Тукуман (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тукуман
Bandera de la Provincia de Tucumán.svg

Escudo de la Provincia de Tucumán.svg
Coat of Arms

Главен град Сан Мигел де Тукуман
Површина 22,524 km²
Население 1,338,523 (2001)
Густина 59.42/km²
Гувернер Хозе Алперович
Демоним Tукуманец
ISO 3166-2 AR-T
Provincia de Tucumán, Argentina.png

Тукуман (шпански: Tucumán) е покраина во Аргентина, сместена во северозападниот дел на државата. Главен град е Сан Мигел де Тукуман,. Се граничи со покраините Салта, Сантјаго дел Естеро и Катамарка. Нагалено се нарекува El Jardín de la República („Градина на републиката“).


Географија[уреди | уреди извор]

Езерото Ла Ангостура
Црквата Виланугес
Типичен пејзаж во Тукуман

Тукуман е најмалата покраина во Аргентина по површина. Највисоката точка е Серо дел Болсон со 5.550 метри.

Таа има топла суптропска клима и обилни дождови во секој нејзин дел.

Најголема река е Сали. Тука се наоѓаат и неколку големи хидроцентрали како „Ел Кадилјал“. која е најважна за таа област, потоа „Ембласе Рио Ондо“ на реката Ондо, „Ла Ангостура“ на реката Рио де лос Соса и „Ескаба“ на реката Марапа.

Економија[уреди | уреди извор]

Економијата на покраината се темели на преработката и производството на шеќер, со насади од 2.300 км², со учество од 60% од производството на шеќер во земјата. Освен тоа тука се одгледува и лимонот (најголем произведувач во светот), јагода, киви, грав, пченка, луцерка и соја.

Присутни се и говедата и овците, но повеќе за домашна употреба.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Покраината има 17 департмани (departamentos).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 27°00′S, 65°30′W