Германи
Германите се група на народи кои имаат индоевропско потекло. Германските племиња во текот низ историјата ја населиле Западна Европа, Северна Европа и Североисточна Европа. Германите зборувале на послични дијалекти од старогерманскиот јазик.
Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во 1 век п.н.е. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа. Многу малку е познато за раната историја на германите. Она кое е познато е нивните воени конфликти со Римското Царство.
Во времето на римскиот цар Октавијан Август и под раководство на римскиот генерал Публиј Квинтилиј Вер започнала Битката за заземање на германските територии, кои се простирале од реката Рајна до Урал. Во тоа време германите се запознале за првпат и со римската тактика и нивното воено искуство, но и покрај големината на Римското Царство, тие успеале да ја задржат својата идентичност. Во 9 година германите им нанеле голем пораз на генерал Публиј Квинтилиј Вер во битка на Тевтобургската планина. Според легендата, императорот Октавијан Август долго време не можел да се помири со поразот, имајќи секојдневни кошмари. Териториите на кои се наоѓа денешна Германија останале надвор од границите на Римското Царство. Во околу 100 година, германите се населиле по Дунав и Рајна, зазимајќи голем дел од територијата на денешна Германија. Во 3 век веќе се појавиле голем број на германски племиња, од кој најпознати биле: алемани, франки, чати, саксонци и други. Во 260 година, германските племиња започнале да ја преминуваат својата граница, зазимајќи некои територии од Римското Царство.
|