Алтајски Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алтај води тука. За други значења, види Алтај (појаснување). За руската република, погл. Република Алтај
Географска положба на Алтај
Највисокиот врв на Алтај, Белуха

Алтај е планински систем во централна Азија разделен помеѓу Русија, Кина, Монголија и Казахстан.

Се наоѓа помеѓу пустината Гоби на југоисток и Западносибирската Низина на северозапад во должина од околу 2.000 км. Се состои од Рускиот Алтај (или Алтај во потесна смисла) Монголскиот и од Гобискиот Алтај. Највисок врв на целиуо систем е Белуха со 4.508 м, на Монголскиот Алтај.

Алтај е извориште на големите реки Об и Иртиш.

Реката Катуњ

Алтај е стара грамадна планина, составена од кристални шкрилци, гранит и паелозојски наслаги, кои се издигнале во квартарот. Палозоиските наслаги изобилуваат со железни, оловни, бакарни, цинкови и сребрни руди и јаглен.

Климата е континентална планинска со просечна јануарска температура од -15° (предгорјето) до - 32° (меѓупланинските котлини) и јулска од 14-16°. Годишната количина на врнежи во западниот и северозападниот дел на Алтај се од 1000 до 2000 мм, a а во југоисточниот од 200 дo 300 мм. Околу 800 km² се покриени со ледници кои ги напојуваат мноштвото на реки како: Катуњ, Бија, Бухтарма Чуја и др. Шумите завземаат околу 70% од површината на Алтај. Горната граница им е 1.700 до 2.000 м.





Литература[уреди | уреди извор]

  • Оваа статија вклучува текст од Encyclopædia Britannica Eleventh Edition,која е во јавен домен.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]