Стаклениот лиценцијат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стаклениот лиценцијат (шпански: El licenciado Vidriera) - расказ на шпанскиот писател Мигел де Сервантес, дел од збирката „Примерни новели“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Двајца благородници, студенти на Универзитетот во Саламанка, случајно сретнале едно дете (Томас Родаха), кое го напуштило својот дом со желба да студира во Саламанка. Тие го зеле детето како свој слуга, а тоа се покажало како многу вредно и паметно. Потоа, Томас сретнал еден капетан и со него заминал во Италија, каде посетил повеќе градови, потоа заминал во Фландрија и најпосле се вратил во Саламанка, каде ги завршил студиите по право. Тогаш, во градот пристигнала една дама со сомнителен морал, која се вљубила во Томас, но тој не покажувал никаков интерес кон неа. За да го освои, дамата направила „волшебен“ пијалак од кој Томас се разболел. Сепак, лекарите успеале да го излечат, но тој станал душевно болен, замислувајќи си дека е направен од стакло, поради што не дозволувал никому да му се приближува. Секаде каде ќе се појавел, Томас бил следен од многу луѓе, кои му прашувале прашања од разни области, а тој секогаш давал мудри одговори, така што гласот за него се проширил низ целата Кастиља. По две години, еден свештеник успеал да ги излечи Томас од лудилото и тој заминал на дворот, со цел да најде работа како правник, но луѓето продолжиле да го следат, поставувајќи му разни прашања. Поради тоа, тој го напуштил главниот град и заминал во Фландрија, каде се прославил како војник, а таму и умрел.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 106-136.