Источни Словени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Источни Словени
Усходнія славяне (бе.)
Восточные славяне (ру.)
Східні слов'яни (ук.)
Slavic europe.svg
Источните Словени (зелено) на картата на Европа.
Вкупен број
>182 милиони
Подрачја со значајно население

Мнозинство: Белорусија, Русија, Украина.

Малцинство: Азербејџан, Германија, Ерменија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска, Романија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Финска, Чешка.
Јазици
Источнословенски јазици:
белоруски, русински, руски, украински
Вероисповед
Атеизам, Католицизам, Православие
Сродни народи
Словени

Источни Словени се група на словенски народи кои ги населуваат подрaчјата на Источна Европа. Државите во кои Источните Словени сочинуваат мнозинство на население се Белорусија, Русија и Украина. Источните Словени истотака се мнозинство на население во непризнатата држава Приднестровие, која е официјално дел на Молдавија, но таа е фактички независна држава.

Источнословенски народи и етнички групи[уреди | уреди извор]

Во периодот на коминистичката диктатура после болшевичката Револуција во Русија во 1917. година, официјално се признати за посебни нации и :

Пишани извори[уреди | уреди извор]

Многу малку е познато за Источните Словени отприлика до 859та година,датата од која започнува, според Примарната Хроника. Причините за одсуството на пишан јазик (Кирилското писмо,направено околу 863 година беше посебно за Словените) и изолираноста на Источно Словенските територии.Тоа што е малку познато доаѓа од археолошките наоди, странски патеписци кои патувале во Киевска Русија, и лингвистичните компаративни анализи на Словенските јазици.

Откриени се неколку Руски документи кои датираат пред 11тиот век . Најраниот откриен манускрипт со информации за историјата на Киевска Русија е Примарната Хроника, напишана при крајот на 11тиот и почетокот на 12тиот век. Во неа се спомнати 12 Словенски племенски унии кои, живееле на просторот помеѓу Балтичкото и Црното Море. Овие племенски унии беа Полјаците,Древлјаните, Дреговичите, Радимичите, Вјатичите, Кривичите,Словенците, Дулебите, Белите Хрвати, Северјаните, Уличите и Тиверците.


Источните Словенски племиња во осмиот век