Прејди на содржината

Рајнски Сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Конфедеративни држави на Рајна
États confédérés du Rhin
1806–1813
Комеморативен медал of Рајнски Сојуз
Комеморативен медал
Карта на конфедерацијата
Карта на конфедерацијата
Главен градФранкфурт
Говорени јазициФранцуски, Германски
Вероисповед
Римокатоличка црква, Протестантство
УредувањеКонфедеративни клиентски држави
Историски периодНаполеонови војни
• Основана
1806
• Престанала да постои
1813
Претходници
Наследници
Свето Римско Царство
Германски Сојуз

Рајнскиот Сојуз или службено États confédérés du Rhin (Конфедеративни Држави на Рајна) —сојуз (конфедерација) на германски клиентски држави по налог на Првото Француско Царство. Формиран е во рамките на поранешни држави на Светото Римско Царство по неговото распаѓање предизвикано од Наполеон, откако ги поразил и освоил Австрија и Русија во Битката кај Аустерлиц. Братиславскиот мировен договор довел до создавање на Рајнскиот Сојуз, кој постоел од 1806 до 1813 година.[1]

Членовите на сојузот биле германски кнезови од државите кои порано биле во рамките на Светото Римско Царство. Подоцна им се придружиле уште 19 други. Ова му дало значителна стратешка предност на Француското Царство на неговата источна граница создавајќи разграничување помеѓу Франција и двете најголеми германски држави: Прусија и Австрија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hans A. Schmitt. Germany Without Prussia: A Closer Look at the Confederation of the Rhine. German Studies Review 6, No. 4 (1983), pp 9-39.