Македонска академија на науките и уметностите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонска академија на науките и уметностите
Лого на МАНУ
Macedonian Academy of Sciences and Arts (2).JPG
Зградата на академијата во Скопје
Кратенка МАНУ
Основана 23 февруари 1967
Цел Да го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите[1]
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Координати 41°59′47″ СГШ 21°26′30″ ИГД / 
Членство 46 академици, придружни, почесни и дописни членови
Службени јазици македонски
Претседател Владо Камбовски
Ген. секретар Владо Матевски
Припадност CEN, SEEA
Мреж. место manu.edu.mk

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Владо Камбовски.[2]

Членство[уреди | уреди извор]

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз - Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (1959).

Научни центри[уреди | уреди извор]

Македонската Академија има и пет научни центри:

Научни оддели[уреди | уреди извор]

Во рамките на МАНУ функционираат пет одделенија:

Претседатели на МАНУ[уреди | уреди извор]

Меѓународна соработка[уреди | уреди извор]

МАНУ е членка на CEN (Мрежата на академиите од централна и источна Европа) и SEEA (академии од југоисточна Европа). На редовна основа на заеднички научно-истражувачки проекти МАНУ соработува со: Европската академија на науките и уметностите, Друштвото на науките „Лајбниц“ од Берлин, Бугарската академија на науките и националните академии на науките на Украина, Русија, Полска, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Словенија, Косово и Турција[3].

Публикации и изданија[уреди | уреди извор]

МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик. Каталагот на изданијата на МАНУ ги опфаќа следниве позначајни наслови:

  • Макропроект „Историја на културата во Македонија“ (1995 - 2012), 25 книги: Цивилизациите, Религиите и религиските аспекти во материјалната и духовната култура, Народното творештво, Музиката, Архитектурата, Историја на идеите, Археолошки откритија, Театарот, Фотографијата, Ликовната уметност, Јазиците, Градителството на почвата на Македонија.
  • Проект „Економска стратегија на Р. Македонија“: Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија: развој и модернизација (1997); Стратегија за извоз на Република Македонија: истражувачки проект (1999); Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година (2001)
  • Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја (2003). Издание на оригиналниот текст во ракопис на Ѓорѓија Пулевски од 1892 година на 1061 страница, во подготовка на акад. Блаже Ристовски и Билјана Ристовска - Јосифовска
  • 100 години Илинден (1903-2003). II тома. (2005)
  • Димче Коцо. Археолошка карта на Република Македонија. III томови. (1994-2002)
  • Ѓорѓи Филиповски, Почвите на Република Македонија. VI томови. (1995-2004)
  • Кирил Мицевски, Владо Матевски. Флора на Република Македонија. II тома. (1985 - 2010)
  • Монетите и монетоковниците во Македонија (2001)
  • Интересите на Република Македонија за членство во НАТО (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот на Охридската архиепископија, студии (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот во Македонија: XVIII-XIX, студии (2011)
  • Славко Јаневски, И петто годишно време (2001)
  • Славко Јаневски, Измислена тврдина (2002)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 1: Галерија Универзум (2005)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 2: Разговори со Јаневски (2007)[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. МАНУ - „Академик“
  2. Владо Камбовски нов претседател на МАНУ“, Утрински Весник, 1 декември (конс. 1 декември 2011).
  3. (на македонски) Летопис на Македонската академија на науките и уметностите 2014. Скопје: МАНУ. 2015. стр. 243–250. 
  4. „Библиографија на делата на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014, стр. 133-136.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]