Невреме
Невреме или бура — метеоролошка појава која создава кога се вознемируваат астрономските тела во атмосферата, и најчесто има ефект на површината. Невремето можеме да го означиме како Ветер , Невреме со грмотевици и молњи, тешко невреме (како ледено невреме) или ветер кој пренесува некои супстанци преку атмосферата (прав и слично )
Содржина
Настанок[уреди | уреди извор]
Невремето се создава, кога нискиот притисок владее, со висок притисок околу него. Ова е формација на непријателски природни сили, што создаваат разни ветрови, бури, тешки снегови, тешки дождови и слично.
Сонцето нерамномерно ја затоплува Земјата. Близу до екваторот, тоа силно грее и го загрева воздухот и океаните. Така, една голема воздушна маса полна со водена пареа се крева високо во небото. На Северниот и Јужниот пол сончевите зраци се послаби. Таму се создава сува студена воздушна маса. Разликите во температурата и ротирањето на Земјата предизвикуваат постојано движење на воздушните маси. Топлиот воздух од екваторот се движи во северен и јужен правец, а студениот воздух се движи од половите кон екваторот.
Видови[уреди | уреди извор]
Имаме повеќе вида на невремиња.
- Ледена бура
Ледените бури се едни од најпознатите облици на зимското невреме. Температурите се под 0° и е под смрзнувачко на телесната покривка на земјата.
- Снежна бура
Снежната бура се означува кога паѓа снег со така брзина од 5 цантиметри на час.
- Океанска бура
Оваа бура се означува кога на океаните дува ветер повеќе од 90 километри на час (km/h).
- Торнадо
Торнадото е силен ветер што едноставно од облаците се прикачува на земјата со ротација. Најчесто изгледа темно, со форма на циклон. Торнадото е најзастапено во САД (Tornado Alley)
Бурата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Бурата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Бура“ - песна на арапскиот поет Имрул Кајс.[1]
- „Бура“ (The Tempest) - драма од Шекспир.
- „Тишина по бурата“ (La quiete dopo la tempesta) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[2]
- „Бура и друго“ - поетска збирка на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1956 година.[3]
- „Бура“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[4]
- „Бура повторно“ - песна на македонската група „ПМГ Кoлектив“ од 2007 година.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 6-7.
- ↑ Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 34-35.
- ↑ Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 165.
- ↑ Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 85-90.
- ↑ www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Невреме“ на Ризницата ? |
- Branick, Michael. NOAA Technical Memorandum NWS SR-145: A comprehensive glossary of weather terms for storm spotters. Second edition. 1996.