Тобол (руски: Тобол ; казашки: Тобыл) е река во Курганската и Тјумењската област во Русија и Казахстан, лева притока на Иртиш. Долга е 1591 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 426.000 км2. Просечниот истек во устието изнесува 805 м3/с. Долното течение замрзнува кон крајот октомври и ноември, а горното течение во ноември. Мразот се топи во втората половина на април и почетокот на мај. Пловна е во должина од 437 км од устието.
Тобол е една од четирите значајни реки во Сибирскиот ханат. Во 1428 г. се одиграла Битката на Тобол, во која ханот загинал борејќи се против војската на Абулајр Хан[1]