Велшани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Велшани (англиски: Welsh people, велшки: Cymry) се жителите на Велс, односно југозападниот дел на Велика Британија и блиските острови. Велс има околу 3,1 милиони жители, што е 4% од вкупниот број население на Обединетото Кралство.

Како етничка група, старите Велшани биле народ од келтско потекло, блиски со Ирците и Шкотланѓаните. Меѓутоа, денешните Велшани се со мешано келтско-германско потекло. Се смета дека луѓето чие потекло е од Велс се околу 5-7 милиони во светот, најмногу во:

Главниот јазик на Велшаните е велшкиот јазик.

Мнозинството, или 75% од нив се христијани, кои припаѓаат на Велшката црква, една од Англиканската црква.