Милутин Гарашанин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милутин Гарашанин
Роден 11 септември 1920
Белград, Кралство СХС
Починал 4 април 2002
Белград, Србија
Националност Србин
Занимање археолог, универзитетски професор, академик

Милутин Гарашанин (Белград, 11 септември 1920 - (Белград, 6 септември 1999) – академик, професор по археологија, член на МАНУ надвор од работниот состав (мај 2000) [1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Гарашанин студии завршил во 1946 годинана групата за Класична филологија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана во 1950 година. Работел во Музејот на град Белград и во Народниот музеј во Белград (1945-1946). Од 1950 година бил соработник на Археолошкиот институт, во 1957 година бил избран за вонреден, а во 1963 година за редовен професор на Филозофскиот факултет. Дописен член на САНУ станал во 1963 година, редовен во 1976 година, а во два мандата бил избран за нејзин секретар. Бил дописен член на АНУБиХ и постојан член на Центарот за балканолошки истражувања при Академијата во Сараево. Во мај 2000 година бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав. Членувал во разни тела на научни институции и организации во земјата и во странство (Археолошки институти во Германија, Австрија и Италија). За почесен член на МАНД е избран во 1981 година. Раководел редица археолошки истражувања во Србија и во Македонија. Во неговиот научен опус посебно место зазема проучувањето и презентацијата на археолошкото минато на Македонија, на кое му посветил речиси половина од својот работен век. Од 1956 до1981 година ги раководел истражувањата на повеќе праисториски наоѓалишта: Криви Дол во с. Радање и Вршник кај с. Таринци, Штипско; Шуплевец во с. Суводол, Битолско; Барутница кај с. Анзабегово во Овче Поле; Слатина кај с. Зелениково, Скопско. Врз основа на откриените резултати тој го определил хронолошкиот и културниот карактер на праисторијата на Македонија, а го поставил и нејзиното место во културната еволуција на праисторијата на Балканот. Од посебно значење е воведувањето на културните групи, кои претставуваат синоними за карактерот на одделни праисториски периоди: Анзабегово - Вршник, културна група за постариот неолит; Зелениково II - културна група за доцниот неолит; Шуплевец - Бакарно Гумно, културна група за енеолитското време. Според наодите од Радање тој ја предложил и временската поделба на железното време. Исто така ги раководел и ископувањата на наоѓалишта од римското време: Крст во с. Таринци и Скупи кај Скопје. Во својство на стручен консултант или рецензент помагал во развојот на археолошката истражувачка работа и изложбена дејност на Музеите во Штип и во Битола, Музејот на град Скопје и Музејот на Македонија. Објавил повеќе од 370 труда.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Hronologija Vinčanske grupe, Ljubljana, 1951;
  • Neolithicum und Bronzezeit in Serbien und Makedonien, BRGK, 39, 1958, 1-30;
  • Contributions à la chronologie de l’ âge du fer en Macedoine, @A, X, 1-2, Skopje, 1960, 173-182.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 336. ISBN 978-608-203-023-4.