Џејмс Вајсман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џејмс Вајсман
James Wiseman
Роден 29 август 1934
Норт Литл Рок
Националност Американец
Занимање археолог, академик

Џејмс Вајсман (Норт Литл Рок, 29 август 1934 – американски археолог, универзитетски професор, надворешен член на МАНУ (од 2003).[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Вајсман дипломирал на Универзитетот во Мисури во 1957 година, а потоа завршил класични студии во Американската школа во Атина (1959-1960). Магистрирал во1960 и докторирал во 1966 година на Универзитетот во Чикаго. Неговите професионални интереси биле насочени кон проучување на односот меѓу Римјаните и автохтоното население, трговијата и економијата во римскиот период и градовите и населените места во антиката и во доцноантичкиот период во источниот дел на Средоземјето. Предавал на универзитетите во Остин (Тексас), Колорадо, Бостон и во Американската школа за класични студии во Атина. Раководел со археолошки истражувања во Македонија (Стоби), Грција (Елис, Коринт, Никополис) и во Шпанија (Менорка). Од 1970 до 1981 година бил кораководител на археолошките ископувања во Стоби и уредник напубликацијата Студии за старините во Стоби I-III (Studies in the Antiquities of Stobi), а во 1979 година, во негова организација, на Универзитетот во Бостон е одржан симпозиум посветен на истражувањата на овој антички град. Тој бил основач и главен уредник на списанието Journal of Field Archaelogs (19741985), а покрај големиот број општествени дејности бил и потпретседател (1981‡1984) и претседател (1985-1988) на Археолошкиот институт на САД, каде што во 1993 година бил избран за почесен претседател. За надворешен член на МАНУ бил избран во 2003 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Studies in the Antiquities of Stobi, I-III, Beograd-Titov Veles, 1973-1981 (уредник);
  • The Land of the Ancient Corinthians. Studies in Mediterranean Archaeology, 50, Goteborg, 1978;
  • Landscape Archaeology in Southern Epirus, Greece, I, Hesperia Supplement, 32, Athens, 2003 (уредник).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 235. ISBN 978-608-203-023-4.