Костанај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Костанај
Қостанай
Град
Театар Костанај
Театар Костанај
Знаме на Костанај
Знаме
Грб на Костанај
Грб
Костанај is located in Казахстан
Костанај
Костанај
Локација на Костанај во Казахстан
Координати: 53°12′0″N 63°38′0″E / 53.20000° СГШ; 63.63333° ИГД / 53.20000; 63.63333Координати: 53°12′0″N 63°38′0″E / 53.20000° СГШ; 63.63333° ИГД / 53.20000; 63.63333
Земја Казахстан
ОбластКостанајска
Основан1879
Статус на град1893
Управа
 • Akim (градоначалник)Базил Жакупов
Површина
 • Вкупна240 км2 (90 ми2)
Надм. вис.&10000000000000185000000185 м
Население (2020)
 • Вкупно248 267
 • Густина900/км2 (2,000/ми2)
Часовен појасUTC+6 (UTC+6)
Пошт. бр.110000
Повик. бр.+7 7142
Рег. таб.10
Мреж. местоhttps://www.kostanay-city.kz

Костанај (казашки: Қостанай, Qostanaı; руски: Костанай) — град сместен на реката Тобол во северен Казахстан. Тој беше познат како Николаевск (руски: Николаевск) до 1895 година, а потоа како Кустанај (руски: Кустанай) до 1997 година. Костанај е административен центар на Костанајската област.

Историја[уреди | уреди извор]

Џамија во Костанај

Костанај е основан од руски доселеници во 1879 година и го добил името Николаевск, во чест на царот Николај Втори. Во 1888 година, во градот имаше повеќе од 3.000 жители вклучени во изградбата на воденица и пиварница, кои сè уште се во функција. Во 1893 година, Костанеј доби статус на град. Црвената армија ја презеде контролата во 1918 година и го смени името на градот во Костанај. Костанајската област е основан во 1936 година со административен центар во Костанај.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во степската зона на север од платото Тургај, во југоисточниот дел на западно-сибирската рамнина, на реката Тобол, 571 км северозападно од градот Нур-Султан (704 км по должината на автопатот). Најблискиот милионски град е рускиот Чељабинск, сместен на 260 км (300 км по должината на автопатот) северозападно од Костанај.

Клима[уреди | уреди извор]

Костанај има пријатна и летна влажна континентална клима, со топли и суви лета и студени снежни зими. Карактеристични се остри промени во температурата во текот на денот; просечната брзина на ветерот е 3,2 м/с. Врнежи годишно околу 300–350 mm, максимални врнежи се случуваат во текот на летото. Просечната годишна влажност е 71%.[2]

Климатски податоци за Костанај (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 3.2
(37.8)
3.8
(38.8)
16.6
(61.9)
30.6
(87.1)
38.6
(101.5)
41.0
(105.8)
40.8
(105.4)
39.9
(103.8)
36.3
(97.3)
28.6
(83.5)
14.3
(57.7)
6.8
(44.2)
41.0
(105.8)
Прос. висока °C (°F) −10.1
(13.8)
−9.1
(15.6)
−2.0
(28.4)
11.3
(52.3)
20.6
(69.1)
26.7
(80.1)
27.1
(80.8)
25.4
(77.7)
19.0
(66.2)
10.2
(50.4)
−1.5
(29.3)
−8.1
(17.4)
9.1
(48.4)
Сред. дневна °C (°F) −14.5
(5.9)
−14.0
(6.8)
−7.3
(18.9)
5.4
(41.7)
13.8
(56.8)
19.9
(67.8)
20.9
(69.6)
18.8
(65.8)
12.5
(54.5)
4.8
(40.6)
−5.5
(22.1)
−12.3
(9.9)
3.5
(38.3)
Прос. ниска °C (°F) −18.9
(−2)
−18.6
(−1.5)
−12.0
(10.4)
0.2
(32.4)
7.5
(45.5)
13.5
(56.3)
15.2
(59.4)
13.1
(55.6)
7.1
(44.8)
0.5
(32.9)
−8.1
(17.4)
−16.5
(2.3)
−1.5
(29.3)
Најниска забележана °C (°F) −45.8
(−50.4)
−47.8
(−54)
−37.3
(−35.1)
−24.0
(−11.2)
−9.5
(14.9)
−2.1
(28.2)
2.9
(37.2)
−0.7
(30.7)
−8.7
(16.3)
−23.0
(−9.4)
−37.6
(−35.7)
−44.5
(−48.1)
−47.8
(−54)
Прос. врнежи мм (ин) 19
(0.75)
15
(0.59)
15
(0.59)
25
(0.98)
35
(1.38)
35
(1.38)
54
(2.13)
35
(1.38)
25
(0.98)
29
(1.14)
25
(0.98)
24
(0.94)
336
(13.23)
Прос. бр. дождливи денови 0 0 3 7 13 11 12 12 11 9 4 1 83
Прос. бр. снежни денови 19 16 12 4 1 0.1 0 0 0.3 5 13 18 88
Прос. релативна влажност (%) 82 81 81 68 58 57 64 64 64 73 82 82 71
Сред. бр. сончеви часови месечно 96 141 201 251 296 322 321 283 210 139 90 78 2.428
[се бара извор]

Население[уреди | уреди извор]

Библиотека Костанај

На почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 248 267 жители.[3]

Година Население
1897 14 275
1959 86 382
1970 123 517
1979 164 500
1989 224 598
1991 233 900
1999 221 429
2004 204 243
2008 209 336
2012 216 390
2016 231 906
2020 248 267

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Етничкиот состав на жителите на Костанај (на почетокот на 2020 година):

Народ Вкупно Удел (%)
Руси 103 982 41.88
Казаци 102 787 41.40
Украинци 16 785 6.76
Германци 5 494 2.21
Татари 4 737 1.91
Белоруси 2 988 1.20
Корејци 2 829 1.14
Азери 1 426 0.57
Ерменци 752 0.30
Башкири 715 0.29
Чеченци 557 0.22
Полјаци 430 0.17
Ингуши 389 0.16
Молдавци 394 0.16
други 4 002 1.61
вкупно 248 267 100.00

Транспорт[уреди | уреди извор]

Костанај е поврзан по пат со следните градови во Русија: Чељабинск, Магнитогорск, Троицк, Екатеринбург, Курган и Тјумен. Исто така е поврзан со Нур-Султан и Алмати во Казахстан. Педесет и три железнички станици превезуваат патници и товар од градот. Нафтата се доставува со железница од Русија, како и од рафинериите за нафта во Казахстан.

Меѓународниот аеродром Костанај извршува чартер летови до многу градови во Казахстан, поранешните советски републики, Германија (Франкфурт и Хановер), Обединетите Арапски Емирати, Турција и други земји. Аеродромот исто така функционира како царински пункт.

Спорт[уреди | уреди извор]

Костанај е дом на фудбалскиот клуб ФК Тобол, кој игра на централниот стадион Костанај. ФК Тобол учествува во Супер лигата на Казахстан. Костанај исто така има кошаркарски тим, БК Тобол Костанај, кој учествува во кошаркарскиот куп на Казахстан. Градот има лизгалиште за зимски спортови.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kostanay city“. visitkazakhstan.kz. Посетено на 2020-11-28.
  2. „Погода и Климат - Климат Костаная“. web.archive.org. 2016-11-25. Посетено на 2020-11-28.
  3. „stat.gov.kz“. stat.gov.kz. Посетено на 2020-11-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]