Прејди на содржината

Пескара

Координати: 42°27′50″N 14°12′51″E / 42.46389° СГШ; 14.21417° ИГД / 42.46389; 14.21417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пескара
општина
Општина Пескара
Во насока на стрелките на часовникот, од врвот: Пристаништето Пескара и Гран Сасо д'Италија, црквата на Светото срце, музеј Аурум, Палацо ди Чита, Палацо Императо и Фонтаната Ла Нав
Во насока на стрелките на часовникот, од врвот: Пристаништето Пескара и Гран Сасо д'Италија, црквата на Светото срце, музеј Аурум, Палацо ди Чита, Палацо Императо и Фонтаната Ла Нав
Знаме на ПескараPescara-Gonfalone.png
Гесло: HÆC EST CIVITAS ATERNI PORTA APRUTII ET SERA REGNI  (латински)
"Ова е градот Атернум, портата на Абруцo и граница на Кралството"
ЗемјаИталија
РегионАбруцо
ПокраинаПескара(округ) (PE)
Основано1811
ПоделоциSan Silvestro
Управа
 • ГрадоначалникКарло Маши (FI)
Површина
 • Вкупна34,36 км2 (1,327 ми2)
Најг. вис.&10000000000000180000000180 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (30 септември 2018)
 • Вкупно119.554
 • Густина35/км2 (90/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.65100
Повик. бр.085
Слава10 October
Мреж. местоМатична страница

Пескара (италијански: Pescara) е најголемиот град и економски центар на провинцијата Абруцо и главен град на истоимената област Пескара. Иако најзначаен градот не е административен центар на регионот, туку тоа место му припаѓа на градот Л’Аквила.

Пескара е позната како родно место на познатиот италијански поет и основач на фашизмот Габриеле Д'Анунцио.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името „Пескара“ би значело „изобилство со риба“, поим првпат применуван во средниот век.

Географија

[уреди | уреди извор]

Пескара се наоѓа во централна Италија. Градот е 210 километри источно од главниот град Рим и 100 километри источно од главниот град на провинцијата, Л’Аквила.

Пескара се наоѓа на источниот брег на Јадранот и е најблиското јадранско пристаниште до градот Рим. Градот се развил околу сливот на реката Пескара. Бидејќи течението на оваа река е врска со внатрешноста и игра важна улога во трговијата, градот се здобил со услови за развој на пристанишните активности.

Пескара се развила како град на сливот на реката Пескара во Јадранското Море.

Климата во Пескара е средоземна. Затоа, летата се топли и суви, а зимите се благи и врнежливи.

Климатски податоци за Пескара, 1971-2000
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 11.2
(52.2)
11.9
(53.4)
14.4
(57.9)
17.7
(63.9)
22.3
(72.1)
26.3
(79.3)
29.2
(84.6)
29.0
(84.2)
25.6
(78.1)
20.7
(69.3)
15.5
(59.9)
12.4
(54.3)
19.68
(67.43)
Сред. дневна °C (°F) 6.5
(43.7)
7.0
(44.6)
9.2
(48.6)
12.2
(54)
16.6
(61.9)
20.6
(69.1)
23.2
(73.8)
23.1
(73.6)
20.0
(68)
15.6
(60.1)
10.7
(51.3)
7.8
(46)
14.38
(57.89)
Прос. ниска °C (°F) 1.8
(35.2)
2.2
(36)
3.9
(39)
6.7
(44.1)
11.0
(51.8)
14.8
(58.6)
17.2
(63)
17.3
(63.1)
14.4
(57.9)
10.5
(50.9)
5.9
(42.6)
3.2
(37.8)
9.08
(48.33)
Прос. врнежи мм (ин) 48.1
(1.894)
52.2
(2.055)
56.8
(2.236)
56.9
(2.24)
31.7
(1.248)
46.2
(1.819)
34.4
(1.354)
55.5
(2.185)
61.2
(2.409)
72.0
(2.835)
79.8
(3.142)
62.9
(2.476)
657.7
(25.893)
Прос. бр. дождливи денови 6.4 6.8 6.8 5.9 4.9 5.2 4.0 5.0 5.8 7.0 7.8 7.2 72.8
Извор: World Meteorological Organization,[1]
Климатски податоци за Пескара - Аеродром Абруџо, надморска височина: 11м, 1961–1990
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 10.5
(50.9)
11.6
(52.9)
14.1
(57.4)
17.8
(64)
22.2
(72)
26.0
(78.8)
28.9
(84)
28.6
(83.5)
25.4
(77.7)
20.5
(68.9)
15.7
(60.3)
11.8
(53.2)
19.43
(66.97)
Сред. дневна °C (°F) 6.1
(43)
7.1
(44.8)
9.2
(48.6)
12.4
(54.3)
16.6
(61.9)
20.4
(68.7)
23.0
(73.4)
22.9
(73.2)
19.9
(67.8)
15.5
(59.9)
11.0
(51.8)
7.5
(45.5)
14.3
(57.74)
Прос. ниска °C (°F) 1.7
(35.1)
2.6
(36.7)
4.4
(39.9)
7.0
(44.6)
11.0
(51.8)
14.7
(58.5)
17.1
(62.8)
17.1
(62.8)
14.4
(57.9)
10.6
(51.1)
6.4
(43.5)
3.2
(37.8)
9.18
(48.54)
Прос. врнежи мм (ин) 54.7
(2.154)
52.6
(2.071)
62.9
(2.476)
55.3
(2.177)
34.6
(1.362)
43.9
(1.728)
33.8
(1.331)
53.7
(2.114)
61.2
(2.409)
73.5
(2.894)
71.3
(2.807)
76.8
(3.024)
674.3
(26.547)
Прос. релативна влажност (%) 74 73 72 71 72 70 69 71 72 75 76 76 72.6
Сред. бр. сончеви часови месечно 96.1 109.2 151.9 192.0 241.8 261.0 303.8 275.9 219.0 170.5 111.0 89.9 2.222,1
Сред. бр. сончеви часови дневно 3.1 3.9 4.9 6.4 7.8 8.7 9.8 8.9 7.3 5.5 3.7 2.9 6.07
Извор: NOAA[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Пескара како место почнало да се разва уште во античко време. Бил поврзан со Рим со патиштата Виа Клаудио Велерио и Виа Тибуртино. Градот бил важно пристаниште за трговија со источните провинции на империјата.

Во средниот век, во 597 година Ломбардите ја уништиле Пескара. Тогаш епископот од Пескара Кетеј бил обвинет за збратимување со православните христијани. Ломбардите биле Аријанци, па го фрлиле од мермерниот мост со камен врзан за вратот. Епископот подоцна станал светец и заштитник на градот. Пескара во 1095 година станала богат град со голем број споменици и цркви. Роџер II од Сицилија роден во 1140 година, го освоил градот во 1910 година, а потоа имало период на битки во кои градот бил уништен. Името значи „изобилство со риби“, а првпат се споменувало во тој период. После тоа со Пескара владееле неколку благородници, имено Раиналдо Орсини, Луј Савојски и Франческо дел Борџо, викар на кралот Ладислав од Неапол, кој ги изградил тврдината и кулата. После тоа владетели биле Д'Авалуа. Џакомо Калдоре го освоил градот во 1435 година до 1439 година. Пескара била постојано напаѓана од Венецијанците . Кога подоцна станал дел од шпанското кралство Неапол, бил претворен во тешка тврдина.

Турците во 1566 година ја опколиле Пескара со 105 галии. Граѓаните давале жесток отпор, па Турците успеале само да ги ограбат околните места. Поради својата бурна историја, на почетокот на 18 век, Пескара имала само 3.000 жители. Австријците во 1707 година ја нападнале Пескара и ја освоил по двомесечна опсада. Градот бил нападнат од пробурбонскиот Џузепе Пронио. Французите во 1800 година ја освоиле Пескара, која станала важно упориште на режимот на Жозеф Бонапарта. Карбонари од Пескара во 1814 година се побунил против Жоашен Мир. Кралот бил таму на 15 мај 1815 година потпишал еден од првите устави на италијанскиот Ризорџименто. После тоа, Пескара станала симбол на суровата реставрација на бурбонците поради злогласниот затвор Бурбон. Во 1853 година градот бил зафатен од големи поплави.

Пескара била ослободена во 1860 година од страна на Клемент де Цезарис, соработник на Гарибалди. После тоа, Пескара станала најголемиот град на Абруцо. За време на Втората светска војна, градот бил важно пристаниште кое претрпело тешки разурнувања, па потоа бил обновен и со тоа станал еден од „најновите“ градови во Италија.

Население

[уреди | уреди извор]

Според резултатите од пописот на населението во 2018 година, во општината живееле 119,554 жители.[3]

Демографија
1931 1936 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
37.966 45.445 65.466 87.436 122.470 131.330 122.236 116.286 117.166

Во 2008 година Пескара имала околу 123.000 жители, дури 6 пати повеќе во споредба со почетокот на 20 век.(но со текот на времето градот припои бројни предградија).

Денес, градот има голем број доселеници.

Економија и култура

[уреди | уреди извор]
Делови од стариот град
Плоштадот Гарибалди
Пристаништето во Пескара
Куќи во историскиот центар на Пескара

Пескара е најголемиот град во регионот Абруцо и еден од најважните економски, трговски и туристички центри на јадранскиот брег. Пескара има брег кој се протега на 20 километри, поради што е важен туристички град. Миленик е на италијанските туристи во текот на летото.

Во градот се наоѓа универзитетот- Универзитетот Габриел Данунцио. Во Пескара се одржале и 16. Медитерански игри во 2009 година.

Градски знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Гувернерската палата со библиотека од 600.000 книги
  • Катедралата Свети Китеј
  • Куќата на Габриел Данунцио
  • Катедралата на Светото срце

Пескара била домаќин на Медитеранските игри во 2009 година, на кои учествуваа вкупно 4.180 спортисти од 23 земји во 28 спортови.

Градови партнери

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Climate Pescara, Italy“. worldweather.wmo.int.
  2. „Pescara Climate Normals 1961–1990“. NOAA. Посетено на July 1, 2016.
  3. „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28 декември 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]