Советски Сојуз
Сојуз на Советските Социјалистички Републики Официјални имиња Союз Советских Социалистических Республик
| |
---|---|
1922–1991 | |
Motto: Пролетарии всех стран, соединяйтесь! Proletarii vsekh stran, soyedinyaytes'!) македонски: Пролетери од сите страни, обединетете се ! | |
Химна: Интернационала (1922–1944) Химна на Советскиот Сојуз (1944–1991) | |
Статус | Федерација |
Главен град | Москва |
Говорени јазици | Руски, многу други |
Вероисповед | нема |
Демоним(и) | Совети |
Уредување | Федерација социјализам република, еднопартиски систем комунизам |
Генерален секретар | |
• 1922–1953 (прв) | Јосиф Сталин |
• 1985–1991 (последен) | Михаил Горбачов |
Премиер | |
• 1923–1924 (прв) | Владимир Ленин |
• 1991 (последен) | Иван Силаев |
Историја | |
• Основана | 30 декември 1922 |
• Престанала да постои | 26 декември 1991 |
Површина | |
1991 | 22.402.200 km2 (8,649,500 sq mi) |
Население | |
• 1991 | 293.047.571 |
Валута | Советска рубља (руб) (SUR) (SUR) |
Временска зона | UTC+2 to +13 |
Повикувачки број | 7 |
Internet TLD | .su2 |
1На 21 декември 1991 година, единаесет земји од Советскиот Сојуз во Алма-Ата (12 - Грузија - како набљудувач) изјавиле дека формираат Заедница на независни држави. Сојузот на Советските Социјалистички Републики со ова престанува да постои 2од 19 септември 1990, па наваму. |
Советски Сојуз |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Водство
Влада
Законодавство
Судство
Комунистичка партија
Историја & Политика
|
Атлас |
Советски Сојуз, полн назив: Сојуз на Советските Социјалистички Републики или СССР (руски: Союз Советских Социалистических Республик, СССР) — поранешна уставна социјалистичка држава која се наоѓала на територијата на Евроазија и опстојувала во периодот од 1922 до 1991 година. Советскиот Сојуз претставувал државна заедница од 15 автономни републики, а Руската СФСР била главна и доминантна.[1] Руската Советска република честопати во Западна Европа била нарекувана само како Русија или Советска Русија.
Идејата за создавањето на земјата се појавила уште во времето на Првата светска војна, кога Руската Империја се распаднала како резултат на Октомвриската револуција.[1] По хаотичниот период, кој е познат како Руска граѓанска војна, Владимир Илич Ленин, болшевик, успеал да ја доби власта над поголемиот дел од Руската Империја. По неговата смрт, моќта на земјата отишла кај Јосиф Сталин[2] кој преку своите методи и реформи ја спровел индустријализацијата на земјата.[2] Во текот на своето постоење, земјата честопати водела агресивна и експанзионистичка надворешната политика чија политика водела до чести војни.[3] По војните со Полска, Финска и балтичките земји помеѓу 1939-1940, Советскиот Сојуз во 1940 година бил нападнат од страна на Нацистичка Германија, иако двете земји претходно биле договорени околу поделбата на Полска.[4][5] По четири години војна, Советскиот Сојуз се јавил како една од најголемите светски сили во светот, стопирајќи го напредокот на Германија и принудувајќи ја на капитулација. По крајот на војната, во делови од Источна Европа биле воведени комунистички режими под притисок на СССР.[6] Освен тоа, по крајот на Втората светска војна, започнал периодот кој во историјата е познат како период на Студена војна, односно војна на политичка превласт во светот помеѓу СССР и комунистичките земји од една страна и САД и западот од друга страна.[7][8] Во текот на 1980 година станало јасно дека СССР ја изгубила војната со САД, и кога во 1985 година на чело на земјата дошол Михаил Горбачов[9], уште еднаш било потврдено дека во земјата се потребни реформи.[10]
Земјата во текот на своето постоење била прогласена како тоталитарна држава [белешка 1], која спровела одредени злосторства или масакри врз своите граѓани и врз окупираните земји.[11][12] Според некои извори, милиони жители биле испратени во концентрациони логори или биле убиени.[13] [14][15][16][17] Според некои историчари, земјата спровела и геноцид и етничко чистење во различни земји во Европа, особено за време и по Втората светска војна. [5][18][19] Проценките за бројот на жртвите за време на раководството на Сталин се проценува на околу 20 милиони луѓе.[20][21][22][23]
Во советскиот општествен систем, доминантна и единствена легална партија била Комунистичката партија, партија која се засновала на принципите на Марксизмот и Ленинизмот.[24][25] Секретарот на партијата бил најмоќниот човек во земјата, кој имал големо влијание врз парламентот и владата.
Потекло на поимот
Името СССР или целосно Сојуз на советски социјалистички републики (руски: Сою́з Сове́тских Социалисти́ческих Респу́блик) било усвоено во декември 1922 година. „Сојуз“ се однесува на федералниот систем на државата, „совет“ се однесува на комунистичкиот начин на владеење, „социјализам“ се однесува на општественото уредување и „република“ на членките на федерацијата. Често името се скратува само на Советски Сојуз.
Географија
Советскиот Сојуз, со 22.402.200 квадратни километри (8.649.500 квадратни милји), била најголема држава во светот, што опфаќала една шестина од површината. Големината на земјата би можела да се спореди со Северна Америка. Западниот дел на Советскиот Сојуз бил во Европа на кој припаѓал околу 25% од површина на земјата, и претставувал културен и економски центар на земјата. Азискиот дел на СССР продолжувал до Тихиот Океан на исток, до Иран и Авганистан на југ, и бил ретко населен за разлика од европскиот дел.
Советскиот Сојуз имал должина на својата граница од околу 60.000 километри (37000 mi). Таа била најдолга во светот. Земјата граничела со Северна Кореја, Народна Република Кина, Монголија, Авганистан, Иран и Турција во Азија, додека во Европа со Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска, Финска и Норвешка. На источниот дел од земјата, Беринговиот проток ја делел земјата од САД (86 километери).
Најдолгата река во Советскиот Сојуз била Иртиш, која заедно со Об е најголемата река во светот со 5.410 км. Следни по големина реки се Лена во 4472 километри (2779 mi) и Амур, по должината на границата со Кина, 4444 километри (2761 mi). Највисока планина на Советскиот Сојуз била Исмаил Самани во Таџикистан на 7.495 метри. Втора највисока била Пик Победа во Киргистан на 7.439 метри. Во европскиот дел на СССР, Елбрус била највисоката планина во Европа, на 5.642 метри.
Во земјата се наоѓале и голем број на езера. Во СССР се наоѓало најголемото езеро во светот, Каспиското кое денес лежи на површина помеѓу Русија и северен Иран. Најголемата длабочина му е 1025 метри. Други големи езера биле Бајкалското Езеро, кое исто така е едно од најдлабоките во светот и Аралско Море.
Демографија
Дел од темата |
||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Историја на Русија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
Портал: „Русија“ | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Советскиот Сојуз бил еден од земјите во кои живееле повеќе од 200 етнички групи во рамките на нејзините граници. Вкупниот број на население било проценето на околу 293.000.000 во 1991 година, како трета најнаселена држава по Кина и Индија во светот. Во земјата имало 23 градови со повеќе од еден милион жители. Главниот град Москва имал 9.000.000 жители, додека пак Ленинград (денес Санкт Петербург) бил вториот по големина со пет милиони. Меѓу другите поголеми градови биле Минск, Киев, Баку и Ташкент.[26]
Етнички групи
Во последните години на Советскиот Сојуз, мнозинството од населението биле Руси (50,78%), по што следувале Украинци (15,45%) и Узбеци (5,84%). Други етнички групи биле Ерменци, Азери, Белоруси, Естонци, Грузијци, Казаци, Киргизи, Литванци, Молдавци, Таџици, и Туркмени, како и Апхазијци, Адигејци, Алеути, Асирци, Авари, Башкири, Бугари, Бурјати, Чеченци, Кинези, Чуваши, Козаци, Евенки, Финци, Гагаузи, Германци, Грци, Унгарци, Ингуши, Ескими, Евреи, Калмици, Каракалпаци, Карели, Кети, Корејци, Лезгини, Маријци, Монголци, Мордвини, Ненци, Осетијци, Полјаци, Роми, Романци, Тати, Татари, Туванци, Удмурти, Јакути, и други.
Главната причина поради големиот број на етнички групи во СССР се должел на интензивната мултинационална империја која била претходничка на земјата и која со овие простори владееле претходните четири века. Некои национални групи во империјата биле признаени, други пак биле основани со сила. Русите,[27]Белорусите и Украинците биле најблиски во поглед на културните врски, додека пак генерално, другите етнички групи биле помалку порвзани со мнозинството и имале помала заедничка култура, религија и слично.
Во поглед на етничките групи кои живееле на овие простори и нивните односи и соживот, советските водачи тврдиле дека причините за можни конфликти помеѓу одредени етнички групи во земјата биле елиминирани и дека Советскиот Сојуз претставувал едно големо семејство на народите кои хармонично живеат заедно. Во 1920-тите и во почетокот на 1930-тите, владата спровела политика на коренизација на локалните власти, во обид да регрутира неруско население во новите советски политички институции и да се намали конфликтот помеѓу Русите и малцинските националисти.
Религија
Иако Советскиот Сојуз бил официјално секуларна земја, сепак го поддржувал атеизмот. Во земјата најголемиот дел од населението биле христијани и муслимани. Државата била одвоена од црквата. Две третини од советската популација, сепак, не била религиозна. Официјалните проценти околу бројот на религиозни верници до 1989 година не биле познати. Поголем дел од населението биле атеисти односно нерелигиозни, особено членовите на Комунистичката партија и другите владини позиции. Атеизмот бил во голема мера истакнат во училиштата, а државата во голем дел од случаите ги потиснувала религиозните водачи.
Христијаните припаѓале на различни цркви: Православие, кои биле најбројни, Католици и други протестантски деноминации. Црквата била на некој начин забранета во СССР. Самиот Ленин изјавил дека не постоело место за црквата во Болшевичкото општество. СССР била една од првите држави чија цел била елиминирање на религијата. За да ја постигне таа цел, комунистичкиот режим честопати конфискувал црковни имоти, го вовел атеизмот во училиштата, ги прогонувале верниците, свештениците биле испраќани по затворите и биле рушени многу цркви. Така, по пет години од револуцијата, 28 епископи и 1200 свештеници биле погубени. Во периодот од 1927 до 1940 година, бројот на православните цркви се намалил од 29.584 на 500, 130.000 свештеници биле уапсени од кој 95.000 убиени.
Во времето кога Третиот Рајх го нападнал СССР во 1941 година, Јосиф Сталин ја повикал Руската православна црква да ја подкрепи руската армија. Така, од завршувањето на војната до 1957 година, 22.000 руски православни црква биле повторно активирани. Никита Хрушчов ја започнал својата кампања против црквата, и околу 12.000 цркви биле затворени. Веќе во 1985 година, во СССР останале само околу 7.000 активни цркви. Многу од членовите на црквата биле во голема приврзаност со КГБ.
Јазик
Иако сите имале официјално право да го користат својот јазик, рускиот бил официјален и доминантен јазик во Советскиот Сојуз. Тој бил употребуван во индустриските, воените, партиските и државните институции. Во Советскиот Сојуз постоеле стотици различни јазици и дијалекти од неколку различни јазични групи. Источнословенски јазици биле: руски, белоруски и украински кои доминирале во европскиот дел на СССР, додека балтичките јазици како: литванскиот, латвискиот, и групата на угрофински јазици: естонскиот се користел до Балтикот. Во Кавказ биле користени туркските јазици како азербејџански, потоа ерменски и грузиски. Во рускиот Далечен север, биле употребувани неколку малцински јазици од кои најзборувани биле уралските.
Во 1918 година бил изгласен декртет според кој сите националности во Советскиот Сојуз имале право на образование на својот мајчин јазик.
Иселеништво
И покрај сите строги правила кои биле преземени против емиграција на советското население, сепак имало голем број на советски граѓани кои сакале својата среќа да ја побараат на друго место во друга земја. Желбата за емиграција на друго место најмногу била застапена кај Еврејската заедница на СССР.
Историја
Создавање
Историјата на Русија во периодот од 1922 до 1991 година, всушност е историјата на Сојузот на Советските Социјалистички републики или историја на Советскиот Сојуз. Овој сојуз кој на идеолошка основа го основале водачите на Руската комунистичка партија во декември 1922 година[28], многу често е споредуван со Руската Империја. Во тоа време, новата нација во својот состав вклучувала четири територии: Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (скратено Руска СФСР или РСФСР), Белоруската Советска Социјалистичка Република (скратено Белоруска ССР или БССР), Украинската советска социалистичка република (скратено Украинска ССР или УССР) и Закавкаска Советска Федеративна Социјалистичка Република (скратено Закавкаска СФСР или ЗСФСР)[29].
Уставот кој бил усвоен во 1924 година го дал почетокот на федералниот систем на власта кој се засновал на советот кој бил поставен низ селата, фабриките, градовите во поголемите делови на земјата. На врвот на оваа советска пирамида во секоја република стоел сојузен конгрес на советите. Иако изгледало дека конгресот ја спроведува својата суверена власт, сепак ова тело директно било управувано од страна на Комунистичката партија, која повторно го контролирала Политбирото на Централниот комитет КПСС од Москва, престолнината на Советскиот Сојуз, која како престолнина била уште во времето на Царска Русија, до доаѓањето на Петар Велики на царскиот престол.
Нова економска политика
Периодот од консолидацијата на револуцијата од 1917 до 1921 година е познат како Воен комунизам[30]. Земјата, индустријата, банките, железниците, бротскиот сообраќај итн. биле потполно национализирани, а економијата ограничена. Набргу по ова се развила силна опозиција[30]. Селското население сакало за своето производство да добива парични средства и тие биле незадоволни што вишокот од своите производи морале да го предадат на властите. Соочен со селската опозиција, Ленин започнал стратегиско повлекување од т.н. воен комунизам, позната како Нова економска политика.[30] Селските производители биле ослободени од даноците при продажба на својата стока на големо и им било дозволено вишокот од произведенаа стока да ја продаваат на пазарот. Било дозволено и продажба на мало. Државата и понатаму останала одговорна за банкарството, транспортот, тешката индустрија и слично.
Иако лево ориентираните комунисти започнале да ги критикуваат богатите селани или оние кои остварувале поголем профит од Новата економска политика, во целина програмата се покажала како целосно корисна и економијата била обновена.[30]. НЕП подоцна развила силна опозиција по смртта на Ленин во почетокот на 1924 година.[30].
Промени во руското општество
Во исто време додека руската економија поминувала низ процесот на трансформација, од друга страна и кај народната маса се случиле големи промени. Од почетокот на револуцијата, владата се обидила да ја ослабне патријахалната доминација на руското општество. За развод, повеќе не требало да се отвора судска постапка,[31] а жените биле ослободени од одговорноста за раѓање.[32]. Преку ова, еманципацијата на жените дошла до израз. Младите девојки биле обврзани да се школуваат или пак да најдат работа во некоја фабрика или канцеларија. Државните врати биле отворени за грижата на малите деца без родители.
Режимот тотално ја напуштил царската политика на дискриминација. Режимот во голема мера придонел за унапредување на медицинските услуги. Биле спроведени голем број на кампањи против колерата, тифусот и маларијата. Бројот на докторите се зголемил, животниот век се зголемил а од друга страна пак се намалила смртта на новородените деца.
Владата исто така го промовирала атеизмот и материјализмот, кои ги удриле темелите на марксистичката теорија. На ова се спротивставувале различни религиозни организации, а најмногу Руската православна црква која била столб на старата Руска Империја и главна препрека при општествените промени. Во тоа време, голем број на верски водачи и водачи биле однесени во интерни логори. На членовите на партијата им било забрането да одат во богослужие. Образовниот систем бил одвоен од црквата. Веронауката била избришена од образовниот систем, а во училиштата главно прединство се давал на атеизмот.
Индустријализација
Периодот од 1929 до 1939 година во Русија е период на масовна индустријализација и појава на внатрешни немири во раководството на комунистите, време кога главниот стремеж на Сталин бил да воспостави потполна контрола над руското општество, кое го иницирал преку таква неограничена моќ којшто не ја поседувал дури ни рускиот император. По смртта на Ленин, Сталин започнал борба за власт над Советскиот Сојуз со своите соперници од Политбирото, а посебно со Лав Троцки. До 1928 година, скоро сите поддржувачи на Троцки биле или убиени или прогонети, а оние кои останале во земјата едноставно останале и без моќ. По ова, Сталин започнал со спроведување на радикалните програми во процесот на индустријализацијата.[33]
Во 1928 година, Сталин го претставил првиот предлог на Петгодишниот план. Отргнувајќи ја на страна Новата економска политика како идеја на Ленин, овој план бил меѓу првите којшто бил спроведен по брзо акумулирање на капиталот преку изградба на тешки индустрии, колективизација на производството и рестрикција на производството на стока за широка потрошувачка.[30] Тоа било првпат во историјата на една земја, економијата да биде директно и во целост контролирана од страна на владата.
Како дел од планот, државата ја презела контролата над колективните фарми[34]. со декретот кој бил издан во 1930 година, околу еден милион фармери останале без своите имоти. Од овде дошло и незадоволство помеѓу селското население. Голем број на фармери за да не им го предадат својот добиток на државата, тие истиот го убивале. Во некои случаи имало примери за побуна, но голем дел од тие фармери биле погубени.[35]. Целиот овој процес на строга национализација и конфискација на имотите довело до појавава на глад[34], од којшто починале неколку милиони селани, а поголем број од нив по потекло биле од Украина и Кубањ[34]. Лошата ситуација по селата придонеле голема миграција на селското население од селата во градовите, преку кое придонесувале за развојот на индустријализацијата и зголемување на руската популација за само неколку години.
Освен на ова поле, планот придонел за промена и во други гранки од општественото уредување. Русија, од многу аспекти била најсиромашна земја во Европа во времето на Октомвриската револуција. По една декада, индустријализацијата се развивала со невидена брзина, достигнувајќи ја дури и германската. Советските власти во текот на 1932 година тврдиле дека индустрискиот раст бил зголемен за дури 334 % во споредба со 1914 година, или пак 180% во споредба од 1932 и 1937 година. Нападот врз Советскиот Сојуз од страна на Третиот Рајх во јуни 1941 и советската победа врз Германците, до голем степен било поради големиот производствен капацитет којшто претходно бил овозможен преку индустријализацијата.
Додека петгодишниот план се спроведувал, во исто време Сталин ја граден својата лична моќ. Била основана тајна полиција под името НКВД чие членство броило околу 10.000 граѓани. Шест членови на Политбирото од 1920 година, кои го надживеале Ленин биле ликвидирани од страна на Сталин. Освен овие, настрадале итн. стари болшевици, службеници на Ленин, високи чиновници во Црвената армија и голем број на директори.[36]. Чистките во останатите советски републики придонеле за централизација на моќта на Советскиот Сојуз.
Голем број на граѓани биле биле осудени на смрт поради измислени злостори, саботажи или шпионажи. Други пак побарале егзил во некои други соседни или запаноевропски земји[37]. Работата која ја извршувале затворениците станала важна компонента во индустријализацијата на земјата, посебно во Сибир[38][39]. Се смета дека околу 18.000.000 луѓе поминале по т.н. систем Гулаг и уште 15.000.000 биле однесени на принудна работа.[40][41].
Надворешна политика
Советскиот Сојуз можеби го почувствувал најмногу доаѓањето на власт во Германија на Хитлер, кој бил голем антикомунист. Ова најмногу излегло на виделина по создавање на т.н. Голем план кон исток како една од најголемите стратегии на Третиот Рајх.[42] Сепак, до 1939 година, Советскиот Сојуз бил голем противник на Третиот Рајх, поддржувајќи ги републиканците во Шпанија кои се бореле против германските и италијанските трупи.[43][44]. Во текот на 1938 и 1939 година, Советскиот Сојуз водел успешна војна против Јапонија, која завршила со потпишувањето на пакт околу меѓусебно ненапаѓање кој се одржал до август 1945 година.[45][46]
Во 1938 година, Германија го потпишала Минхенскиот договор со западните сили и заедно со Полска ја поделиле Чехословачка. Од страв да не биде нападната, Советскиот Сојуз започнал дипломатски маневри, по кои Полска одбила да учествува во заедничката безбедност, па Советскиот Сојуз склучил сојуз за ненапаѓање со Германија познат како Пакт Рибентроп-Молотов[47]. Со овој договор се нормализирале односите на двете земји и нивната меѓусебна трговија[48].
Втора светска војна
Седумнаесет денови по почетокот на германската инвазија на Полска од 1939 година, кога германската војска била на само 150 километри од советската граница, советската војска го окупирала источниот дел на Полска кој бил главно населен со Украинци и Белоруси[50][51]. По пропаднатиот договор околу размена на територии, Советскиот Сојуз започнал војна со Финска, позната како Зимска војна (1939 - 1940). Оваа војна била добиена со големи човечки жртви, но сепак биле приморени Финците да потпишат мировен договор[52][53]. Во летото 1940 година, Романија ги зазела Бесарабија и Буковина. Во истиот момент извршиле окупација на Летонија, Литванија и Естонија.[54][55][56]
И Третиот Рајх и Советскиот Сојуз се спремале за војна, и покрај тоа што Сталин сакал да го избегне воениот судир со Германија[57][58]. Сепак на 22 јуни 1941 година, Германија го прекршила договорот и навлегла на територијата на Советскиот Сојуз. До крајот на ноември истата година, Германија ја зазела Украина, а по ова ја започнала Опсадата на Ленинград, по кој планот бил германската војска да се упати кон престолнината Москва[59][60][61]. Во Битката кај Москва, германските сили биле одбиени од советските, по кое Германците се реорганизирале и главно се насочиле кон југоисточниот дел од земјата. Победите во Сталинградската битка и Курската битка го покажале идниот резултат од Втората светска војна. По овие порази, Германија не била повеќе во состојба да води офанзивна војна, па иницијативата преминала во рацете на Советите[62]. До крајот на 1943 година, Црвената армија ги разбила германските сили кај Ленинград, повратила голем дел од Украина и Западна Русија и навлегла во Белорусија [63]. До крајот на 1944 година, фронтот од Русија бил поместен во Источна Европа. Со огромна војска, советската армија се упатила кон територијата на Источна Европа, зазимајќи го Берлин во мај 1945 година[64] Третиот Рајх бил целосно поразен.
Како дел од договорот кој бил потпишан на Јалта, три дена по големата победа, Црвената армија извршила успешна инвазија во Манџурија.[65]
Иако Советскиот Сојуз од Втората светска војна излегол како победник, економијата на земјата била разорена. Во војната загинале 27.000.000 Совети[66]. Околу 1.700 градови и околу 70.000 населби биле целосно разрушени [67] Околу 13.000.000 советски граѓани станале жртва на репресивната политика на Третиот Рајх [68][69]. Голем број од советските Евреи биле погубени. Романските единици учествувале во геноцидот на Евреите од Одеса. За време на опсадата, Ленинград изгубил 27% од својата популација, а Псков и Новгород изгубиле една петтина од населението. Голем број од руското население настрадало во Карелија односно во финските логори. Скоро цела територија била пустоштена од Германија. Како некоја одмазда за ова, истото го направиле и Русите по нивното повлекување[70]. Како последица од војната, милиони граѓани починале од глад или од недостаток на елементарна медицинска помош. Околу 3.500.000 (од вкупно околу 5.500.000) умреле во германските логори [71][72][73].
Студена војна
По извојувањето на победата, избил конфликт помеѓу Советскиот Сојуз и САД, позната како Студена војна која се проширила на меѓународна сцена. Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, соперништвото помеѓу двете велесили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни. Главна преокупација на Сталин била своето влијание да го прошири до самата Германија, од каде подоцна започнувала т.н. Железна завеса[74]. Во времето кога Источна Европа била под окупација од црвената армија, Сталин добивал најмногу на време. На повоена Европа и' била потребна голема помош за обновата, и САД и СССР се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. САД решиле дека и покрај военото непријателство, мораат да ѝ помогнат на разурнатата Германија, бидејќи таа била важен индустриски фактор околу кој се вртела економијата на поголемиот дел од Европа[75]. САД го развиле и тнр. Маршалов план како механизам за економска помош. Советите пак, го формирале КОМЕКОН - советот за меѓусебна економска помош.
Покрај тоа, САД финансиски ги помогнале демократските сили во Италија на изборите во 1948 за да ја победат силната Комунистичка партија на Италија. Исто така, финансиски, со 400 милиони долари, ги помогнале и Грчките ројалисти во Граѓанската војна во Грција во борбата против комунистите, кои пак ги поддржувала Титова Југославија (Ројалистите ова го искористиле за да извршат геноцид врз Македонците кои биле на страната на комунистите и протерале стотици илјади Македонци од северна Грција).[76] Со помагањето на Грција, САД направиле преседан со кој и подоцна помагале анти-комунистички режими, без оглед колку тие биле репресивни и корумпирани.[76]
Во 1947 година, САД направиле реорганизација на одбранбениот систем: било формирано Министерството за одбрана, Централната Разузнавачка Агенција (ЦИА) и Националниот Совет за Безбедност. Овие три тела подоцна го понеле главниот товар во Студената војна.
Во текот на април 1949 година, САД го основал Северно-атлантскиот Сојуз познат под името НАТО, пакт во меѓусебна заштита според кој каков било напад на некоја од членките на тој сојуз би значело напад врз сите останати. Во 1955 година, Советскиот Сојуз основал еквивалентен сојуз на НАТО, познат под името Варшавски пакт [77][78][79]. Поделбата на Европа на Западна и Советска или Источна придобила глобален карактер, особено кога САД создал јадрен монопол за испробување на советската бомба Џо-1 и доаѓањето на власт на Комунистичката партија во Кина.
Иако никогаш не дошло до директен воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили.
САД склучиле сојуз со Јапонија во 1950, и договориле поставување на бројни воени бази на подолг период во Тихиот Океан и во Јапонија. Во 1950 започнала Корејската војна во која Кина и СССР го помагале Северот, а САД истовариле војници кои го помагале Југот. Војната завршила во 1953 со поделба на територијата на Кореја која трае до денес.
Хрушчов и Брежнев
Во борбата за власт која следувала по смртта на Сталин во 1953 година, неговите најблиски соработници ја изгубиле битката. Никита Хрушчов ја зацвтстил својата власт по говорот на дваесеттиот конгрес на Комунистичлката партија на Русија во 1956 година, на кој конгрес ги изложил безбројните ѕверства кои биле направени во времето на неговиот претходник, Сталин [80]. Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на животниот стандард на населението, и ова е периодот во кој советската економија бележи најголема стапка на пораст. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период.
Во текот на 1964 година, Хрушчов бил прогонет од Централниот комитет на Комунистичката партија, а како главна причина била оптужбата дека тој бил одговорен за Кубанската ракетна криза и продлабочувањето на Кинеско-советските проблеми[80]. Негов наследник станал биократот Леонид Брежнев[81].
И покрај големите напори на Хрушчов околу економскиот раст, сепак економскиот систем останал зависен од централните планови кои биле направени многу порано. Како развиена индустриска земја, властите на Советскиот Сојуз биле соочени со проблеми поврзани околу поголемиот процент на инвестирање и поголемиот број на работна сила. Ова било многу потешко да се исполни, главно поради пренасочувањето на економската политика од тешка индустрија кон индустрија за широка потрошувачка. Во годините на управувањето на Хрушчов, сепак биле постигнати големи резултати на полето на индустријата. Така, била изградена првата атомска електрана на светот, која во употреба била пуштена во 1954 година во близина на градот Обнинск. Времето на Брежњев пак е познато како период на „стагнација“, како во поглед на економијата и забавување на економскиот раст, така и во поглед на намалување на ограничените слободи кои биле постигнати во времето на Хрушчов. Во периодот на Брежњев, советската економија сè повеќе станувала зависна од извозот на нафта кон западните земји и увоз на храна од нив. Сепак и во овој период и покрај економската стагнација биле завршени големи проекти, како што се Бакалско-амурската магистрала кој ги поврзувала териториите на сојузот од далечниот исток до останатите земји, и вселенската станица „Мир“.
Советската вселенска програма, со која раководел Сергеј Павлович Королов била исклучиво успешна. На 4 октомври 1957 година бил пуштен во вселената првиот вештачки сателит наречен Спутник[82]. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин станал првиот човек кој заминал во вселената со советскиот вселенски брод Восток 1[83]. Заедно со тоа, биле направени првите слики од вселената. Алексиј Леонов станал првиот човек кој претстојувал заштитен со скафандер во космичкиот простор надвор од космичкото летало за време на летот на вселенскиот брод Васход 2. Валентина Терешкова пак била првата жена која летала во вселената со вселенскиот брод Восток 6.
Распаѓање
До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база.[84] Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра.[85]. Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз.[85][86] За да ја спаси економијата од колапс, Михаил Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.
Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна.[87]
До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990. СССР официјално се распаднал на 25 декември 1991 година[88]. Конечниот чин било со предавање на власта на Советскиот Сојуз и преземање на власта во Русија од страна на Борис Елцин. Руската Федерација официјално започнала да постои на 26 декември 1991 година[88].
Политика
Владата на Советскиот Сојуз била застапувана од страна на членовите на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. КПСС била единствената политичка партија во времето на СССР.
Нејзини раководни органи биле Централниот комитет (ЦК), Политбиро на ЦК на КПСС, Секретариатот на ЦК.
Економија
Споредба помеѓу Советската и Американска економија (1989) [89] | ||
---|---|---|
СССР | САД | |
БДП (1989 – милиони$) | 2,659,500 | 5,233,300 |
население (јули 1990) | 290,938,469 | 250,410,000 |
БДП по глава на жител ($) | 9,211 | 21,082 |
Работна сила (1989) | 152,300,000 | 125,557,000 |
Пред распаѓањето на СССР, земјата имала втора по големина економија во светото, веднаш по САД.[89] таа се засновала врз системот на државна сопственост управувана преку Госплан, Госбанка и Госнаб.
Првиот поголем проект за економско планирање и развој бил планот ГОЕЛРО, кој траел пет години. Акцентот бил ставен врз брзиот развој во тешката индустрија, преку кое нацијата станала една од најголемите производители во светот на голем број на основни и тешки индустриски производи. Земјоделството било организирано преку системот на колективни фарми и водачни фарми, но сепак се покажале доста непродуктивни. По смртта на Ленин во 1924 година, економските реформи на Сталин овозможиле Советскиот Сојуз да стане земја со најразвиена економија во светот. Благодарение на строгите државни контроли, земјата во рамките на своето постоење се претворила од една од најсиромашните европски земјоделски нации во втора најразвиена и најголема економија во светот (после САД) главно насочена кон тешката индустрија. Државниот систем на граѓаните им овозможил работа и сите најпотребни услуги, како што се здравство, образование кои биле бесплатнi. Какио реултат на тоа СССР успел до самото распаѓање да има добар животен стандард за населението, но и под нивото на развиените капиталистички земји.
Советските економски планови биле управувани од страна на Државната комисија за планирање, Госплан. Таа била одговорна за распределбата на добрата и одлучувала за количествата производи, кои требало да се произведат во рамките на петгодишниот план. Целосната државната сопственост на претпријатијата и економијата значело дека во пракса целата економска активност ја води Госплан. Покрај тоа, до доаѓањето на Михаил Горбачов приватните средства останале забранети. Овие одлики на советската економија, како и релативно слабо развиената лесна индустрија довело до значително забавување на економскиот раст, особено во годините на Леонид Брежнев (1964-1982).
Култура
Културата на Советскиот Сојуз поминала низ неколку фази во текот на 70-годишното постоење на СССР. Во текот на првите единаесет години по револуцијата (1918-1929), имало релативна слобода и уметнички експерименти во неколку различни стилови, во обид да се најде еден засебен советски стил на уметноста. Ленин тежнеел уметноста да биде достапна до рускиот народ.
По Октомвриската револуција од 1917 година, рускиот културен живот во голем степен се променил или пак бил претворен во хаос. Некои истакнати и познати писатели од тој период, како Иван Буњини и Владимир Набоков ја напуштиле земјата, додека пак новата генерација на млади талентирани писатели се приклучиле кон различни организации со цел создавање на една нова културна книжевност проследена со новиот режим во склопот на Советскиот Сојуз. Во текот на 1920-тите, писателите уживале широка толеранција. Во 1930-тите, објавувањето на новите книжевни дела било затегнато со оглед на доаѓањето на власт на Јосиф Сталин и неговата социјалистичка политика и режим. Голем број на писатели биле затворани и прогонувани во тој период. По неговата смрт, ограничувањата биле отфрлени за да во 1970-тите и 1980-тите истите бидат игнорирани. Од најпознатите водечки писатели од оваа ера, најмногу се издвојуваат: Евгениј Земјатин, Исак Бабел, Владимир Мајаковски, Илф и Петров, Јуриј Олеша, Михаил Булгаков, Борис Пастернак, Михаил Шолохов, Александар Солженицин, Андреј Вознесенски и други. Една од најпознатата песна од тоа време е Света војна. Текстот го напишал Василиј Лебедев-Кумач во 1941 г. на почетокот на германската инвазија на СССР. Композитор на музиката е Александар Василевич Александров, основач на Хорот на Црвената армија и композитор на музиката за химната на СССР.
Во текот на XX век, најпознати архитектонски стилови во Русија биле сецесијата (Фјодор Шехтел), конструктивизам (Алексеј Шчусев и Константин Мелников), и Сталинистичката архитектура (Борис Јофан). По смртта на Сталин, Никита Хрушчов целосно го осудил веќе поранешниот архитектонски стил. Кон крајот на советската ера, доминантен архитектонски стил во Русија бил функционализмот.
Републики на Советскиот Сојуз
- Главна статија: Републики на Советскиот Сојуз
Советскиот Сојуз во својата конечна фаза се состоел од 15 републики. Претходно имало многу други привремени Републики. Ова се конечните 15. СССР бил создаден и проширен како сојуз на Советски републики формирани во територијата на Руската Империја, која исчезна во Руската Револуција од 1917, проследена од Руската граѓанска војна од 1918-1920. Географските граници на СССР варирале од време на време, но од 1945 па сè до распадот, териториите на СССР кореспондираат со оние на доцната империјална Русија, со забележлив исклучок во Финска и Полска.
Советска социјалистичка република |
население (1989) |
pop./ USSR pop. (%) |
површина (км2) (1991) |
површина/ /ссср (%) |
pop. густина км2 |
престолнина |
независна земја |
Бр. |
мапа |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Руска СФСР | 147 386 000 | 51,40 | 17 075 200 | 76,62 | 8,6 | Москва | Русија | 1 | |
Украинска ССР | 51 706 746 | 18,03 | 603 700 | 2,71 | 85,6 | Киев | Украина | 2 | |
Узбечка ССР | 19 906 000 | 6,94 | 447 400 | 2,01 | 44,5 | Ташкент | Узбекистан | 4 | |
Казашка ССР | 16 711 900 | 5,83 | 2 727 300 | 12,24 | 6,1 | Алмати | Казахстан | 5 | |
Белоруска ССР | 10 151 806 | 3,54 | 207 600 | 0,93 | 48,9 | Минск | Белорусија | 3 | |
Азерска ССР | 7 037 900 | 2,45 | 86 600 | 0,39 | 81,3 | Баку | Азербејџан | 7 | |
Грузиска ССР | 5 400 841 | 1,88 | 69 700 | 0,31 | 77,5 | Тбилиси | Грузија | 6 | |
Таџикска ССР | 5 112 000 | 1,78 | 143 100 | 0,64 | 35,7 | Душанбе | Таџикистан | 12 | |
Молдавска ССР | 4 337 600 | 1,51 | 33 843 | 0,15 | 128,2 | Кишинев | Молдавија | 9 | |
Киргиска ССР | 4 257 800 | 1,48 | 198 500 | 0,89 | 21,4 | Фрунзе | Киргистан | 11 | |
Литванска ССР | 3 689 779 | 1,29 | 65 200 | 0,29 | 56,6 | Вилнус | Литванија | 8 | |
Туркменска ССР | 3 522 700 | 1,23 | 488 100 | 2,19 | 7,2 | Ашхабад | Туркменистан | 14 | |
Ерменска ССР | 3 287 700 | 1,15 | 29 800 | 0,13 | 110,3 | Ереван | Ерменија | 13 | |
Латвиска ССР | 2 666 567 | 0,93 | 64 589 | 0,29 | 41,3 | Рига | Летонија | 10 | |
Естонска ССР | 1 565 662 | 0,55 | 45 226 | 0,20 | 34,6 | Талин | Естонија | 15 |
СССР како тема во уметноста и во популарната култура
Поврзано
- Распаѓање на Советскиот Сојуз (1985–1991)
- Историја на Советскиот Сојуз (1953–1985)
- Човекови права во Советскиот Сојуз
- Калининградска Област
- Воена историја на Советскиот Сојуз
- Пост-советски држави
- Премиер на Советскиот Сојуз
- Претседател на Советскиот Сојуз
- Прометеизма
- Државни празници на Советскиот Сојуз
- Републики во Советскиот Сојуз
- Советска војна во Авганистан
- Советизација
- Тоталитаризам
- Марксизам
- Ленинизам
Белешки
- ↑ СССР била тоталитарна држава сè до смрта на Сталин. За Советскиот Сојуз и за останатите комунистички држави по 1953 година, со исклучок на Северна Кореја и Албанија (се до смрта на Енвер Хоџа), се користи терминот посттоталитарни држави, види Крајот на историјата и последниот човек, Френсис Фукујама.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Encyclopedia Britannica http://www.britannica.com/EBchecked/topic/614785/Union-of-Soviet-Socialist-Republics
- ↑ 2,0 2,1 Robert Service. Stalin: A Biography. 2004. ISBN 978-0-330-41913-0
- ↑ Crile, George (2003). Charlie Wilson's War: The Extraordinary Story of the Largest Covert Operation in History. Atlantic Monthly Press. ISBN 0871138549.
- ↑ Russian: Договор о ненападении между Германией и Советским Союзом; German: Nichtangriffsvertrag zwischen Deutschland und der Union der Sozialistischen Sowjetrepubliken; from facsimile at 100(0) Schlüsseldokumente (www.1000dokumente.de), accessed 17 септември 2009.
- ↑ 5,0 5,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-06-15. Посетено на 2010-05-13.
- ↑ Source: NATO website 2nd Footnote at bottom
- ↑ Mr. David Holloway (1996). Stalin and the Bomb. Yale University Press. стр. 15. ISBN 978-0300066647. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help) - ↑ Turner 1987, стр. 23
- ↑ Byrd, Peter (2003). „Cold War (entire chapter)“. Во McLean, Iain; McMillan, Alistair (уред.). The concise Oxford dictionary of politics. Oxford University Press. ISBN 0192802763. Посетено на 2008-06-16.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ Garthoof, Raymond L. "The Great Transition: American-Soviet Relations and the End of the Cold War" (Washington: Brookings Institution, 1994).
- ↑ Courtois, Stephane; Werth, Nicolas; Panne, Jean-Louis; Paczkowski, Andrzej; Bartosek, Karel; Margolin, Jean-Louis & Kramer, Mark (1999). The Black Book of Communism: Crimes, Terror, Repression. Harvard University Press. ISBN 0-674-07608-7
- ↑ B.V.Sennikov. Tambov rebellion and liquidation of peasants in Russia, Publisher: Posev, 2004, ISBN 5-85824-152-2 Full text in Russian
- ↑ http://www.fas.harvard.edu/~nrc/Gulag.pdf
- ↑ See, e.g. Michael Jakobson, Origins of the GULag: The Soviet Prison Camp System 1917–34, Lexington, KY: University Press of Kentucky, 1993, p. 88.
- ↑ See, e.g. Galina M. Ivanova, Labor Camp Socialism: The Gulag in the Totalitarian System, Armonk, NY: M.E. Sharpe, 2000, Chapter 2.
- ↑ Houghton Miffin Company (2006)
- ↑ Cf, e.g., Istorija stalinskogo Gulaga: konec 1920-kh - pervaia polovina 1950-kh godov; sobranie dokumentov v 7 tomakh, ed. by V. P. Kozlov et al., Moskva: ROSSPEN 2004, vol. 4: Naselenie GULAGa
- ↑ Franciszek Proch, Poland's Way of the Cross, New York 1987 P.146
- ↑ Project In Posterum
- ↑ Robert Gellately: Lenin, Stalin and Hitler (s. 531)
- ↑ Ralf Stettner Archipel GULag Stalins Zwangslager; Paderborn: Schöningh, 1996; S. 99–101
- ↑ Joel Kotek, Pierre Rigoulot Das Jahrhundert der Lager. Gefangenschaft, Zwangsarbeit, Vernichtung; Propyläen 2001, ISBN 3-549-07143-4; S. 157–159. Original: Le siècle des camps, Éditions Lattès 2000.
- ↑ http://www.dpcamps.org/russianpow.html
- ↑ Bridget O'Laughlin (1975) Marxist Approaches in Anthropology Annual Review of Anthropology Vol. 4: pp. 341–70 (October 1975) (doi:10.1146/annurev.an.04.100175.002013).
William Roseberry (1997) Marx and Anthropology Annual Review of Anthropology, Vol. 26: pp. 25–46 (October 1997) (doi:10.1146/annurev.anthro.26.1.25) - ↑ Encyclopedia Britannica http://www.britannica.com/EBchecked/topic/367344/Marxism/35153/Russian-and-Soviet-Marxism
- ↑ Предлошка:Kilde www
- ↑ Rulers and Victims: The Russians in the Soviet Union Архивирано на 18 јуни 2009 г., History Today
- ↑ "Tsar Killed, USSR Formed," in 20th Century Russia. Retrieved 21 јули 2007.
- ↑ Soviet Union Information Bureau, Area and Population. Retrieved 21 јули 2007.
- ↑ 30,0 30,1 30,2 30,3 30,4 30,5 Richman, Sheldon (1981). „War Communism to NEP: The Road to Serfdom“ (PDF). The Journal of Libertarian Studies. 5 (1): 89–97.
- ↑ Pushkareva, Natalia. „Marriage in Twentieth Century Russia: Traditional Precepts and Innovative Experiments“ (.doc). Russian Academy of Sciences. Посетено на 2007-07-23.
- ↑ Larissa Remennick (1991), "Epidemology and Determinants of Induced Abortion in the USSR," in Soc. Sci. Med. 33(7): 841-848.
- ↑ I. Deutscher, Stalin: A Political Biography, Oxford University Press, 1949, pp. 294–344.
- ↑ 34,0 34,1 34,2 Conquest, Robert. The Harvest of Sorrow: Soviet Collectivization and the Terror-Famine. New York: Oxford University Press, 1987. ISBN 0-19-505180-7.
- ↑ Viola, Lynne. Peasant Rebels under Stalin. Collectivization and the Culture of Peasant Resistance. 2nd ed. New York: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-513104-5.
- ↑ Conquest, Robert. The Great Terror: A Reassessment. New York: Oxford University Press, 1990. ISBN 0-19-507132-8.
- ↑ The Gulag Collection: Paintings of Nikolai Getman
- ↑ Gregory, Paul R. & Valery Lazarev (eds.). The Economics of Forced Labor: The Soviet Gulag. Stanford: Hoover Institution Press, 2003. ISBN 0-8179-3942-3.
- ↑ Ivanova, Galina M. Labor Camp Socialism: The Gulag in the Soviet Totalitarian System. Armonk, NY: M. E. Sharpe, 2000. ISBN 0-7656-0427-2.
- ↑ „Anne Applebaum -- Inside the Gulag“. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2010-05-13.
- ↑ Applebaum, Anne. Gulag: A History of the Soviet Camps. London: Penguin Books, 2003. ISBN 0-7139-9322-7.
- ↑ See, eg. Mein Kampf
- ↑ Payne, Stanley G. The Spanish Civil War, the Soviet Union, and Communism. New Haven: Yale University Press, 2004. ISBN 0-300-10068-X
- ↑ Radosh, Ronald, Mary Habeck & Grigory Sevostianov (eds.). Spain Betrayed: The Soviet Union in the Spanish Civil War. New Haven: Yale University Press, 2001. ISBN 0-300-08981-3.
- ↑ Coox, Alvin D. The Anatomy of a Small War: The Soviet-Japanese Struggle for Changkufeng/Khasan, 1938. Westport, CT: Greenwood Press, 1977. ISBN 0-8371-9479-2.
- ↑ Coox, Alvin D. Nomonhan: Japan against Russia, 1939. 2 vols. Stanford: Stanford University Press, 1990. ISBN 0-8047-1835-0.
- ↑ Roberts, Geoffrey (1992). The Soviet Decision for a Pact with Nazi Germany. Soviet Studies 44 (1), 57-78.
- ↑ Ericson, Edward E. Feeding the German Eagle: Soviet Economic Aid to Nazi Germany, 1933-1941. New York: Praeger, 1999. ISBN 0-275-96337-3.
- ↑ Leaders mourn Soviet wartime dead
- ↑ Gross, Jan Tomasz. Revolution from Abroad: The Soviet Conquest of Poland's Western Ukraine and Western Belorussia. Princeton: Princeton University Press, 2002. 2nd ed. ISBN 0-691-09603-1.
- ↑ Zaloga, Steven & Victor Madej. The Polish Campaign 1939. 2nd ed. New York: Hippocrene Books, 1991. ISBN 0-87052-013-X.
- ↑ Vehviläinen, Olli. Finland in the Second World War: Between Germany and Russia. New York: Palgrave, 2002. ISBN 0-333-80149-0
- ↑ Van Dyke, Carl. The Soviet Invasion of Finland 1939-1940. London: Frank Cass, 1997. ISBN 0-7146-4314-9.
- ↑ Dima, Nicholas. Bessarabia and Bukovina: The Soviet-Romanian Territorial Dispute. Boulder, CO: East European Monographs, 1982. ISBN 0-88033-003-1.
- ↑ Tarulis, Albert N. Soviet Policy Toward the Baltic States 1918-1940. Notre Dame, IN: University of Notre Dame Press, 1959.
- ↑ Misiunas, Romuald J. & Rein Taagepera. The Baltic States: The Years of Dependence, 1940-90. 2nd ed. London: Hurst & Co, 1993. ISBN 1-85065-157-4.
- ↑ А. В. Десять мифов Второй мировой. — М.: Эксмо, Яуза, 2004, ISBN 5-699-07634-4
- ↑ Mikhail Meltyukhov, Stalin's Missed Chance, М. И. Мельтюхов Упущенный шанс Сталина: Советский Союз и борьба за Европу 1939-1941 гг. : Документы, факты, суждения. Изд. 2-е, испр., доп. ISBN 5-7838-1196-3 (second edition)
- ↑ Gilbert, Martin. The Second World War: A Complete History. 2nd ed. New York: Owl Books, 1991. ISBN 0-8050-1788-7.
- ↑ Thurston, Robert W. & Bernd Bonwetsch (ed.). The People's War: Responses to World War II in the Soviet Union. Urbana: University of Illinois Press, 2000. ISBN 0-252-02600-4.
- ↑ Clark, Alan. Barbarossa: The Russian-German Conflict, 1941-1945. New York: Harper Perennial, 1985. ISBN 0-688-04268-6.
- ↑ Beevor, Antony. Stalingrad, The Fateful Siege: 1942-1943. New York: Viking, 1998. ISBN 0-670-87095-1.
- ↑ Glantz, David M. & Jonathan M. House. When Titans Clashed: How the Red Army Stopped Hitler. Lawrence: University Press of Kansas, 1998. ISBN 0-7006-0717-X.
- ↑ Beevor, Antony. Berlin: The Downfall, 1945. 3rd ed. London: Penguin Books, 2004. ISBN 0-14-101747-3.
- ↑ Glantz, David M. The Soviet 1945 Strategic Offensive in Manchuria: ‘August Storm’. London: Routledge, 2003. ISBN 0-7146-5279-2.
- ↑ This is far higher than the original number of 7 million given by Stalin, and, indeed, the number has increased under various Soviet and Russian Federation leaders. See Mark Harrison, The Economics of World War II: Six Great Powers in International Comparison, Cambridge University Press, 1998, p. 291 (ISBN 0-521-78503-0), for more information.
- ↑ As evidenced at the post-war Nuremberg Trials. See Ginsburg, George, The Nuremberg Trial and International Law, Martinus Nijhoff, 1990, p. 160. ISBN 0-7923-0798-4.
- ↑ Gerlach, C. «Kalkulierte Morde» Hamburger Edition, Hamburg, 1999
- ↑ Россия и СССР в войнах ХХ века", М. "Олма- Пресс", 2001 год
- ↑ Final Compensation Pending for Former Nazi Forced Laborers
- ↑ „Case Study: Soviet Prisoners-of-War (POWs), 1941-42“. Gendercide Watch. Посетено на 2007-07-22.
- ↑ "Soviet Casualties and Combat Losses in the Twentieth Century", Greenhill Books, London, 1997, G. F. Krivosheev
- ↑ Christian Streit: Keine Kameraden: Die Wehrmacht und die Sowjetischen Kriegsgefangenen, 1941-1945, Bonn: Dietz (3. Aufl., 1. Aufl. 1978), ISBN 3-8012-5016-4
- ↑ Lewis Gaddis, John (1990). Russia, the Soviet Union, and the United States: An Interpretive History. McGraw-Hill. стр. 176. ISBN 0075572583.
- ↑ Ray Salvatore Jennings "The Road Ahead: Lessons in Nation Building from Japan, Germany, and Afghanistan for Postwar Iraq Архивирано на 23 декември 2003 г. May 2003, Peaceworks No. 49 pg.15
- ↑ 76,0 76,1 LaFeber, Walter (1991). Foner, Eric; Garraty, John Arthur. eds., The Reader's Companion to American History, Houghton Mifflin Books, ISBN 0-395-51372-3.
- ↑ Mastny, Vojtech, Malcolm Byrne & Magdalena Klotzbach (eds.). Cardboard Castle?: An Inside History Of The Warsaw Pact, 1955-1991. Budapest: Central European University Press, 2005. ISBN 963-7326-08-1.
- ↑ Holloway, David & Jane M. O. Sharp. The Warsaw Pact: Alliance in Transition? Ithaca: Cornell University Press, 1984. ISBN 0-8014-1775-9.
- ↑ Holden, Gerard. The Warsaw Pact: Soviet Security and Bloc Politics. Oxford: Blackwell, 1989. ISBN 0-631-16775-7.
- ↑ 80,0 80,1 „Nikita Sergeyevich Khrushchev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.
- ↑ „Leonid Ilyich Brezhnev“. CNN. Архивирано од изворникот на 2008-06-13. Посетено на 2007-07-22.
- ↑ Steve Garber (2007-01-19). „Sputnik and The Dawn of the Space Age“. NASA. Посетено на 2007-07-22.
History changed on 4 октомври 1957, when the Soviet Union successfully launched Sputnik I. The world's first artificial satellite ...
- ↑ Neil Perry (2001-04-12). „Yuri Gagarin“. Guardian Unlimited. Посетено на 2007-07-22.
April 12 2001 is the fortieth anniversary of Yuri Gagarin's flight into space, the first time a human left the planet
- ↑ William E. Odom, The Collapse of the Soviet Military, Yale University Press, 1998, p. 1.
- ↑ 85,0 85,1 LaFeber 2002, 332
- ↑ LaFaber 2002, 331-333
- ↑ "Cold War," A Dictionary of World History. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press.
- ↑ 88,0 88,1 „Timeline: Soviet Union“. BBC. Посетено на 2007-07-22.
1991 25 декември - Gorbachev resigns as Soviet president; US recognises independence of remaining Soviet republics
- ↑ 89,0 89,1 „1990 CIA World Factbook“. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2018-10-01. Посетено на 2008-03-09.
- ↑ The Occupation of Latvia: Aspects of History and International Law Архивирано на 24 ноември 2011 г. Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Latvia
- ↑ Documents on Estonia Human Rights, United Nations
- ↑ U.S.-Baltic Relations: Celebrating 85 Years of Friendship Архивирано на 19 август 2012 г. U.S. Department of State
- ↑ Motion for a resolution on the Situation in Estonia European Parliament
- ↑ European Parliament: Resolution on the situation in Estonia, Latvia and Lithuania (No C 42/78) (1983). Official Journal of the European Communities. European Parliament.
- ↑ Aust, Anthony (2005). Handbook of International Law. Cambridge University Press. ISBN 978-0521530347.
- ↑ Ziemele, Ineta (2005). State Continuity and Nationality: The Baltic States and Russia. Martinus Nijhoff Publishers. ISBN 90-04-14295-9.
- ↑ DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
Надворешни врски
Повеќе за Soviet Union на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Импресии од Советска Русија, од Џон Девеј Архивирано на 21 јануари 2008 г.
- Документи и други форми на медиуми од Советскиот Сојуз: 1917-1991.
- Советски Сојуз
- Зауби од вооружените сили на СССР во војни, борбени операции, како и воени конфликти
- Soviet Union Exhibit at Global Museum on Communism with essay by Richard Pipes Архивирано на 29 февруари 2012 г.
- (руски) Карта на СССР, граници, републики и територијата на СССР
|
|