Портал:Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Willkommen beim Portal Deutschland!
уреди   

Германија

Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10. век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на 16. век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Баухаус било училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил.

Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување на професорите и студентите во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Основачите имале за цел да ги задоволат масовните потреби на населението и се стремеле да создадат допадливи предмети со поволна цена и максимална удобност. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана слика

Зградата на Рајхстагот на Берлин


уреди   

Дали сте знаеле...


уреди   

Категории

уреди   

Историја

Историјата на Германија е проследена преку создавање на германските племиња, нивното преселување познато и како големата преселба на народите, создавањето на Франкија, нејзино разделување и создавање на Источна Франкија, обединување на Германите и создавање на Кралство Германија односно Светото Римско Царство. Историјата на Германија продолжува со создавањето на Рајнскиот Сојуз, Германскиот Сојуз, револуцијата од 1848 година и обединувањето на Германија, создавањето на Германскиот Рајх и Германското Царство, преку двете светски војни, разделувањето на Германија и нејзиното повторно обединување во 1990 година по падот на комунизмот. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана биографија

Фридрих Вилхелм Ниче (1844-1900) бил германски философ од XIX век и класичен филолог. Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, философија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам. Неговиот стил и радикални преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкување, главно во континенталната традиција. Ниче ја започнал својата кариера како класичен филолог пред да се сврти кон философијата. На возраст од 24 години, тој беше назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми што ќе го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило, и за него до крајот на животот се грижеле неговата мајка и сестра сè до 1900 година. Прочитајте повеќе


уреди   

Избран град

Хамбург е втор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека Метрополитенската областа Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Пристаништето во Хамбург е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот.

Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg). Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото Римско Царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија. Прочитајте повеќе


уреди   

Административна поделба

Германија е поделена на 16 сојузни покраини (на картата):

  1. Баден-Виртемберг (Baden-Württemberg);
  2. Баварија (Freistaat Bayern);
  3. Берлин (Berlin);
  4. Бранденбург (Brandenburg);
  5. Бремен (Freie Hansestadt Bremen)
  6. Хамбург (Freie und Hansestadt Hamburg)
  7. Хесен (Hessen);
  8. Мекленбург-Западна Померанија (Mecklenburg-Vorpommern);
  9. Долна Саксонија (Niedersachsen);
  10. Северна Рајна-Вестфалија (Nordrhein-Westfalen);
  11. Рајнска област-Пфалц (Rheinland-Pfalz);
  12. Сар (Saarland);
  13. Саксонија (Freistaat Sachsen);
  14. Саксонија-Анхалт (Sachsen-Anhalt);
  15. Шлезвиг-Холштајн (Schleswig-Holstein);
  16. Тирингија (Freistaat Thüringen).


уреди   

Поврзани портали

Викивести
(англиски)
Викикниги
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викиуниверзитет
(англиски)
Викиречник
(англиски)
Википатување
(англиски)