Киро Урдин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Киро Урдин.jpg
Роден 1945
Струмица, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање сликар
режисер


Киро Урдин (роден во 1945 во Струмица) е македонски сликар .

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Струмица, Македонија во 1945 година. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 Урдин работел како новинар, но подоцна тој студирал на Академијата за уметност во Париз, Франција. Од страна на “Академијата на филмот” во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на “Струшките вечери на поезијата”. Од 1984 година тој работел како слободен уметник во повеќе земји. Имал можност да твори во Франција, Сад, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини и Тајван.

Неговото име за првпат е запишано и на книгата афоризмиLe Dedoublement de la Personnalite”. Следува книгата “Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts” од издавачот Mayer. Ги илустрирал книгите на Jacques DelorsCombats pour l’Europe” и на Antoli KarpovMes plus belles victoires”.

Покрај сликарство и книгите, од работилница на Урдин излезени се и неколку краткометражни филма – “Уметноста на Киро Урдин”, “Те сакам, Ибан” и “Планетариум” во продукција на МРТВ.

Во 1997 година ја претставувал Република Македонија во Солун, културната престолнина на Европа.

Поважни датуми[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]