Пилкомајо (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пилкомајо
Pillkumayu
Ysyry Araguay
река
Пилкомајо
Потекло на името: кечуански
Земја Аргентина, Боливија, Парагвај
Извор Анди
Protection status
Службен назив: Рио Пилкомајо
Прогласено:4 мај 1992
Број557[1]
Карта на басенот на Рио де ла Плата, каде е означена и реката Пилкомајо како се влива во реката Парагвај во близина на Асунсион.
Карта на басенот на Рио де ла Плата, каде е означена и реката Пилкомајо како се влива во реката Парагвај во близина на Асунсион.

Пилкомајо (шпански: Pilcomayo, кечуански: Pillkumayu или Pillku Mayu, pillku „црвена“, mayu „река“,[2] , гварански: Ysyry Araguay) е река во централна Јужна Америка. Со своите 1.100 километри,[3] Пилкомајо е најдолгата западна притока на реката Парагвај. При својот тек, реката се дели на двa дела, северен и јужен, кои понатака пак се спојуваат во долниот тек на реката.[3]

Пилкомајо извира во падините на Андите во департманот Оруро, источно ов езерото Попо во Боливија. Реката Качи Мају се смета за извориште на реката Пилкомајо.[4] Реката се вика Качи Мају се до спојот со реката Чилава, а понатака заедничното име им е Пилкомајо.[5][6] Од спојот на реките па понатака реката тече низ департманите Чукисака и Тариха во Боливија, па потоа продолжува во покраината Формоса во Аргентина и потоа преминува во Гран Чако со што се формира границата помеѓу Аргентина и Парагвај. Во близина на главниот град на Парагвај, Асунсион, реката Пилкомајо се влива во реката Парагвај.

Население[уреди | уреди извор]

Басенот на реката е дом на околу 1.5 милиони луѓе, од кои околу 1 милион во Боливија, 300.000 во Аргентина и 200.000 во Парагвај

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Rio Pilcomayo". Ramsar Sites Information Service. конс. 25 April 2018. 
  2. Teofilo Laime Ajacopa, Diccionario Bilingüe, Quechua-Castellano, Castellano Quechua, La Paz, 2007: mayu - s. Río. pillku - adj. Rojo (sínón.: Puka).
  3. 3,0 3,1 Varis, Olli; Tortajada, Cecilia; Biswas, Asit K. (2008). Management of Transboundary Rivers and Lakes. Springer. стр. 271. ISBN 978-3-540-74926-4. https://books.google.com/books?id=Z3ilzosWx4wC&pg=PA271. 
  4. Jorge Molina Carpio, Daniel Espinoza Romero, Balance hídrico superficial de la cuenca alta del río Pilcomayo, La Paz 2005 (Spanish)
  5. lib.utexas.edu Map showing Jach'a Juqhu River from the origin
  6. Santiago de Huari Municipality: Архивирано 2014-10-16 во Wayback Machine. population data and map showing Jach'a Juqhu River

Литература[уреди | уреди извор]

Координати: 25°21′S 57°40′W / 25.350° ЈГШ; 57.667° ЗГД / -25.350; -57.667