Поплава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поплава

Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во реките и езерата, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје. Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од дожд или некоја голема бура, попуштање на брана и сл.

Поделба[уреди | уреди извор]

Според начинот и брзината со која се формира бранот, поплавите се делат на три групи:

  • Мирни поплави, кои најчесто се случуваат на големите реки и кај кои е потребно 10 или повеќе часови да се формира поголем бран.
  • Буични поплави, кои најчесто се појавуваат кај планинските реки, каде голем воден бран се формира за помалку од 10 часа.
  • Ненадејни поплави, кај кои водниот бран се формира веднаш, а се случуваат кога ќе дојде до рушење на брана.

Последици[уреди | уреди извор]

Вообичаени ефекти што се појавуваат при поплави се материјални штети, жртви, снабдување со вода и храна итн.

  • Материјални штети: Зградите и другите објекти се оштетуваат од надојдените води. Исто така се возможни и појави на лизгање на земјиштето.
  • Жртви: Луѓето и добитокот умираат од давење или од појавите на зарази и епидемии.
  • Снабдување со вода: При поплави најчесто доаѓа до контаминација на чистата вода за пиење.
  • Житарки и снабдување со храна: Поради поплавите може да дојде до оштетување на сите посеви на житарките.

Заштита од поплави[уреди | уреди извор]

Најчесто крај реките што се склони за излевање се градат најразлични одбранбени механизми што се користат во случај на поплава. Такви механизми се: насипи, брани, одводни канали, резервоари, крајбрежни ѕидови.

Поплавата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Поплава“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[1]
  • „Полава“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
  • „Поплавена земја“ (англиски: Floodland) - албум на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1987 година.[3]
  • „Поплава I“ (англиски: Flood I) - песна на Систерс оф мерси од 1987 година.[3]
  • „Поплава II“ (англиски: Flood II) - песна на Систерс оф мерси од 1987 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  2. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 123.
  3. 3,0 3,1 3,2 DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– Floodland (пристапено на 22.9.2019)