Прејди на содржината

Салта (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Салта


Coat of Arms

Главен град Салта
Површина 155,488 km²
Население 1,079,051 (2001)
Густина 6.94/km²
Гувернер Хуан Мануел Уртубеј
Демоним Салтенец (Salteño)
ISO 3166-2 AR-A

Салта (шпански: Salta) е покраина на Аргентина сместена во севернозападниот дел на земјата. Се граничи со покраините Формоса, Чако, Сантјаго дел Естеро, Тукуман и Катамарка. Исто така се граничи и со покраината Хухуј. Не север се граничи со Боливија и Парагвај и на запад со Чиле.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]

Високите врвови на Андите како (Акај, Качи и Чањи) се наоѓаат во североисточниот дел и ги прават долините попознати како Quebrada del Toro, и долината Лерма. Оваа е една од понаселените области и тука се наоѓа главниот град Салта. климата тука се одликува со топли лета (просечно од 23 °C до 40 °C) и ладни зими во кои температурата паѓа до смтзнување.

На исток во околината на областа Гран Чако, климата е посубтропска и тука се наоѓа џунглата Јунгас во националниот парк Ел Реј.

Најголеми реки се Пилкомајо, Бермехо и Хураменто, која подоцна станува река Саладо. Покраината Салта е е сместена во многу трусно подрачје, каде има многу земјотреси, како катастрофалните од 1692 и 1948 година.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Земјоделството и дериватната индустрија се водечки во покраината. Најпознати култури кои се извезуваат се Тутун, шеќерна трска и винарството. Исто така многу се одгледува пченка, грашок, лимони, банана, и домати.

Колонијални градби во Салта

Салта е дом на голем број природни, културни и историски атракции.

Градот Салта е најважно туристичко одредиште и центар на сите збиднувања. најзначајни места за посета се многуте колонијални куќи и катедрали, археолошкиот музеј во кој има 3 замрзнати мумии од времето на царството на Инките, кои се најдени во вулканот на 6.700 м Лулаилако.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Салта е поделена на 23 департмани (шпански: departamentos).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]