Зузана Тополињска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зузана Тополињска.jpg
Роден Zuzanna Topolińska
9 јануари 1931
Варшава, Полска
Националност Полјачка
Познат лингвист, македонист и славист
Занимање професор, лингвист, издавач

Зузана Тополињска (полски: Zuzanna Topolińska; р. 2 јануари 1931) — полски полонист, македонист, универзитетски професор и член на Македонската академија на науките и уметностите[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Академик Зузана Тополињска е родена на 2 јануари 1931 година во Варшава, Полска. Во 1944 година таа се отселила од Варшава и завршила средно образование во Келце во 1948 година. На Универзитетот во Лоѓ дипломира полска филологија, додека во 1964 година докторира на тема полско-поморски дијалекти. Покасно Тополињска станува редовен универзитетски професор. Покрај професорската професија, Тополињска работи со Полската академија на науките со кои издаваат трудови за полските и кашупските дијалекти. Во периодот од 1964 до 1968 година, Тополињска започнува да работи на студијата „Синтаксата на македонскиот стандарден јазик. Подоцна, во 1983 година ја објавува полската граматика[2].

Тополињска се преселува во Македонија каде во периодот од 1983 до 1999 работи како професор-гостин на Катедрата за славистика про Филолошкиот факултет во Скопје. Како редовен член на МАНУ е узбрана на 20 јуни 1996 година. Тополињска станува раководител на новооснованиот Истражувачки центар за ареална лингвистика при МАНУ. Акад. Тополињска е активен член на две Меѓународни комисии на Меѓународниот комитет на славистите (МКС): Комисија за Општословенски лингвистички атлас и Комисија за истражување на граматичките структури на словенските јазици. Во 1997 година таа е избрана за „doctor honoris causa“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје[3].

Публикации[уреди | уреди извор]

Меѓу останатите, Тополињска ги има објавено следните дела:

  • Атлас на кашупските и соседните полски дијалекти
  • A historical phonology of the Kashubian dialects of Polish, The Hague-Paris, 1974
  • Синтакса на македонскиот стандарден јазик
  • Studia Linguistica Polono-Meridianoslavica, списание
  • Меѓународни лингвистички атласи
  • Дијалектите на македонскиот јазик

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]