Шкотланѓани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шкоти или Шкотланѓани (англиски: Scottish people, Scots, шкотски: Gáidheal, Albannach) се жителите на Шкотска, односно северниот дел на Велика Британија и блиските острови. Шкотска има околу 5,3 милиони жители, што е 9% од вкупниот број население на Обединетото Кралство. Мнозинството од нив, или 65%, живее во Централната долина (Central Lowlands).

Како етничка група, старите Шкоти биле народ од келтско потекло, блиски со Ирците и Велшаните. Меѓутоа, денешните Шкоти се со мешано келтско-германско потекло. Се смета дека луѓето чие потекло е од Шкотска се околу 30-40 милиони во светот, најмногу во:

Главниот јазик на Шкотите е дијалект на англискиот јазик, а 1,5% од нив зборуваат шкотски гелски јазик. Мнозинството од Шкотите припаѓаат на протестантската црква, додека католиците сочинуваат 15% од населението.

Шкотите како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Приговор кон Шкотите оти им го расипале наравот на нивните духови и самовили“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 123-126.