Ишим (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ишим
Astana-Ishim-7802.jpg
Ишим во Астана
Земја Казахстан, Русија
Физички особености
Должина 2.450 км
Проток
  • Просечен:
    56,3 м³/с

Ишим (руски: Иши́м; казашки: Есіл) — река во Казахстан и Русија, лева и најдолга притока на Иртиш. Долга е 2.450 км и има просечен истек од 56,3 м3. Реката е само делумно пловна по долното течение, а во горното минува низ главниот град Астана. Во Русија, течението минува низ огромни мочуришни и има безброј остри свиоци и мртвици. Од крајот на ноември до март реката е замрзната.

Во Астана[уреди | уреди извор]

Според претседателот Нурсултан Назарбаев, реката Ишим е една од причините за изборот на Астана за главен град на земјата. Денешниот град е поделен на два дела: на десниот брег е стариот дел на градот со чаршијата, а на левиот се современите управни зданија како претседателскиот дворец „Акорда“, владиниот дом, врховниот суд и престижни населби.

Почнувајќи од 1998 г. властите на Астана активно ја регулираат реката, со цел да се спречат поплави и да се одржи водостојот од рекреативни и есетски причини. Низводно од центарот на градот е изградена брана која го држи водостојот повисоко, а коритото е продлабочено за да се избегне прелевање. Кај градскиот парк во центарот на Астана има изградено градска плажа и место за изнајмување педалинки. Се смета дека без браната, водостојот би бил доволно низок за реката да се премине пешки.[1][2]

Спротиводно од градот се предвидува изградба на уште една брана, со цел да се спречат поплави. Градските власти планираат да ја продлабочат реката уште повеќе за да биде пловна за чамци во должина од 22 км на подрачјето на Астана.[2]

Водостојот се постигнува со довод на вода од од Иртиш преку каналот Иртиш-Караганда и посебен цевковод.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Реки, канали, мостови, шеталишта — Портал на градот Астана (руски)
  2. 2,0 2,1 Проект „Пловен Ишим“ (руски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Ишим — Речник на современи географски поими (руски)