Прејди на содржината

Наполеонови војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француската победа над Прусите во Битката кај Валми во 1792
Бонапаррт ги победил Австријците во Битката кај Риволи во 1797

Наполеонови војни — низа глобални конфликти за време на владеењето на Наполеон Бонапарт (1804 - 1815). Овие војни ја очаиле војската на Европа како и некои други воени системи. Француското царство брзо растело и набрзо освоило голем дел од Европа, но по катастрофалната неуспешна инвазија на Русија почнал нејзиниот пад. За тоа време Шпанија почнала да се ослободува од француската окупација и презема контрола над својата колонија, што ги поставило темелите на националистичките револуции во Латинска Америка. Не постои точен запис за тоа кога француските револуционерни војни завршиле, а кога Наполеоновите војни почнале. Можни датуми се: 09.11.1799 - Наполеон почнува да владее со Франција, 18.05.1803 - Британија и Франција прекинуваат мир во Европа, 02.12.1804 - Наполеон крунисан за цар. Некои од важните битки се: Битката кај Аустерлиц 1805, Битката кај Трафалгар 1805, Бородинската битка 1812, Битката кај Лајпциг 1813, Битката кај Ватерло 1815 ( пораз Наполеон Бонапарт) Битката кај Јене, Ауерштат, Фридланд 1806-1807. Наполеоновите војни завршиле со конечниот пораз на Наполеон во Битката кај Ветерло 18.06.1815. и вториот Париски договор потпишан на 20.11.1815 година.

Уште на есен 1799 година Французите ја запоставиле офанзивната коалиција. Рускиот цар Павле I Романов се повлекол од коалицијата, додека Британија, Неапол и Австрија продолжувале со војување. Француската војска во Италија била во тешка состојба. Командантот Масена бил опседнат во Џенова, без намирници и муниција. Наполеон преку Швајцарија се упатил кон Италија и ги нападнал Австријците од зад грб. Тие тргнале да го пресретнат. До битка дошло на 14.06.1800 година кај Меренга. Битката се развивала неповолно кон Французите. Работата ја спасил генералот Луј Дезе кој самоиницијативно се свртел и стапил во помош на Наполеон со што ја прекинал битката. Меѓутоа, во битката го загубил животот. Истиот тој ден, во Египет е извршен атентат на командантот на Француската сила, Жан-Батист Клебера. Поради неговата смрт битката во Египет била загубена. По битката во Маренга, обновена е Цисалпинската република, а тежиштето на операцијата е пренесено во Германија, Таму генералот Моро однел уште една голема победа во овој дел од војната, во Битката кај Хоенлинден. Австрија по овој пораз била приморана на мир.