Професор
Изглед
Професор е личност која изведува, односно се занимава со предавање одреден предмет во средно училиште, факултет или некаква академија. Најчесто, професорот е човек со завршен факултет и положен стручен испит. Факултетските професори мора да имаат завршено магистратура и докторат и да бидат избрани во научно звање.
Во Република Македонија постојат неколку научни звања: асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор. Нивниот избор во исто или во повисоко звање се одвива на секои пет години.[1][2]
Постои и титула „емеритус“ (Emeritus), којашто се дава на пензионирани професори, кои и понатаму остваруваат значајни достигнувања од одредена научна област.
Професорите како мотив во уметноста и популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Историја на природата“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
- „Последица“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[4]
- „Помиреност“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[5]
- „Несреќна љубов“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[6]
- „Поинакви односи“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.[7]
- „Стариот професор“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПРАВИЛНИК ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО - НАУЧНО, НАСТАВНО-СТРУЧНО ЗВАЊЕ И СОРАБОТНИЦИ“ (PDF).
- ↑ „ЗАКОН ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА ДЕЈНОСТ“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-10-05.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 95-96.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 143-144.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 125-126.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 100.
- ↑ Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 7-14.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 347-348.