Француски револуционерни војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Француски револуционерни војни
Дел од Коалициските војни
Valmy Marengo
Горе: Битката кај Валми (20 септември 1792)
Долу: Битката кај Маренго (14 јуни 1800)
Датум 20 април 1792 – 27 март 1802 (1792-04-20 – 1802-03-27)
(9 години, 11 месеци, и 5 дена)
Место Европа, Египет, Среден Исток, Атлански Океан, Кариби, Индиски Океан
Исход Прва коалиција: Победа на Франција

Втора коалиција: Победа на Франција

Француските револуционерни војни (француски: Guerres de la Révolution française) биле серија на воени конфликти во периодот од 1792 до 1802 г. како резултат на Француската револуција. Во војните Франција војувала против Велика Британија, Австрија, Светото Римско Царство, Прусија, Русија и неколку други монархии. Тие се делат на два периода: Војна на првата коалиција (1792–97) и Војна на втората коалиција (1798–1802). На почетокот борбите биле ограничени на Европа, а потоа постепено добиле глобална димензија. По една деценија постојана војна и агресивна дипломатија, Франција ги освоила териториите на Италијанскиот полуостров, Ниските Земји и Рајнската област во Европа, а ја напуштила Луизијана во Северна Америка. Успехот на Франција во овие конфликти придонело за ширење на револуционерните принципи во поголемиот дел од Европа.

Уште во 1791 година, монархиите во Европа биле против револуцијата во Франција; и размислувале дали треба да интервенираат и да го поддржат кралот Луј XVI за да се спречи ширењето на револуцијата, или пак да го искористат хаосот во Франција. Австрија поставила трупи на својата француска граница и заедно со Прусија, ја издала Декларацијата од Пилниц, според која доколку нешто им се случи на кралот Луј XVI и кралицата Марија-Антоанета ќе следуваат тешки последици по Франција. Откако Австрија одбила да ги повлече своите трупи од француската граница и да ја повлече заканата за употреба на сила, Франција, пролетта 1792 година, им објавила војна на Австрија и Прусија. По ова, двете земји координирано ја нападнале Франција. Нападот бил одбиен во битката кај Валми (септември 1792). По оваа победа Националната конвенција ја укинала монархијата.[1] Серијата победи на новите француски војски ненадејно завршила со пораз кај Неервинден (пролетта 1793 г.). Французите истата година претрпеле уште неколку порази, а тоа го искористиле Јакобинците кои го наметнале владеењето на теророт за да ја обединат нацијата.

Во 1794 година, Французите однеле огромни победи кај Флеурус против Австријците и на Црната планина против Шпанците. Тие го навестиле почетокот на нова етапа во војните. До 1795 година, Французите ги зазеле Австриска Холандија и Холандската Република. Со Базелскиот мировен договор, Французите ги отстраниле Шпанија и Прусија од војната. Дотогаш непознатиот генерал по име Наполеон Бонапарта го започнал својот прв поход во Италија (април 1796 г.). За нецела година, француските војски под Наполеон ги десеткувале хабсбуршките сили и ги истиснале од Апенинскиот Полуостров, ја добиле речиси секоја битка и заробиле 150.000 заробеници. Кога француските сили почнале да маршираат кон Виена, Австријците барале мир и се согласиле на Договорот од Кампо Формио, со што се ставил крај на Првата коалиција против Републиката.

Војната на втората коалиција започнала во 1798 година со француската инвазија на Египет, на чело со Наполеон. Францускиот поход на Блискиот Исток го искористиле сојузниците за си ги вратат териториите изгубени од Првата коалиција. Сојузниците добро напредувале во Европа, и постепено ги избркале Французите од Италија и ја нападнале Швајцарија – попатно победиле кај Мањано, Касано и Нови. Пресвртница била победата на Французите кај Цирих (септември 1799 г.), по која Русија излегла од војната.[2] Во меѓувреме, силите на Наполеон победувале во низа против египетски и отомански војски во битките кај Пирамидите, планината Табор и Абукир. Победи во Египет ја зголемиле популарноста на Наполеон во Франција, и тој триумфално се вратил есента 1799 година, иако египетската кампања на крајот завршила со неуспех. По победата на Кралската морнарица во битката кај Нил во 1798 година, дополнително ја зајакнало британската контрола врз Медитеранот, а ја ослабнало француската морнарица.

Враќањето на Наполеон од Египет довело до пад на Директориумот по државниот удар од 18 Брумер, при што Наполеон си се поставил како конзул. Потоа, Наполеон ја реорганизирал француската армија и пролетта 1800 година започнал нов напад против Австријците во Италија. По одлучувачката француска победа во битката кај Маренго (јуни 1800 г.), Австријците уште еднаш се повлекле од полуостровот. По вториот француски триумф во Хоенлинден во Баварија, Австријците биле принудени по втор пат да бараат мир, по што бил потпишан Договорот од Луневил (1801 г.). По излегувањето на Австрија и Русија од војната, Британија била изолирана и со владата на Наполеон во 1802 година се согласила на Договорот од Амиен, со кој завршиле Револуционерните војни. Но тензиите било тешко да се задржат, и за нешто една година подоцна започнале Наполеоновите војни со формирањето на Третата коалиција, со што продолжила серијата на Коалициски војни.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. TCW Blanning, The French Revolutionary Wars. pp. 78–79.
  2. TCW Blanning, The French Revolutionary Wars. pp. 254–55.

Дополнително читање[уреди | уреди извор]

  • Blaufarb, Rafe. The French army 1750–1820: Careers, talent, merit (Manchester University Press, 2021).
  • Clodfelter, M. (2017). Warfare and Armed Conflicts: A Statistical Encyclopedia of Casualty and Other Figures, 1492–2015 (изд. 4th.). Jefferson, North Carolina: McFarland. ISBN 978-0786474707.
  • Public Domain Atkinson, Charles Francis (1911). Chisholm, Hugh (уред.). Енциклопедија Британика (изд. XI.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  • Bell, David A. The first total war: Napoleon's Europe and the birth of warfare as we know it (Houghton Mifflin Harcourt, 2014).
  • Bertaud, Jean-Paul. The Army of the French Revolution: From Citizen-Soldiers to Instrument of Power (1988), a major French study
  • Black, Jeremy. British Foreign Policy in an Age of Revolutions, 1783–93 (1994)
  • Blanning, T. C. W. The French Revolutionary Wars, 1787–1801. (1996) excerpt and text search
  • Bryant, Arthur. Years of Endurance 1793–1802 (1942); on Britain
  • Bryant, Arthur. Years of victory, 1802–1812 (1942); on Britain
  • Clausewitz, Carl von (2018). Napoleon's 1796 Italian Campaign. Trans and ed. Nicholas Murray and Christopher Pringle. Lawrence, Kansas: University Press of Kansas. ISBN 978-0-7006-2676-2ISBN 978-0-7006-2676-2
  • Clausewitz, Carl von (2020). Napoleon Absent, Coalition Ascendant: The 1799 Campaign in Italy and Switzerland, Volume 1. Trans and ed. Nicholas Murray and Christopher Pringle. Lawrence, Kansas: University Press of Kansas. ISBN 978-0-7006-3025-7ISBN 978-0-7006-3025-7
  • Clausewitz, Carl von (2021). The Coalition Crumbles, Napoleon Returns: The 1799 Campaign in Italy and Switzerland, Volume 2. Trans and ed. Nicholas Murray and Christopher Pringle. Lawrence, Kansas: University Press of Kansas. ISBN 978-0-7006-3034-9ISBN 978-0-7006-3034-9
  • Connelly, Owen. The wars of the French Revolution and Napoleon, 1792–1815 (2006)
  • Crawley, C. W., ed. The New Cambridge Modern History, Vol. 9: War and Peace in an Age of Upheaval, 1793–1830 (1965), comprehensive global coverage by experts
  • Doughty, Robert, and Ira D. Gruber, eds. Warfare in the Western World: volume 1: Military operations from 1600 to 1871 (1996) pp. 173–94
  • Dupuy, Trevor N. and Dupuy, R. Ernest. The Harper Encyclopedia of Military History (2nd ed. 1970) pp. 678–93
  • Esdaile, Charles. The French Wars 1792–1815 (2002) 113pp excerpt and text search, ch 1
  • Forrest, Alan. Soldiers of the French Revolution (1989)
  • Forrest, Alan. "French Revolutionary Wars (1792–1802)" in Gordon Martel, ed. The Encyclopedia of War (2012).
  • Forrest, Alan. Conscripts and Deserters: The Army and French Society During the Revolution and Empire (1989)
  • Forrest, Alan. Napoleon's Men: The Soldiers of the Revolution and Empire (2002)
  • Fremont-Barnes, Gregory. The French Revolutionary Wars (Essential Histories) (2013) excerpt and text search
  • Fremont-Barnes, Gregory, ed. The Encyclopedia of the French Revolutionary and Napoleonic Wars: A Political, Social, and Military History (3 vol. 2006)
  • Gardiner, Robert. Fleet Battle And Blockade: The French Revolutionary War 1793–1797 (2006), naval excerpt and text search
  • Griffith, Paddy. The Art of War of Revolutionary France, 1789–1802 (1998) excerpt and text search; military topics, but not a battle history
  • Knight, Roger. Britain Against Napoleon: The Organisation of Victory, 1793–1815 (2013)
  • Lavery, Brian. Nelson's Navy, Revised and Updated: The Ships, Men, and Organization, 1793–1815 (2nd ed. 2012)
  • Lefebvre, Georges. The French Revolution Volume II: from 1793 to 1799 (1964).
  • Lynn, John A. The Bayonets of the Republic: Motivation And Tactics in the Army of Revolutionary France, 1791–94 (1984)
  • Roberts, Andrew. Napoleon (2014), a major biography
  • Rodger, A.B. The War of the Second Coalition: 1798 to 1801, a strategic commentary (1964)
  • Ross, Steven T. Quest for Victory; French Military Strategy, 1792–1799 (1973)
  • Ross, Steven T. European Diplomatic History, 1789–1815: France Against Europe (1969)
  • Rothenberg, Gunther E. (1982). Napoleon's Great Adversaries: The Archduke Charles and the Austrian Army 1792–1814.
  • Rothenberg, Gunther E. "The Origins, Causes, and Extension of the Wars of the French Revolution and Napoleon," Journal of Interdisciplinary History (1988) 18#4 pp. 771–93 in JSTOR
  • Schroeder, Paul W. The Transformation of European Politics 1763–1848 (Oxford University Press, 1996); advanced diplomatic history; pp. 100–230
  • Schneid, Frederick C.: The French Revolutionary and Napoleonic Wars, European History Online, Mainz: Institute of European History, 2011. Retrieved 29 June 2011.
  • Scott, Samuel F. From Yorktown to Valmy: The Transformation of the French Army in an Age of Revolution (University Press of Colorado, 1998)