Германска Демократска Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Источна Германија)
Прејди на: содржини, барај
Знаме на ГДР
Грб на ГДР

Германската Демократска Република (ГДР) (германски: Deutsche Demokratische Republik, DDR), позната и како Источна Германија, била социјалистичка држава создадена од Советскиот Сојуз во Советската окупациона зона на повоена Германија и Советскиот сектор на окупираниот Берлин. Источна Германија постоела од 1949 до 1990, кога повторно се обединила со Федерална Република Германија (Западна Германија).

Главен град бил Берлин (источниот дел), а броела околу 16 милиони жители во 1990 година.