неколку меѓународни настани и саеми, како што се Миланската модна недела и Саемот за мебел, најголем од таков вид во светот,[16] и ќе биде домаќин на светскиот саем Експо 2015. Милано е дом на два големи фудбалски клубови, Милан и Интер.

Милано како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Во својот расказ „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес го нарекува Милано работилница на богот Вулкан и зеница на француското кралство, велејќи дека тој е град кој може да зборува и да работи.[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

{{|30em | refs =

[1] [7] [14]

}}

Надворешни врски[уреди | уреди извор]