Димитар Ефремов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Ефремов
Лични податоци
Роден(а) 26 декември 1960
Скопје
Националност Македонец
Установа Медицински факултет - Скопје

Димитар Ефремов (Скопје, 26 декември 1960) — македонски научник, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки од 2015 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Ефремов е роден во Скопје на 26 декември 1960 година. Во 1986 година дипломирал на Медицинскиот факултетот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде завршил и специ¬ја¬ли¬зација по интерна медицина. Струч¬ни усовршувања и студиски престои имал на Медицинскиот фа¬култет на Џорџија во Августа, САД, и во Ме¬ѓународниот центар за генетски инже¬неринг и биотехнологија во Трст, Италија, a во 1994 година се стекнал со звањето доктор на медицински науки на Медицинскиот факултет на Универ¬зитетот во Мастрихт, Холандија. Тој е светски познат научник од об¬лас¬тите на интерната медицина, хема¬то¬логијата и молекуларната медицина, а во моментот тој е Раководител на Одделот за молекуларна хематологија на Меѓународниот центар за генетско инженерство и биотехнологија во Рим, Италија.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во својата професионална кариера работел во Меѓународниот центар за генетско инженерство и биотехнологија во Рим и Трст, на Кли¬никата за хематологија при Медицинскиот факултет во Скопје, на Ме¬дицинскиот факултет на Џорџија во САД, Истражувачкиот центар за нови технологии во МАНУ. Член е на Комитетот на Европската хематолошка асоцијација за развој на хематолошки истражувања, на Советодавниот одбор за хематологија на AstraZeneca, на Експертскиот комитет на УНЕСКО за меѓународна соработка во Југоисточна Европа, на Комисијата за регистрација на лекови во Македонија, на Комисијата на МАНУ за подготовка на Национална стратегија за развој на здравствениот сектор во Македонија. Воедно, тој е член и на уредувачките одбори на 5 меѓу¬народни научни списанија и 5 професионални здруженија од Европа и Америка. Во рамките на својата научноистражувачка кариера остварува научна дејност на: национална хабилитација за вонреден професор по хематологија во Италија, вонреден професор по молекуларна биологија на Универзитетот во Нова Горица, Словенија, Професор е и ментор на док¬тор¬ски студии на ИЦГЕБ, Трст, Италија, насловен доцент по интерна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје, предавач и ментор на интердисциплинарните постдипломски студии за молекуларна биологија и генетско инженерство на УКИМ, Скопје, асистент по интерна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје. Раководел со 8 истражувачки про¬екти и остварил 13 најзначајни научни и професионални достигнувања, како и голем придонес во развојот на научната и здравствената дејност во Македонија преку воведување на повеќе нови методологии, дијагностики, формирање на првата лабораторија за молекуларна дијагностика и из¬ве¬дување на првите трансплантации на коскена срцевина. Неговите бројни научни достигнувања се издадени во најпоз¬натите светски списанија од подрачјето на хематологијата и молекулар¬ната медицина. Објавил повеќе од 100 трудови во научни списанија и презентирал над 200 апстракти на конгреси, со вкупен импакт фактор од над 680. Со над 3000 цитати и х-индекс 29 се вбројува во редот на најцитираните научници со потекло од Република Македонија. На овој начин тој ја афирмирал и медицината од Република Македонија, од каде што потекнува. Со бројни учества во стручни здруженија и предавања во нив тој континуирано ја афирмира македонската наука. Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „д-р Димитар Ефремов“. МАНУ. Посетено на 11 февруари 2022.