Сашко Кедев
Сашко Кедев | ||
Роден | 6 јули 1962 Штип, НР Македонија, ФНРЈ |
---|
Сашко Кедев ( 6 јули 1962, Штип) ― македонски политичар, кардиолог и доктор на медицински науки. Завршил средно образование во својот роден град. Член е на ВМРО-ДПМНЕ и доктор специјалист-кардиолог. Доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, интервентен кардиолог во САД. Добро знае англиски и италијански јазик. Живее во Скопје. Од 1991 до 1993 беше специјалист на клиниката во Бетезда, САД. Од 1999 до 2003 е директор на клиниката за кардиологија.
На 19 мај 2009 Сашко Кедев, се искачил на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.[1] Со тоа, тој стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот.
Како високогорски планинар ги има искачено врвовите Мон Блан (заедно со алпинистот Јован Попоски - Јове и алпинистот Надир Мурсели), Матерхорн, Вајсхорн и тн.
Исто така е првиот Македонец кој ги има искачено највисоките врвоти на сите седум континенти во светот.
Во планинскиот масив на Хималаите досега ги има искачено следните 12 планински врвови повисоки од 8 000 m н.в.:[2]
- Монт Еверест (8 848 m н.в.);
- Манаслу (8 163 m н.в.);
- Даулагири I (8 167 m н.в.);
- К2 (8 611 m н.в.);
- Броуд Пик (8 047 m н.в.);
- Анапурна I (8 091 m н.в.);
- Нанга Парбат (8 126 m н.в.);
- Чо Оју (8 188 m н.в.);
- Макалу (8 463 m н.в.);
- Лоце (8 516 m н.в.);
- Гашербрум II (8 035 m н.в.) на 22. Јули 2024 година.
- Шишапангма (8 027 m н.в.) на 4. Октомври 2024 година.
Сашко Кедев бил кандидат за претседател на претседателските избори кои се одржале во 2004 година, кога во вториот круг бил поразен од страна на Бранко Црвенковски. Од 2002 до 2006 година тој бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
Кедев е женет со Ганка Самоиловска, поранешен министер за култура.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сашко Кедев се искачи на Монт Еверест
- ↑ DEOSOL MEDIA (2023-04-26), Сашко Кедев 5/8000 - Македонска филхармонија 2022 / Sasko Kedev 5/800 Makedonska filharmonija 2022, Посетено на 2024-07-21
- ↑ [1][мртва врска]
|