Киро З’мбов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Киро З’мбов
Роден 31 јануари 1931
Кочани
Починал 6 септември 2009
?
Националност Македонец
Занимање физичар, академик

Киро З’мбов (Кочани, 31 јануари 1931 - (?, 6 септември 2009) – нуклеарен физичар, член на МАНУ надвор од работниот состав од 1988 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

З’мбов бил научен советник на Институтот за нуклеарни науки во Винча, Белград. Докторирал во 1963 година на Природно-математичкиот факултет во Белград. Престојувал на постдокторска специјализација на Универзитетот Рајс во Хјустон, САД (1965–1967). Работел како гостин-научник во Центарот за нуклеарни истражувања во Јилих, Германија (1973–1975) и во Јапонскиот институт за атомски истражувања (ЈАЕРИ) во Токаи (1990). Научноистражувачката активност му е насочена кон реактивноста и структурата на неорганските молекули. Посебно се опфатени областите: кинетика на хемиски реакции со примена на стабилни изотопи како обележувачи; интеракција на неутрални честички (атоми и молекули) со усвитени метални површини; јонизација и дисоцијација на молекули при судир со електронски снопови, како и развивање на нови методи за изотопска анализа на ураниумот. Најзначајните резултати му се во подрачјето на масеноспектрометриското испитување на хемиски процеси на високи температури. За таа цел, во неговата група во Винча е конструиран специјален масен спектрометар со високотемпературен реактор и јонски извор со монохроматизиран електронски сноп.

Трудовите му биле цитирани околу 730 пати. Имал богата соработка со центрите за нуклеарни истражувања во Јилих и во Карлсруе, со Националниот институт за стандарди и технологија во Вашингтон и со Државниот универзитет „Ломоносов“ во Москва. Бил претседател на Југословенското друштво за масена спектрометрија и член на Научниот совет на Меѓународното друштво за масена спектрометрија. Бил и директор на Лабораторијата за физичка хемија во Винча.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 574. ISBN 978-608-203-023-4.