Иртиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иртиш
Irtysh basin.png
Сливното подрачје на Иртиш
Земја Русија, Казахстан, Кина, Монголија
Слив
Главен извор Алтај
Устие Об
Гол. на сливот 1.643.000 км²
Физички особености
Должина 4.248 км
Проток

Иртиш (руски: Иртыш; руски: Ертiс; кинески: 额尔齐斯河, пинјин: É'ěrqísī hé; руски: ئېرتىش; монголски: Эрчис мөрөн; татарски: Иртеш) — река во Сибир и Казахстан, главна притока на Об. Реката има мошне големо и значајно сливно подрачје во Азија, опфаќајќи го западен Сибир и Алтајските Планини.

Географија[уреди | уреди извор]

Иртиш кај Павлодар, Казахстан
Пристаништето на Иртиш во Ханти-Мансијск, Русија

Реката извира како во монголски Алтај (Сјинџанг, Кина), каде е наречена Кара Иртиш (Црн Иртиш), па тече на северозапад преку Зајсанското Езеро во Казахстан. Потоа во неа се влеваат реките Ишим и Тобол, за на крај самата река да се влее во Об кај Ханти-Мансијск во западен Сибир, Русија. Течението има должина од вкупно 4.248 км.

Стопанско значење[уреди | уреди извор]

По реката половат, танкери, товарни и патнички бродови од април до октомври, кога не е замрзната. Најголемо пристаниште на реката во русија е градот Омск. Во Казахстан по течението има 3 големи хидроцентрали: Бухтарминската, Уст-Каменогорската и Шулбинската. Кај Уст-Каменогорск се наоѓа најдлабоката бродска преводнца во светот, со спуст од 42 м.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

По течението на реката, со векови живееле разни монголски и туркиски народи. Во XV и XVI век долното и средното течение на Иртиш влегувало во состав на татарскиот Сибирски ханат, кој Русија го освоила во 1580-тите. Во XVII век, Џунгарскиот ханат (царството на Ојратите) станало јужен сосед на Русија и завладеало со горното течение на реката. Во поречјето, Русија потоа основала повеќе градови: Омск (1716) Семипалатинск (1718) Уст-Каменогорск (1720) и Пењтропавловск (1752).

Во 1750-тите години Кина ја освоила џунгарската држава. Границата помеѓу Русија и тогашна Кина (денес граница на Русија со Казахстан на север и меѓу Монголија и Кина на југ) е исцртана на почетокот на XIX век.

Градови по течението[уреди | уреди извор]

Поважни населени места по течението на Иртиш (низводно) се:

Во книжевноста[уреди | уреди извор]

Епилогот на романот „Злосторство и казна“ (1866) од Фјодор Достоевски се случува кај реката Иртиш.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]