Прејди на содржината

Аргентина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аргентинска Република
República Argentina  (шпански)
Знаме Грб
Гесло"En unión y libertad"  шпански
„Во единство и слобода“
ХимнаХимна на Аргентина

Sol de Mayo  (шпански)
(Мајското сонце)

Sol de Mayo
Аргентина е во црно зелена.

Аргентина е во црно зелена.

Аргентина е во црно зелена.

Главен градБуенос Аирес
34°36′S 58°23′W / 34.600° ЈГШ; 58.383° ЗГД / -34.600; -58.383
Службен јазик Шпански(de facto)
Народности  Белци (97%); Местици, Америндијанци (3%)[1]
Демоним Аргентинци
Уредување федеративна Претседателска Уставна Република
 •  Претседател Хавиер Милеи
 •  Потпретседател Викторија Виљаруел
 •  Шефот на Кабинетот на министри Николас Посе
 •  Претседател на Комората на пратеници Мартин Менем
 •  Претседател на Врховниот суд Хорасио Росати
Законодавство Национален конгрес на Аргентина
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Собрание
Независност од Шпанија 
 •  Мајска револуција 25 мај 1810 
 •  Независност 9 јули 1816 
 •  Тековен устав 1 мај 1853 
Површина
 •  Вкупна 2.780.400 км2 (8)
 •  Вода (%) 1.57
Население
 •  Попис 2022 47,327,407 (31ва)
 •  Густина 14.4 жит/км2 [2](178ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $1.239 Трилиони (30та)
 •  По жител $26,506 (66та)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $633.3 Милијарди (23та)
 •  По жител $13,405 (65та)
Џиниев коеф. (2020)нагативен пораст 42.3[3]
среден
ИЧР (2021) 0.842[4]
многу висок · 47ма
Валута аргентински пезос (ARS)
Часовен појас ART (UTC−3)
Датумски формат дд.мм.гггг
Се вози на десно
НДД .ar
Повик. бр. +54

Аргентина, офиц. Аргентинска Република[5] (шпански: República Argentina) — држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на Аргентина доаѓа од латинскиот збор argentum (сребро). Тој збор влече корени од старогрчкиот збор ἀργήντος (argēntos), "бело, сјајно". Αργεντινός е старогрчки епитет што значи "сребрен". Првите кои го употребиле зборот Argentina се Шпанските и Португалските колонизатори на Рио де Ла Плата во 16 век. Рио де Ла Плата значи "Сребрена Река" на шпански јазик.

Историја

[уреди | уреди извор]

Периодот пред Колумбо

[уреди | уреди извор]
Пештерата на рацете во покраината Санта Крус, со слики кои датираат од пред 13,000–9,000 години

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Колонијална ера

[уреди | уреди извор]

Првите Европејци на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светото Римско Царство на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франсиско Писаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион.

Независноста и граѓанските војни

[уреди | уреди извор]
Портрет на генерал Жозе де Сан Мартин, ослободител на Аргентина, Чиле и Перу

Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите покраини на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија да ја приклучат кон нивната држава.

Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред сè излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Перонизам

[уреди | уреди извор]
Официјалниот претседателски портрет на Хуан Доминго Перон и неговата сопруга Ева Перон, 1948

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била преземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.

Валканиот период

[уреди | уреди извор]

Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човекови права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[6] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[7], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[8] Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[9] ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[10] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[11][12] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.

Географија

[уреди | уреди извор]
Салта.

Аргентина зафаќа површина од 2.766.889 км2, од кои 2.736.691 км2 на копно и 30.200 км2 на вода. Аргентина е приближно 3.700 км долга од север до југ, и 1.400 км од исток до запад. Земјата, географски може да биде поделена на четири делови: од плодните полиња на пампас во центарот на државата, изворот на аргентинското земјоделско богатство; рамната, богата со нафта висорамнината Патагонија во јужната половина на Огнената Земја; Суппропските рамнини на Гран Чако во северот; и верижниот Андите во должина на западната граница на Чиле.

Највисоката точка на Аргентина е сместена во Мендоса. Аконкагва, на 6.962 метри е највисоката планина во Јужна Америка и во западната полутопка. Најниската точка е Лагуна дел Кабон во Санта Крус, −105 метри под морскота ниво. Ова е најниската точка во Јужна Америка.

Земјата има терироријална претензија врз дел од Антарктикот (непризнаена од ниедна земја) каде, од 1904 г. до денес има постојано присуство.

Флора и фауна

[уреди | уреди извор]

Рамнините западно и јужно од Буенос Аирес. Наречени влажна пампа, тие покриваат повеќето од покраини на Буенос Аирес и Кордоба, и големи делови од покраините Санта Фе и Ла Пампа западниот дел од Ла Пампа и покраината Сан Луис исто така имаат рамнини (сувата пампа).

Гран Чако

[уреди | уреди извор]

Регионот Гран Чако во северот на земјата има суви/мокри сезони. Најмногу со плантажи за памук. Ги покрива покраините Чако и Формоса. Покриена е со суптропски шуми, тундри и некои мочуришта, и голем број на растениски и животински врсти. Покраината Сантјаго дел Естеро лежи во посув регион на Гран Чако.

Месопотамија

[уреди | уреди извор]

Земјата помеѓу реките Уругвај и Парана е наречена Месопотамија и е поделена помеѓу покраините Кориентес и Ентре Риос. Има рамнини поволни за растење на растенија и Ибера мочуриштата и централните Кориентес. Покраината Мисионес е повеќе тропска и припаѓа на бразилските висорамнини има суптропски дождовни шуми и водопадите Игуасу.

Патагонија

[уреди | уреди извор]

Степите на Патагонија во покраините Неукен, Рио Негро, Чубут и Санта Крус се од трето потекло, повеќето од регионите се пустински. Огнената Земја е ладна и мокра. Северна Патагонија може да се сретне и под името Комахуе.

Западноцентралната Аргентина е доминирана од огромните планини Андите. На нивниот исток има еден регион познат како Кујо. Топењето на водите од височините на планините создале оази на центарот на богато со овошје и вино во покраините Мендоса и Сан Хуан. Подалечните северни региони стануваат се потопли и се посуви.

Реки и езера

[уреди | уреди извор]

Поголемите реки во Аргентина се: Пилкомајо, Парагвај, Бермејо, Колорадо, Рио Негро, Соладо, Уругвај и најголемата Парана. Последните две се соединуваат пред да се влеат во Атлантскиот Океан, формирајќи ја Рио Де Ла Плата. Регионално најважните реки се Ауел и Мендоса во истонаречената покраина Чубут во Патагонија, Рио Гранде во Хухуј и Сан Франциско во Солта.

Има неколку големи езера во Аргентина повеќето од нив во Патагонија. Заедно со нив се Аргентино и Виедма во Санта Крус, Нахуел Хуато во Рио Негро, Фагноно во Огнена Земја, Кохуе Хуати и Мустерс во Чубут. Езерата Буенос Ариес и О’Хигнис/Сан Мартин се поделени со Чиле. Кордоба се најголемите Солени езера во земјата.

Брегови и мориња

[уреди | уреди извор]

Аргентина има 4.665 км долг брег. Континенталната платформа е необично долга; Во Аргентина ова плитко место во Атлантскиот Океан се вика Мар Аргентино. Водите се богати со риби и се сомнева дека во неа се има важно хидројаглеродно богатство. Аргентинскиот брег варира помеѓу места со песочни плажи и со гребени. Две поголеми океански струи влијаат на брегот се Топлата бразилска струја и Ладната фокландска струја. Поради различната брегова височина, двете струи го зголемуваат или намалуваат своето влијаење и не дозволуваат тампературата да се намалува правопропорционално со височината. Јужните брегови на Огнената Земја го формираат северниот брег на Дракенскиот Премин.

Поради лонтудата и елевацијата на амплитудите, Аргентина е земја со разновидна клима. Како по правило, климата е со голема лепеза на температури од суптропски на север до субполарни на југ. Северот на земјата е карактеризиран со многу жешки суви лета со млаки и влажни зими, исто така и со периодични суши. Централна Аргентина има жешки лета со бури и ладни зими. Јужните региони имаат топли лета и ладни зими проследени со многу снег, посебно во планинските предели.

Најжешката и најладната температура забележани во Јужна Америка се случиле во Аргентина. Рекордно жешко било во Вила Де Марија во Кордоба, на 2 јануари 1920 година, кога температурата изнесувала 49.1 °C. Најниската температура која била забележана била -39 °C во Вале де лос Патос, во Сан Хуан, на 17 јули 1972 година. Поголеми ветрови во Аргентина се ладниот Памперо кој дува на рамнините на Патагонија и во Пампас, Виенто Норте, топол ветер што дува на северот во средината или касна зима создавајќи благи услови. Зонда жежок сув ветер кој дува во западно-централна Аргентина. Исцедени од сите влаги за време на 6,000 метарското спуштање од Андите. Зонда може да дува со часови со брзина до 120 милји на час. Кога дува Зонда(јуни-ноември), на повисоките места се јавуваат снежни бури.

Суестада или Југоисток е слична на Нореастер, иако ретко паѓа снег. Двете се одликуваат со длабоко зимски низок притисок. Најчесто се појавува со доцна есен и зима по должината на бреговите на централна Аргентина најчесто во Рио де ла Плата. Во јужните региони обично на далечниот југ, од ноември до февруари се појавува феноменот на повеќе дневна светлина (до 19 часови) и продолжени ноќи од мај до август.

Најисточната точка на Аргентина е градот Бернардо де Иригојен, Мисионес ( 26°15′S, 53°38′W), нај западната точка е Маријанно Морено Ранге во Санта Крус( 49°33′S, 73°35′W). Најсевернета точка е Гранде де Сан Хуан и Мојинете Реките во Хухуј ( 21°46′S, 66°13′W), а најјужната точка е Капе Сан Пио во Огнена Земја( 55°03′S, 66°31′W).

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на покраините во Аргентина

Аргентина е поделена на 23 покраини (provincias) и еден автономен град (ciudad autónoma). Сите имаат свои устави, но сепак сочинуваат една федерална целина.

Покраините потоа се делат на департмани (departamentos), освен покраината Буенос Аирес, која е поделена на делови (partidos).

Економија

[уреди | уреди извор]

Основни макроекономски показатели

[уреди | уреди извор]

Економска структура

[уреди | уреди извор]

Финансиски систем

[уреди | уреди извор]

Надворешна трговија

[уреди | уреди извор]

Економската криза од 2001-2002

[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, владата на претседателот Менем воспоставила валутен одбор како начин за контрола на инфлацијата. На почетокот, економските резултати на Аргентина биле добри: во периодот од 1991 до 1994 година, високата инфлација била совладана, буџетскиот дефицит бил намален, а земјата се соочила со прилив на странски капитал. Меѓутоа, следната година, како последица на Мексиканската криза, дошло до одлив на странски капитал, а БДП се намалил за 2,8 %. Економијата брзо закрепнала и во 1996 и во 1997 година БДП пораснал за 5,5 % и 8,1 %, соодветно, но во меѓувреме се зголемиле дефицитот на тековна сметка и надворешниот долг. Исто така, аргентинската економија била погодена и од Азиската криза, кога преценетата домашна валута предизвикала намалување на извозот, а тоа довело до уште поголем дефицит на тековната сметка, зголемена невработеност, намалување на индустриското производство и одлив на странскиот капитал. Во 2000 година, владата на Де Ла Руа склучила аранжман со ММФ во вредност од 7,2 милијарди долари, прифаќајќи да спроведе фискална консолидација. За ублажување на тешката економска состојба, во јануари 2001 година, странските кредитори и ММФ се согласиле да обезбедат финансиска поддршка во износ од 40 милијарди долари. Во јуни, владата објавила дека ќе изврши претворање на краткорочниот долг во износ од 29,5 милијарди долари во долгорочен заем со повисока каматна стапка. Во септември, ММФ ѝ одобрил на земјата уште 7,2 милијарди долари, а во ноември било извршено уште преструктурирање на аргентинскиот долг во износ од 60 милијарди долари. Тоа предизвикало паника и во декември дошло до навала на штедачите во банките, а владата одговорила со ограничување на износот на депозитите што можел да се повлече. Во исто време, ММФ откажал една рата од кредитот во износ од 1,24 милијарди долари, по што арегнтинската влада објавила дека не може да го исплаќа својот долг и на 20 декември, владата на Де Ла Руа дала оставка. Во јануари 2002 година, претседателот Дуалде објавил неколку мерки: девалвација на песото за 29 % во однос на доларот; сите обврски во противвредност до 100 000 долари биле претворени во домашна валута; контрола на странскиот капитал, воведување нов данок на нафтата, преструктурирање на јавниот долг; и ветување за рамнотежен буџет.[13]

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]

Во Аргентина живеат околу 40.134.000 луѓе, службен јазик е шпански. Поголемиот дел од населението се католици.

Култура во Аргентина

[уреди | уреди извор]

Аргентинците се мешавина на различни национални и етнички групи, доминанто потомци на италијански и шпански доселеници кои заедно сочинуваат околу 88% од населението. Брановите на имиграција од многу европски земји стигнале во Аргентина на крајот на XIX и почетокот на XX век.

Аргентиската култура одржува мултиетнички и мултикултурален карактер на своето население. Најголемо влијание на создавањето на аргентинската култура имале европските доселеници, што може да се забележи во архитектурата,модата и дизајнот. Исто така и традицијата на американските домородци е дел од аргентиската култура.

Спорт во Аргентина

[уреди | уреди извор]

Аргентина има прилично развиена спортска инфраструктура, а во некои спортови се наоѓа и во самиот врв. Национален спорт е пато, спорт кој настанал на почетокот на седумнаесеттиот век. Пато е спорт сличен на хорсбол.

Фудбалот е најпопуларен спорт во државата, а аргентиската фудбалска репрезентација е една од најуспешните во светот. Покрај државните репрезентации на Бразил и Франција, Аргентина е единствена држава која успеала да ги освои трите најпрестижни натпреварувања: светско првенство, куп на конфедерации и златен медал на олимписките игри. Исто така четиринаесет пати го освоила американскиот куп, шест пати златен медал на панамериканските игри и освоила други бројни трофеи. Аргентиските фудбалери Алфрефо ди Стефано, Диего Марадона и Лионел Меси се сметани за едни од најдобрите фудбалери во историјата на светскиот фудбал.

Хуан Мануел Фанџо е петкратен светски шампион во Формула 1. Победил на 102 од 184 меѓународни трки и се смета за еден од најдобрите автомобилисти во историјата на овој спорт.

Кошаркарската репрезентација на Аргентина е освојувач на златни медали на светските кошаркарски првенства и на олимписките игри, како и на првенствата на Америка и на Панамериканските игри. Исто така тринаесет пати била шампион на Јужна Америка. Едни од најпознатите аргентиски кошаркари се Емануел Џинобили, Андрес Носиони и Луис Скола.

Некои од најголемите боксери се од Аргентина, меѓу нив се наоѓа Карлос Монзон, боксер кој многу луѓе го сметаат за најдобар боксер во историјата на спортот во средна категорија. Паскал Перес, Виктор Галиндез и Николино Лоче се членови на меѓународната куќа на славните.

Женската репрезентација на Аргентина во хокеј на трева, познати како лавици, е една од најуспешните во светот. Лусијана Ајмар е прогласена за најдобар играч во историјата на овој спорт, и е единствен играч кој успеал да ја освои наградата за најдобар светски играч на годината во овој спорт дури осум пати.

Поло е спорт во кој Аргентина е неприхосновен владетел. Од триесеттите години на дваесеттиот век па до ден денес ретко кога некој успеал да го победи репрезентацијата на Аргентина во овој спорт. Аргентинската лига е најважно и најквалитетно натпреварување во овој спорт. Поголемиот дел од најдобрите играчи во овој спорт се од Аргентина, меѓу кои е и Адолфо Камбијасо, кој се смета за најдобар играч во историјата на овој спорт.

  1. http://www.bartleby.com/151/ar.html
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име totalpop.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gini.
  4. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 25 March 2017.
  5. Дипломатски претставништва на Република Македонија во Јужна Америка mfa.gov.mk
  6. „Argentina - the horrors of a dictatorial past live on - Radio Netherlands Worldwide - English“. Архивирано од изворникот на 2006-09-10. Посетено на 2010-03-01.
  7. http://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Архивирано на 18 март 2009 г. Argentine Government
  8. La Nación / Islas Malvinas Online. „Haig: "Malvinas fue mi Waterloo". Посетено на 21 September 2006. (шпански)
  9. En Buenos Aires, la Junta comenzó a estudiar la posibilidad de ocupar las Islas Malvinas y Georgias antes de que los británicos pudieran reforzarlas
  10. BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news
  11. „Obituary: Captain Nicholas Barker | Independent, The (London) | Find Articles at BNET.com“. Архивирано од изворникот на 2008-03-08. Посетено на 2010-03-01.
  12. „high cost of cuts, The | Spectator, The | Find Articles at BNET.com“. Архивирано од изворникот на 2010-11-29. Посетено на 2010-03-01.
  13. Dileep Mehta and Hung-Gay Fung, International Bank Management. Blackwell Publishing, 2004, стр. 241-242.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]