Фашизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Фашизам — радикална политичка идеологија и државно уредување на крајната десница што комбинира елементи на корпоратизам, авторитаризам, национализам, милитаризам, антианархизам, антикомунизам и антилиберализам.

Секира во сноп прачки, симбол на фашизмот

Зборот "фашизам" доаѓа од италијанскиот збор „фашио“ (fascio), што означува "сноп" (во политичка или воена група или во нација), но исто така од фашите (прачки заврзани како цилиндар околу секира), антички римски симбол на авторитетот на магистратите. Најпрецизно, терминот произлегува од „фашо“ (множ. фаши) - збор кој бил многу популарен во Италија по 90тите години на 19 век, а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.

Оригиналното фашистичко (италијански: fascismo) движење се појавило во Италија во 1919 (Fasci di combattimento - Боречки фаши) и владеело со земјата од 1922 од 1943 под водството на Бенито Мусолини. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.

Со време генеричкиот термин фашизам почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по Првата светска војна се: во Германија - Националсоцијалистичката германска работничка партија (Нацисти) под водството на Адолф Хитлер, Унгарија - Партија на Стрелестиот Крст, Романија - Железна Гарда, Шпанија - Фалангисти, како и француските политички движења предводени од поранешните социјалисти - Марсел Деа, Жак Дорио и други. Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите корпорации, авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, ксенофобијата, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, реакционерната внатрешна и експанзионистичката надворешна политика. Понекогаш фашизмот се употребува како синоним на нацизмот. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.

Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница како услов и облик на совладувањето на кризата. Заедницата е единствена, органски расчленета држава (италијански фашизам) или единство гарантирано со крв и земја (германски фашизам). Единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата. Сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Теророт е легитимно средство за постигнување на "заедништво".

Во најшироката смисла на зборот, во политичкиот лексиокон, "фашизам" денес се користи како пејоративен термин со кои се етикетира некој режим, институција или поединец како репресивен.