Диктатура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адолф Хитлер (лево) и Јосиф Сталин (десно) често се користат како примери за диктатори од 20-тиот век со две различни идеологии.
Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Диктатура е форма на владеење во која земја или група земји се управувани од страна на едно лице ( диктатор) или од некоја политија и каде власта се остварува преку различни механизми за да се обезбеди дека моќта на владеачот останува цврста.[1][2] Диктатура е еден вид на авторитаризам во кој политичарите го регулираат речиси секој аспект од јавното и приватното однесувањето на граѓаните. Диктатурата и тоталитарните општества обично користат политичка пропаганда за да се намали влијанието на застапниците на алтернативни управни системи. Во минатото различни верски тактики биле користени од страна на диктаторите за да ја задржат својата власт, како што бил монархискиот систем на Западот. Во 19 и 20 век, традиционалните монархии постепено опаднале и исчезнале. Диктатурата и уставната демократија се наметнале како двете главни форми на владеење во светот.[1]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Во класичен контекст, зборот диктатор се однесува на „главен магистрат“, којшто во древниот Рим за време на опасност добивал асолутна моќ. Нивното владеење не било ниту своеволно ниту неодговорно, туку било целосно подлежно на законите. Подоцна во Римското Царство се појавиле друг вид диктатори кои силата и моќта ја користеле своеволно, односно за свои лични потреби. Примери за вакви владетели се принцепсите, односно римските цареви.

Диктаторите во модерно време се стремат кон тоа да ја користат моќта која што ја поседуваат во извршување на свои цели, не водејќи сметка на моралните односно етичките последици кои што тие акции ги предизвикуваат. Тие многу ретко доаѓаат на власт со помош демократски средства, најчесто до власта доаѓаат по пат насила односно револуции. Тие најчесто ги оправдуваат своите постапки велејќи дека ја користат силата и моќта која што ја поседуваат како би се справиле со некои тешкотии односно опасности, без разлика дали тие опасност биле реални или измислени. Диктаторите меѓутоа, многу ретко се откажувале од своите моќи и власта дури и тогаш и кога кризата односно опасноста ќе поминела. Понекогаш во недостаток од вакви кризи, диктаторите и нивните влади измислувале нови проблеми дако би можеле да останат на власт. Ваков е примерот со Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз.[1]

Ваквите режими најчесто се задржуваат на власт заради големиот страв којшто луѓето го чувствуваат во однос на владата. Диктаторите неретко ги користеле вооружените сили, пропагандата како и строгите казни во остварувањето на својата волја, воедно потиснувајќи го секое мислење коешто се разликувало од нивното. Диктаторите подржувани од војската често креирале еднопартиски системи во којшто немало избори или пак ако имало тие биле диктирани односно преставувале чиста формалност.

Постоењето на диктатурата најчесто се поврзува со тоа во колкава мера диктаторот е способен да ја примени силата како средство за принуда на граѓаните. Без користење насила ваквите диктатури најчесто се распаѓаат брзо по нивното доаѓање на власт. Модерните диктатури покрај силата и принудата ги користат и средствата за масовно комуницирање како алатка со која го контролираат народот. Во повеќе земји од кои како конкретен пример можеме да ја земеме Кина, владата ги контролира емитувањата низ целата земја, врши новинска и интернет цензура, а многу често едноставно ги казнува оние што се спротивставуваат.

Голем број на култури под влијание на диктатурите поттикнуваат нешто што се нарекува "култ на личноста", каде што медиумите не само што се контролирани од страна на владата, туку тие служат како медиум преку кој се воздигнуваат како владата така и нејзиниот лидер. Во нацистичка Германија сликите на Адолф Хитлер биле поставувани скоро на секоја зграда, во времето на Садам Хусеин цели музеи во Ирак биле преплавувани со цртежи, слики и скулптури на нивниот лидер. Ова е само мал дел од огромниот број на вакви примери.

Постојаната потреба за злоупотребување на апсолутната власт уште и се нарекува мегаломанија. Владите којшто поседуваат односно ја злоупотребуваат апсолутната моќ често се нарекуваат тоталитаристички, термин којшто своето потекло му го должи на Бенито Мусолини, италијанскиот фашистички диктатор. Овој термин се користи како за десничарскиот тип на диктатура, авторитарната диктатура, така и за левиот тип на диктатура (марксистичкиот) односно "диктатура на пролетаријатот."

Некои диктатури во голема мера се поддржани од јавноста, таков е примерот со Нацистичка Германија. Овие режими ги користат периодите на смирување после граѓански војни или економските кризи за да дојдат односно, за да ја зацврстат својата власт. И повторно овие режими ги оравдуваат своите постапки велејќи дека тие се нужни за пребродувањето на некоја криза, па дури и откако таа криза ке биде пребродена. Покрај поддршката која што ја даваат на владата луѓето со текот на времето почнуваат да тежнеат кон добивање на поголеми слободи, па од овие причини диктаторите се принудени да бараат нови начини за преживување. Ваков е примерот со комунистичките режими од бившиот Советски блок којшто во почетокот уживале голема поддршка кај народот.

Демократизација[уреди | уреди извор]

Глобалната динамика на демократизација е централно прашање за политичките научници.[3][4] Се вели дека Третиот бран на демократијата ги претвори некои диктатури во демократии (ова може да се види во контрастот помеѓу стапките на демократизација во 1988 и во 2008 година според Индексот за демократија-диктатура).

Мерењето на диктатурите[уреди | уреди извор]

Индексот за демократијата од Economist Intelligence Unit, 2016 година:[5] Плавата боја ги претставува подемократските земји, додека црвените земји се сметаат за авторитативни и темно црвените најчесто се тоталитарни диктатури.

Постојат концептуални и методолошки разлики во литературата на политичките науки во однос на мерењето и класифицирањето на режимите или како диктатури или како демократии, со истакнати примери како што се Куќата на слободата, Политија IV и Индексот за демократија-диктатура и нивната валидност и сигурност.[6]

Постојат две главни истражувачки пристапи: минималистичкиот пристап се фокусира на тоа дали една земја има континуирани избори кои се со натпреварувачки дух, додека суштинскиот пристап го проширува концептот на демократијата да ги вклучува човековите права, слободата на печатот, владеењето на правото итн. Индексот за демократија-диктатура се смета за на пример на минималистичкиот пристап, додека Политија IV е релативно посуштинска.[7][8][9] The Democracy-Dictatorship Index is seen as an example of the minimalist approach, whereas the Polity data series, relatively more substantive.[10]

Видови[уреди | уреди извор]

Најопштиот термин е деспотизмот, форма на владеење во која едно лице управува со апсолутна власт. Тоа лице може да биде поединец како во автократијата, или тоа може да биде група како во олигархијата. Деспотизмот може да значи тиранија (доминација преку заканата за казна и насилство) или апсолутизам; или диктатура (форма на владеење во која владетелот е апсолутен диктатор, не е ограничен со уставот, законите или опозицијата итн.).[11] Диктатурата може да биде во форма на авторитаризам или тоталитаризам.

Диктатура е "форма на власт, во која апсолутната власт е концентрирана во рацете на диктатор или "мала клика" или "невладина организација или група во која апсолутната моќ е концентрирана во голем мера",[12] додека демократијата со која концептот на диктатура често е во споредба е дефинирана како форма на владеење на мнозинството луѓе, каде што оние кои владеат се избираат преку спорни избори. Авторитативни диктатури се оние во кои постои многу мала политичка мобилизација и "мала група која ја користи моќта во рамките на формално лошо дефинирани граници, но всушност прилично предвидливи".[13] Тоталитарните диктатури се состојат од "една партија, предводена од една моќна индивидуа со моќна тајна полиција и високо развиена идеологија". Владата тука има "целосна контрола над масовните комуникации и социјалните и економските организации".[14] Хана Арент го опиша тоталитаризмот како нов и екстремен облик на диктатура, вклучувајќи "атомизирани, изолирани поединци", во која идеологијата игра водечка улога при дефинирањето како целото општество треба да биде организирано.[15] Хуан Линц тврди дека разликата помеѓу авторитарната власт и тоталитарна власт е тоа што додека авторитарната се обидува да ги задуши политика и политичката мобилизација (деполитизација), тоталитарната се обидува да ја контролира политиката и политичката мобилизација.[16]

Антонио Лопез де Санта Ана облечен во мексиканска воена униформа.

Класификација[уреди | уреди извор]

Диктатурите можат да се класифицираат на голем број на начини, како што се:

  • Општествена класа
    • Диктатура на буржоазијата
    • Диктатура на пролетаријатот
  • Воена диктатура
    • Постојат видови со "посредник" и до "владетел"; режимите со посредник се професионални, граѓански ориентирани, подготвени да се откажат од моќта кога проблемите ќе бидат решени и го поддржуваат постоечкиот социјален ред; режимите со  "владетел" ги сметаат граѓаните за неспособни и немаат намера да им ја вратат моќта, не се партиски организирани и имаат кохерентна идеологија[17]
  • Цивилно-воена диктатура
    • Пример за ова е Граѓанско-воената диктатура на Уругвај (1973-1985)
  • Еднопартиска држава
    • "Слабите" и "јаките" верзии можат да се разликуваат, во слабите еднопартиски држави "најмалку уште еден друг актер ја надминува улогата на партијата (во форма на единствена личност, армија или претседател)",,[18] со што ерата на Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз[19] и ерата на Мао Це Тунг во Кина можат да се цитираат како примери за слаби еднопартиски држави
  • Персонална
  • Хибридна
  • Силата зад престолот
    • Постојат некои случаи кога една личност или група шефови на држава се едноставно наместени или марионтски владетели додека ракуваат со диктаторска моќ
      • На пример во Кореја дефакто владеењето на Јон Гесомун на Гогурјо и гогурјоскиот воениот режим
      • Пример за Јапонија е Шогунот
  • Некоја комбинација од разните наведени типови

Потекло на моќта[уреди | уреди извор]

Жан-Клод Дувалиер го наследи неговиот татко, Франсоа Дувалиер како владетел на Хаити по неговата смрт во 1971 година.
  • Семејна диктатура – наследување на моќта преку семејните врски
  • Воена диктатура – преку воена сила или coup d'état (во латинска Америка воените диктатури често биле управувани од страна на комисии познати како воени хунти)
  • Уставна диктатура – диктаторски овластувања предвидени со уставот (често само во случај на вонредна состојба)
  • Авто-куп – со суспендирање на постојните демократски механизми по постигнувањето на висока позиција во согласност со уставот

Стабилна диктатура[уреди | уреди извор]

Стабилна диктатура е диктатура која е во состојба да остане на власт за долг временски. Теоријата за стабилна диктатура во врска со Советскиот Сојуз смета дека по кризата во однос на сукцесијата по смртта на Јосиф Сталин во 1953 година, победничкиот лидер го презеде статусот на сталинистички диктатор без апаратот на терор на Сталин.[20] Чиле и Парагвај биле сметани за стабилни диктатури во 1970-тите.[21] Се тврди дека стабилните диктатури се однесуваат поинаку од нестабилните диктатури. На пример, Марија Брувер тврди дека "експанзионистичките политики можат да пропаднат и да го поткопат авторитетот на лидерот. Стабилните диктатори затоа се склони да се воздржуваат од воена агресија. Овој опис одговара на империјална Кина, Византија и Јапонија, кои се воздржувале од проширувањето на нивните империи во одреден период. Новите диктатори пак од друга страна сакаат да ја освојат народната поддршка со тоа што им ветуваат богатства и апроприрајќи ги од домашното или странското богатство. Тие не губат многу со неуспехот, додека успехот може да ги подигне на повисоки позиции на моќ и богатство".[22]

Добротворна диктатура[уреди | уреди извор]

Добротворната диктатура е теоретска форма на владеење во која авторитарниот лидер има апсолутна политичка моќ врз државата, но го прави тоа за доброто на населението како целина. Добротворниот диктатор може да им овозможи да постои степен на економска либерализација или форма на демократско донесување на одлуки, како на пример преку јавни референдуми или избрани претставници со ограничена моќ; и тој често ги прави подготовките за преминот кон вистинската демократија за време или по неговиот мандат. Ова може да се смета за републиканска форма на просветлениот деспотизам. Етикетата е применета на лидерите Мустафа Кемал Ататурк (Турција),[23] Јосип Броз Тито (Југославија),[24] Ли Куан Ју (Сингапур),[25] Абдулах II од Јордан[26], Пол Кагаме (Руанда), Ќабус бин Саид ал Саид (Оман) и Муамер Гадафи (Либија)[27][28]

Теории за диктатурата[уреди | уреди извор]

Манкур Олсон укажува на тоа дека појавата на диктатурите може да биде поврзана со концептот на "скитнички бандити", поединци во атомски систем кои се движат од место до место екстрахирајќи богатство од поединците. Овие бандити креираат дестимулација во однос на инвестициите и производствтоо. Олсон наведува дека за заедницата на поединци ќе биде подобро ако тоа разбојник се воспостави себе како стабилен бандит за монополизирање на кражба во форма на даноци. Освен за заедницата и за самите бандити ќе биде подобро, според Olson, ако се трансформираат самите во "стабилни бандити". Со прилагодувањето и претворањето во владетели на една територија, тие ќе бидат во можност да направат поголем профит преку даноците отколку што добивале преку грабеж. Со одржувањето на редот и заштита на заедницата, бандитите ќе создадат мирна средина во која нивните луѓе можат да го максимизираат нивниот вишок што значи поголема база за оданочување. На тој начин потенцијалниот диктатор ќе имаат поголема мотивација да ја обезбеди безбедноста на дадена заедница од која тој ги добива даноците и обратно, луѓето од кои тој ги екстрахира даноците имаат поголема веројатност да произведуваат бидејќи тие ќе бидат незагрижени за потенцијалната кражба од страна на другите разбојници. Ова е рационалноста која бандитите ја користат за да ја оправдат нивната трансформација од "скитнички бандити" во "стабилни бандити".[29]

Диктатури во историјата[уреди | уреди извор]

Мобуту Сесе Секо, долгогодишен диктатор на Заир

Меѓу двете светски војни, четири видови на диктатури биле опишани: уставна, комунистичка (номинално подржувајќи ја "диктатурата на пролетаријатот"), противреволуционерната и фашистичката, но многу се сомневаат на разликите помеѓу овие прототипови. Уште од Втората светска војна, поширок спектар на диктатури е признат, вклучувајќи диктатури на Третиот свет, теократски или верски диктатури и династички или семејно-базирани диктатури.[30]

Во периодот помеѓу двете светски војни, фашистичките режими, Мусолини во Италија и Хитлер во Германија, во себе ги вклучиле принципите на диктаторство, еднопартиски систем, масовна мобилизација како и прекумерната употреба на полициска и воена сила. Фашистичката диктатура потекнува од 1922 и за прв пат се појавила во Италија, но подоцна во 1933 била прифатена и од Германија како и од голем број на други фашистички и квази фашистични влади во Европа. Фашистичката диктатура го доживува својот колапс по поразот на силите на Оската во Втората светска војна.

Исто така во периодот помеѓу двете светски војни Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз ги спојува диктатурата, еднопартискиот систем, масовната мобилизација и употребата насила во еден цврст режим. Сталин е првиот модерен диктатор којшто го креирал "култот на личноста" околу себе. Советскиот Сојуз излезе како победник од Втората светска војна и влезе во нова фаза по смртта на Сталин, фаза во која диктатурата се промени од диктатура на еден човек во колективна диктатура.

По завршувањето на Втората светска војна, во голем број од новоослободените земји беа воспоставени диктаторски режими. Во повеќето од бившите афрички и азиски колонии, по изборувањето на својата независност во периодот на деколонизацијата, преседателските режими постепено се трансформираа во лични диктатури. Овие диктатури се покажаа нестабилни, па така диктаторите беа често рушени односно заменувани. Воените диктатури беа многу чести, особено во Јужна Америка, Аугусто Пиноче во Чиле, како и во Африка, Мобуту Сесе Секо во Заир.[31]

Колапсот на комунизмот во 1989-1990 доведе до колапс на голем број на диктатури во источна Европа. Меѓутоа многу од државите којшто произлегоа од распаднатиот Советски Сојуз беа контролирани од авторитарни лидери, како што е примерот со Сапармурат Нијазов во Туркменистан. Дел од овие лидери беа мирно сменети преку таканаречените „обоени револуции“ во 2004-2005, меѓутоа ваквиот режим во Узбекистан не заврши така мирно, тамо беа масакрирани неколку илјади луѓе. Треба да се спомне и фактот дека во некои земји како што се Кина, Северна Кореја, Лаос и Виетнам комунистичките режими не беа срушени и тие сѐ уште постојат. Многу автократски лидери сѐ уште контролираат земји во Африка, Роберт Мугабе во Зимбабве, но со одреден степен на демократија.

Диктатурата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 dictatorship“. Encyclopædia Britannica. (2013). 162240.
  2. Margaret Power (2008). „Dictatorship and Single-Party States“. Bonnie G. Smith. The Oxford Encyclopedia of Women in World History: 4 Volume Set. Oxford University Press. стр. 1–. ISBN 978-0-19-514890-9. https://books.google.com/books?id=EFI7tr9XK6EC&pg=RA1-PA55. посет. 14 декември 2013 г. 
  3. Samuel P. Huntington (6 September 2012). The Third Wave: Democratization in the Late 20th Century. University of Oklahoma Press. ISBN 978-0-8061-8604-7. https://books.google.com/books?id=IMjyTFG04JYC. 
  4. Nathan J. Brown (31 August 2011). The Dynamics of Democratization: Dictatorship, Development, and Diffusion. JHU Press. ISBN 978-1-4214-0088-4. https://books.google.com/books?id=F9LYMp0RyD4C. 
  5. „Democracy Index 2015“. 21 јануари 2016. http://www.yabiladi.com/img/content/EIU-Democracy-Index-2015.pdf. 
  6. William Roberts Clark; Matt Golder; Sona N Golder (23 March 2012). „Chapter 5. Democracy and Dictatorship: Conceptualization and Measurement“. Principles of Comparative Politics. CQ Press. ISBN 978-1-60871-679-1. http://college.cqpress.com/sites/principlescp/Home/chapter5.aspx. 
  7. „Democracy and Dictatorship: Conceptualization and Measurement“. cqpress.com. http://college.cqpress.com/sites/principlescp/Home/chapter5.aspx. 
  8. Jørgen Møller; Svend-Erik Skaaning (29 March 2012). Requisites of Democracy: Conceptualization, Measurement, and Explanation. Routledge. стр. 78–. ISBN 978-1-136-66584-4. https://books.google.com/books?id=RtWoAgAAQBAJ&pg=PA78. посет. 30 март 2014 г. 
  9. William Roberts Clark; Matt Golder; Sona Nadenichek Golder (September 2009). Principles of comparative politics. CQ Press. ISBN 978-0-87289-289-7. https://books.google.com/books?id=RmPuAAAAMAAJ. 
  10. Divergent Incentives for Dictators: Domestic Institutions and (International Promises Not to) Torture Appendix "Unlike substantive measures of democracy (e.g., Polity IV and Freedom House), the binary conceptualization of democracy most recently described by Cheibub, Gandhi and Vree-land (2010) focuses on one institution—elections—to distinguish between dictatorships and democracies. Using a minimalist measure of democracy rather than a substantive one better allows for the isolation of causal mechanisms (Cheibub, Gandhi and Vreeland, 2010, 73) linking regime type to human rights outcomes."
  11. WordNet Search – 3.0 
  12. Dictatorship – Definition and More from the Free Merriam-Webster Dictionary. Merriam-webster.com (31 August 2012). Retrieved on 2013-07-12.
  13. Juan Linz, quoted in Natasha M. Ezrow, Erica Frantz (2011), Dictators and Dictatorships: Understanding Authoritarian Regimes and Their Leaders, Continuum International Publishing Group. p2
  14. Ezrow and Frantz (2011:2–3)
  15. Ezrow and Frantz (2011:3)
  16. Ezrow and Frantz (2011:4)
  17. Ezrow and Frantz (2011:6–7)
  18. Ezrow and Frantz (2011:6)
  19. Stalinism
  20. RC Thornton (1972), The Structure of Communist Politics, World Politics, JSTOR 2010454 
  21. AG Cuzán (1986), Fiscal Policy, the Military, and Political Stability in Iberoamerica (PDF), Behavioral Science 
  22. M Brouwer (2006), Democracy and Dictatorship: The Politics of Innovation (PDF), Архивирано од оригиналот (PDF) на 7 September 2012 
  23. „Benevolent Dictator? Thinking About MK Atatürk“. Turkey File. 19 октомври 2009. http://turkeyfile.blogspot.com/2009/10/benevolent-dictator.html. 
  24. Shapiro, Susan; Shapiro, Ronald (2004). The Curtain Rises: Oral Histories of the Fall of Communism in Eastern Europe. McFarland. ISBN 0-7864-1672-6. https://books.google.com/books?id=oCqWFQ1WKlkC&pg=PA180&dq=tito+benevolent+dictator&hl=en&sa=X&ei=eZiVT8u1Io_NswahzJyVBA&redir_esc=y#v=onepage&q=tito%20benevolent%20dictator&f=false. 
    "...All Yugoslavs had educational opportunities, jobs, food, and housing regardless of nationality. Tito, seen by most as a benevolent dictator, brought peaceful co-existence to the Balkan region, a region historically synonymous with factionalism."
  25. Miller, Matt. „What Singapore can teach us“, 2 мај 2012. (на en-US)
  26. „Abdullah II King Of Jordan“. http://www.imdb.com/name/nm2291323/. 
  27. „'Gaddafi was a benevolent dictator'“. https://www.rt.com/news/gaddafi-benevolent-dictator-nato-655-70889/. 
  28. „Another Average Run-of-the-Mill Benevolent Dictator“. http://jdrachel.com/2015/07/10/another-average-run-of-the-mill-benevolent-dictator/. 
  29. Olson, Mancur (1993 г). Dictatorship, Democracy, and Development. „American Political Science Review“ том  87 (3). 
  30. Frank J. Coppa (1 January 2006). Encyclopedia of Modern Dictators: From Napoleon to the Present. Peter Lang. стр. xiv. ISBN 978-0-8204-5010-0. https://books.google.com/books?id=gTv99LBYSL4C. посет. 25 март 2014 г. „In the period between the two world wars, four types of dictatorships were described by a number of smart people: constitutional, the communist (nominally championing the "dictatorship of the proletariat"), the counterrevolutionary, and the fascist. Many have rightfully questioned the distinctions between these prototypes. In fact, since World War II, we have recognized that the range of dictatorships is much broader than earlier posited and it includes so-called Third World dictatorships in Africa, Asia, Latin America, and the Middle East and religious dictatorships....They are also family dictatorships ....“ 
  31. „Mobutu dies in exile in Morocco“. CNN. 7 септември 1997. http://edition.cnn.com/WORLD/9709/07/mobutu.wrap/. 
  32. IMDb, The Dictator (1915) (пристапено на 12.2.2017)
  33. IMDb, Loves of a Dictator (1935) (пристапено на 12.2.2017)
  34. IMDb, The Great Dictator (1940) (пристапено на 12.2.2017)
  35. IMDb, The Dictator (2012) (пристапено на 12.2.2017)
  36. YouTube, Sepultura - Dictatorshit (пристапено на 12.2.2017)

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]