Грав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Грав е едногодишно растение од фамилијата Fabaceae, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (лат. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).

Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.

Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Кај нас е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:

Извор[уреди]

Македонска Енциклопедија“. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 386. ISBN 978-608-203-023-4.