Гојко Суботиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гојко Суботиќ
Роден 11 август 1931
Босанска Градишка,  Кралство Југославија
Националност Србин
Занимање историчар на уметноста, академик, МАНУ.

Гојко Суботиќ (11 август 1931, Босанска Градишка, Босна и Херцеговина) — историчар на уметноста, академик, МАНУ.[1].

Научна активност[уреди | уреди извор]

Еден од најзначајните проучувачи на спомениците од средниот век и од периодот на турското владеење во Македонија. Речиси половина од неговиот опус е со тематика сврзана со живописот на византискиот стил во македонските споменици. Во делото Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век ги има анализирано сите сликарски ансамбли на македонски терен, како и во Бугарија и во Грција, за коишто мисли дека припаѓаат на Охридската школа од ⅩⅤ век, со што битно ги збогатува нашите сознанија за овој малку проучуван период на уметноста во Македонија. Книгата спаѓа меѓу најреферентните студии за овој период во светот.

Исто така, и книгата „Свети Константин и Елена во Охрид“ е прва и единствена монографија за овој значаен храм во охридскиот среден век. Се занимавал со проучување на живописот и архитектурата на повеќе храмови во Западна и во Северна Македонија. Имал објавено посебни студии за пештерната црква кај Радожда, [[Струшко, за црквата во с. [[Лескоец, [[Охридско, „Св. Никола Болнички “ во Охрид, за зографот „Константин и неговиот син Јован“ во параклисотСв. Јован Претеча “ во „Св. Софија “ во Охрид, за црквата „Сите Свети “ во с. Лешане, Охридско, натписите во „Св. Наум Охридски “, „Св. Ѓорѓи “ во Бањани, Скопско, манастиротБогородица Месонисиотиса“ и „Богородица Гавалиотиса “ во Воден, „Св. Ѓорѓи “ во Речица кај Охрид.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]