Гранит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Гранитот е едeн од најраспространетите плутонски магматски карпи[1]. Името го добил по зрнестата структура (од латинскoто: grannum што значи зрно). По боја можат да бидат сиви, светлосиви, темносиви и црвеникави. Имаат зрнеста структура, но со мошне големи варијации на зрната. Според големината на зрната се разликуваат:

  • Грубозрнести (со големина на зрната преку 10 mm);
  • Крупнозрнести (5 до 10 mm);
  • Среднозрнести (3 до 5 mm);
  • Ситнозрнести (2 до 3 mm);
  • Мошне ситнозрнести гранити (под 2 mm).

Гранитите содржат доста кварц (некогаш и 20 до 40%) и фелдспати, со присуство на лискун или некој друг минерал што поблиску го одредува вариететот на карпата. Гранитите се мошне отпорни карпи. Со нивно раздробување се добива гранитски грус. Одејќи од гранитите кон гранодиоритите и диоритите, пропорционално се смалува количеството на кварц и алкални фелдспати, додека количеството на натриумовиот плагиоклас расте.


Наводи[уреди]

  1. Kumagai, Naoichi; Sadao Sasajima, Hidebumi Ito (15 February 1978). „Long-term Creep of Rocks: Results with Large Specimens Obtained in about 20 Years and Those with Small Specimens in about 3 Years“. „Journal of the Society of Materials Science (Japan)“ (Japan Energy Society) 27 (293): 157–161. http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=ja&u=http://ci.nii.ac.jp/naid/110002299397/&sa=X&oi=translate&resnum=4&ct=result&prev=/search%3Fq%3DIto%2BHidebumi%26hl%3Den. конс. 16 јуни 2008. 

Надворешни врски[уреди]