Русите се најбројниот словенски народ кој припаѓа на источнословенската група на народи и јазици. Русите бројат околу 140 000 000 луѓе и главно се населени во Русија (81% од населението), а има големи руски заедници во поранешните републики на СССР, Летонија каде сочинуваат 26% од населението) , Естонија (25% од населението), Казахстан (23% од населението), Украина (17% од населението), Белорусија (8% од населението), а во поново време се забележуваат и големи руски емигрантски заеднци во САД, Австралија и Канада.
Русите говорат на руски јазик кој е најзборуваниот словенски јазик и во огромно мнозинство се православни христијани.
Во романот „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски пишува дека „Русите, воопшто, се широки луѓе... широки како нивната земја и необично се наклонети кон фантастичното и хаотичното...“[33] Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ, кога ги опишува особините на руските жени, за ннив вели дека се само љубовници.[34] Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека Русите се наклонети кон претерување, гигантизам и вознесување над сите човечки мерки. Исто така, тој пишува дека гревовите на Русите се големи, зашто тие дрско се мешаат во божјата работа и сакаат да го спасат светот,[35] како и дека Русите се по природа идеалисти дури и тогаш кога се приврзаници на материјалистичките доктрини.[36]
Една песна на полскиот поет Збигњев Херберт се вика „Приказна за руските емигранти“.[37][38]